8ми Март (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Дружби, случувања



Порака


caci20 -> 8ми Март (18.2.2010 15:25:10)

Што правите вообичаено за 8ми Март? Што поклонувате и кому?
Што добивате и од кого? Тие што сте на работа ви купува ли фирмата по нешто?




profesorica -> RE: 8ми Март (18.2.2010 15:27:58)

од школите добивам поклонче обетки или некоја колекција од авон а од фирматапа тазе сум сега ќе видиме дали ќе има нешто.минатат фирма кај што работев не носеа на ручек [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




caci20 -> RE: 8ми Март (18.2.2010 15:30:05)

Нас порано фирмата ни даваше слободен ден, сега ништо. Од лани ни едно цветче. Од мм добивам цвеќе, од моите парички за да си купам што сакам, исто и од свекор ми и свекрвата. Од брат ми и снаат по некое украсче




mami -> RE: 8ми Март (18.2.2010 15:31:12)

Од фирма добив преубав букет  лани, а од никој друг ништо..не се ни замарам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




ripce -> RE: 8ми Март (18.2.2010 15:33:18)

Јас не го славам овој празник, ама на другите подарувам која како заслужила [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




mami -> RE: 8ми Март (18.2.2010 15:36:45)

На мама цвеќе или парфем, порано и за тетките купував ама веќе не...а на свеки и е роденден дента па ке и купиме фен така решивме :)




jovanka -> RE: 8ми Март (18.2.2010 15:37:44)

Se izgubi vistinskoto znacenje na praznikot.Ovoj praznik e asocijacija na pokloni koj sto dobil i koj na kogo ke mu podari ili zeni koi samo togas izleguvaat vo kafana restoran i neznaat sto gluposti da napravat da se razbereme ima i isklucoci.




profesorica -> RE: 8ми Март (18.2.2010 15:39:01)

на сите жени у фамилија (мама, свекрва, тетки и баби на мм) секогаш различно или по некоја шамија или цвеќе саксиско им зимаме. а и они мене обавезно ми зимаат поклонче

од мм секогаш нешто облека, книга или накит[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




mami -> RE: 8ми Март (18.2.2010 15:39:51)

леле мм ми кажуваше дека во фирмата кај што работеше порано имало жени кои со душа чекале да дојде 8 март за да излезат сами...тоа е жално..се надевам нема да станам таква




pacuvce -> RE: 8ми Март (18.2.2010 15:44:02)

Уф колку го мразам овој празник...Толку глупаво се чувствувам,како овци на пасење да не носат,па ајде на ручек...Од директорите секоја година добиваме саксиско цвеќе и ручек во кафана,од останатите колеги по нешто симболично колекција или по некој украс...Бидејќи имам две сестри меѓу нас се имаме договорено да не си даваме ништо,затоа што поглупава работа од тоа нема,а на свекрва ми нешто симболично,најчесто од Орифлејм или Авон,што ќе ми се допадне...Јас од неа секогаш добивам пари да си купам што сакам,а од маж ми што сакам,само го носам и ќе ми купи...Сепак ќе кажам-МРАЗАМ 8 Март...




vezilka RR -> RE: 8ми Март (18.2.2010 16:26:56)

  Во 1907 година Клара Цеткин во рамките на Втората Интернационала ја организираше Првата конференција на жени социјал демократки. На наредната меѓународна конференција на жените во 1910 во Копенхаген повторно на иницијатива на Клара Цеткин беше одлучено 8ми март да се прогласи за Ден на меѓународна солидарност на жените, во чест на жените, работничките од една фабрика во Германија кои протестирајќи за крајно лошите услови за работа и ниските плати се самоубиле. Историски гледано овој ден некое време и се прославувал преку протести за подобар статус на жените во општеството. Денес од тоа не е останато ништо. Денес жените го прославуваат во кафана. Според мене тоа е навреда на самиот празник и неговото значење и затоа јас не подарувам, ниту сакам некој да ми подарува нешто на овој празник. Еве како лани го одбележавме празникот:
http://www.nenasednuvam.org/
За годинава ќе видиме :)




Enika -> RE: 8ми Март (18.2.2010 17:58:13)

Со оглед на тоа дека ден пред тоа и е на мајка ми роденден...домашните и купуваме еден поклон сите..и цвеке...како помала и цртав честитка...или ке собирав пари за цвеке...сеа сите зедно.. идеме на ручек...за роденденот не толку за празникот..јас не славам...честитам на баба ми, вујна ми...не се од Ск па не ги гледам...и на останати блиски ама не сум поклонила одамна...веке некако ми е излитен.Жена треба да се почитува секој ден..а не еден ден во годината!!! Исто како и Валентајн...секој ден е убав и за љубов и за почит и за подарување.




mis. -> RE: 8ми Март (18.2.2010 18:03:49)

Купувам подароци на двете комшивки кои ми се десна рака во животот.Купував подарок за мајка ми и снаа ми но бидејќи мајка ми повеќе ја нема ќе купам некое поклонче за снаа ми а за гробишта некоја пластична екибана.Порано купував и за јатрва ми но дека таа не ми купува ништо престанав и јас да и купувам.Мм обично ми вика оди куписи нешто за празникот освен лани што ме изненади со цвеќе.Лани син ми ми го подари најубавиот подарок честитка направено од него во градинка.не одам никаде за празникот бидејќи го сметам како собиралиште на жени кои цело време биле врзани и сега се пуштени да се издуваат.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




natasha -> RE: 8ми Март (19.2.2010 8:40:00)

podaruvam na majka mi i svekrva mi,a za vozvrat ne sakam nisto,bidejki ne ja obozavam prikaznata:nati go-daj mi go!!!!Sepak i ima i dr denovi vo godinata ako sakas na nekoj da mu podaris nesto




tereza -> RE: 8ми Март (19.2.2010 9:44:06)

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka

Во 1907 година Клара Цеткин во рамките на Втората Интернационала ја организираше Првата конференција на жени социјал демократки. На наредната меѓународна конференција на жените во 1910 во Копенхаген повторно на иницијатива на Клара Цеткин беше одлучено 8ми март да се прогласи за Ден на меѓународна солидарност на жените, во чест на жените, работничките од една фабрика во Германија кои протестирајќи за крајно лошите услови за работа и ниските плати се самоубиле. Историски гледано овој ден некое време и се прославувал преку протести за подобар статус на жените во општеството. Денес од тоа не е останато ништо. Денес жените го прославуваат во кафана. Според мене тоа е навреда на самиот празник и неговото значење и затоа јас не подарувам, ниту сакам некој да ми подарува нешто на овој празник.


потпис!!! Ако нешто најмногу е излитено тоа е славење на 8ми март по кафани,и трошење пари на подароци сосема непотребно...Значењето на овој ден е целосно изгубено.И јас не подарувам ништо на овој ден и многу повеќе ги сакам родендените и слични поводи (или не мора да има повод за подарок) 




BILJANA_G -> RE: 8ми Март (19.2.2010 13:41:32)

Od mm sekako deka dobivam poklon sekogas ralicno bilo toa da e nekoj parfem,nekoe aliste ,buket.Nemora da e nekoj praznik sekogas me iznenaduva so nesto.Isto si razmenuvame pokloni so majka mi,svekrva mi,sestra mi, i so jatrvata.Mm obavezno kupuva na site vraboteni po nesto.A na site tetki,strini,babi obavezno po edna ruza.




zami -> RE: 8ми Март (19.2.2010 14:57:43)

8 mart, e za ucitelkite vo gradinka i skolo.
Za niv obavezno treba da se kupi nesto i toa dobro smisleno.

Licno od nikogo nisto ne ocekuvam, niti planiram da kupuvam.
Samo za majka mi i svekrvami i toa nesto simbolicno cveke mozda.




Adrijana -> RE: 8ми Март (19.2.2010 15:04:58)

Lani za 8mi Mart na sveki i na mama im poklonivme edna mnooogu ubava vest, im kazavme deka sum trudna, a ovaa godina vnuka im moze da im pokloni po nekoe cvekence[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image].




zami -> RE: 8ми Март (19.2.2010 15:16:11)

Da be sega mi tekna, pa sin mi bidejki za nova godina bese vreden i na site im nacrta cestitki i sega ke go vrabotam da crta cestitki za 8 mart, za babite, tetkite, ucitelkite.

Ej super ke si imame ekstra zanimacija denovive.

Ih kako mi tekna aaaaa[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




profesorica -> RE: 8ми Март (1.3.2010 9:50:50)

ние спремивме поклони за тетките и бабите на мм,а за свеки и мама

имено тетка на мм од Прилеп беше на гости минатата недела и дојде со еден каталог од Зиаја-полска козметика па од таму испонарачавме. а бидејќи на свекрва ми и е роденден на 6ти март таа си доби поприлично поклончиња.

а и јас си нарачав од таму мм ми рече за 8ми март зимај што ти душа сака.

па си земав перли, четка, острилка за моливчиња[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image], сенки, млеко за тело(за туширање од козјо млеко), крема за раце...и уште нешто имаше ама не ми текнува сега[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




Mila na mama -> RE: 8ми Март (1.3.2010 9:52:35)

Путер за усни и тело од Зиаја е убаво јас земав 2 сјај за усни и руменило. Не се нешто квалитет ама се ефтинки како за декоратива ќе пројдат.




caci20 -> RE: 8ми Март (1.3.2010 9:54:10)

Gi ima vo Beauty shop vo GTC, jas si zemav molivce za oci samoostrecko a od druga strana so cetkicka i e odlicno.




mother 29 -> RE: 8ми Март (1.3.2010 9:57:30)

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

а бидејќи на свекрва ми и е роденден на 6ти март таа си доби поприлично поклончиња.



и мојата свеки е на 6 март родена хехех




profesorica -> RE: 8ми Март (1.3.2010 10:11:10)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

а бидејќи на свекрва ми и е роденден на 6ти март таа си доби поприлично поклончиња.



и мојата свеки е на 6 март родена хехех



аман колку луѓе се родени на 6ти март.имам еден ученик на 6ти март а и колегава тука до мене[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Natasha5 -> RE: 8ми Март (1.3.2010 10:43:54)

8 ми Март воопшто не го сакам овој празник а и не го славам.Зарем некому да подариме нешто треба да чекаме до 8 ми Март??Или кога станува збор за нашите сакани треба почесто да ни подаруваат нешто не само за 8 ми Март,зарем не сме го заслужиле тоа??




Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>