RE: песнички и броенки (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Игри, броенки, песнички



Порака


nadica -> RE: песнички и броенки (11.8.2009 13:50:44)

peperutka leta leta
na raka mi sleta
jas i velam mila
daj mi mene krila
sekade da letam
po celiot svet
let let let




nadica -> RE: песнички и броенки (11.8.2009 13:54:51)

frlaj, frlaj visoko
siri, siri siroko
so dlancinjata:ples ples
so nodzinjata:tres tres




nadica -> RE: песнички и броенки (11.8.2009 14:04:54)

CISTO DETE
sekoj den ja slusam mama
nikogas ne placam
kako mnogu losi deca
mama ne ja macam

cista voda za kapenje
i sapunce ljubam
sakam da sum cisto dete
izmien i ubav

necistotata i prasinata
od srce gi mrazam
oblekata si ja cuvam
i dobro ja pazam




mami -> RE: песнички и броенки (11.8.2009 14:10:19)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]колку убави песнички, баш да си го збогатам репертоарот почнаа да ми снемуваат песнички за смирување




profesorica -> RE: песнички и броенки (14.9.2009 11:23:17)

Едеб бумбар мал и зол,
в ливада ми боцнал вол,
брмчел долго в ширем лет,
најсилен сум јас на свет.

Бумбарот фалбаџија,
ко да пивнал ракија,
невидел тој самурај,
дека му се ближи крај.



Две рачички со 10 прсти имам деца јас,
еве ги горе,еве ги доле,опа цуп на раменца.

Риге ринге раја...





profesorica -> RE: песнички и броенки (16.9.2009 13:15:53)

Коп коп коп коп коп
копам леичка
Коп коп коп коп коп
сеам тревичка.

Едно две едно две
ќе посеам се
ќе посеам праз и кромит
салата и лук,
морков пипер шаргарепа
разен зеленчук.

Едно две едно две
ќе посеам се,
ќе посам лале, зумбул, невен
секој цвет,
цвеќе мило што го краси
овој убав свет.




Палешка РР -> RE: песнички и броенки (19.9.2009 8:03:35)

Дедо седи на грутка
и си плети јакуцка
зошто ти е јакуцка
ќе си берам желади
зошто ти се желади
ќе си ранам прасиња
зошто ти се прасиња
ќе ми идат сватови
зошто ти се сватови
ќе ми носат невеста
зошто ти е невеста
ќе ми роди дете
зошто ти е дете
дете ќе ми вика

Тато пато
скриј се во грнците
ене ги Турците
ќе ти ги земат парите

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Палешка РР -> RE: песнички и броенки (19.9.2009 8:29:18)

Цуцул паси говеда
покрај река Ситница
поминала лисица
добро утро цуцуле
дал Бог добро лисицо
што е врева во село
Комарец се женеше
за мушичка девојка
петел дрва цепеше
кокошка ги редеше
петелот и велеше

Ој кокошке мендушке
убо реди ги дрвата
да не ти ги скршам ребрата

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Палешка РР -> RE: песнички и броенки (19.9.2009 8:31:12)

Чангар чангар кочија
сите моми на вода
една мома остана
да ги пржи рибите
Трајко метеше
кандилото светеше
мачката вресна
кадијата тресна

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]





Палешка РР -> RE: песнички и броенки (19.9.2009 8:32:56)

Еден глушец, глушец ушец
гризи гребе мрда уши,

Еден глушец, глушец ушец
сака денес ѕид да руши.

Тој од ништо нема страв,
ни од тигар ни од лав
само нема нема здив
штом го збрка мачор сив.

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




Палешка РР -> RE: песнички и броенки (19.9.2009 8:34:57)

Изутрина штом си стана
на бунарот брза Дана
вади вода и се мие
уши лице таа трие

Гнасотија ич не трпи
еве втора кофа црпи
знае Дана мома мила
чистотата дава сила

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/sloncek.gif[/image]





Палешка РР -> RE: песнички и броенки (19.9.2009 8:37:50)

Топчето ми падна
Калина го грабна
дај ми го Калино
не ти го давам
ќе го продадам
за два гроша
Калина е лоша

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Палешка РР -> RE: песнички и броенки (19.9.2009 8:41:30)

Го пратиле зајко
на стража по ред
пиштол нов му дале
и фишеци пет

На скришното место
под стариот бор
се заколнал зајко
со зајачки збор

Штом ќе видам куче
или ловец смел
в чело ќе му стрелнам
еден куршум врел

Но во ноќта глува
слушна зајко ав, ав, ав
пиштолот го фрли
и избега од страв

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




Палешка РР -> RE: песнички и броенки (19.9.2009 8:42:48)

Страчка каша варела од јачмен и просо
а ќосот покрај огнот си го чепкал носот
како ми се чини овој глупав ќос
никогаш не видел шамивче за нос

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Палешка РР -> RE: песнички и броенки (19.9.2009 8:47:49)

Зајче бајче што си солен
случајно да не си болен
Немам дете што да јадам
за морковче и зелка страдам
Настинат сум одам бос
па ми тече везден нос
не плачи бе зајче бајче
ќе ти сварам топло чајче
ќе те чувам цела зима
а на пролет жив и здрав
од ништо ќе немаш страв

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Палешка РР -> RE: песнички и броенки (19.9.2009 8:53:43)

Низ двор шета бабичка
зад грб метла крие
шарениот мачор
сака да го бие

Пис мачору бесрамен
каков е тој ред
имав осум рипчиња
а сега се пет

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/muca.gif[/image]




profesorica -> RE: песнички и броенки (19.9.2009 10:22:21)



докторе докторе кажи ми што треба да направам
глава жешка, грло боли
пиев топло чајче
но залудно е сеееееее

само докторе немој инекција
дај дај дај ми некој лек
немој докторе каква инфекција
не држи ме на штрееееек  

Прваче

Брзај, брзај прваче
кон школскиот двор,
те сека учителка
со мајчински збор.

Букви, сказни, песнички
на секој нов час
ќе ти кажува таа
со милослив глас!    

Есен

Лисја златни
ветрец рони
Дождец врне
ситно ѕвони

Молчи птица
крај два бора,
а по поле
трактор ора.

Бразди, бразди,
песни пее,
сејачката семе сее
и просторот мал е - тесен,
дошла есен,
златна есен!!!!  

ОРО

Весели деца,
од сите страни на светот
еднаш се збрале,
раце си дале,
развиле оро - вито.

Орото било
шарено, китно
црвено, жолто
црно и бело
орото личело
на венче цело.

Играле така
ечела песна в шир,
децата мали
од сите страни на светот
пееле песни за МИР!




nadica -> RE: песнички и броенки (20.9.2009 1:19:10)

ај создравје!
ај создравје ластовички летокрили
чукна еве заден час
ај создравје мили мои
на далечен топол пат.
чтом ќе дојде пролет мила
и орачот спрегне плуг
со вашите леки крила
дојдете на југ




kiki_riki -> RE: песнички и броенки (20.9.2009 17:12:00)

nie si igrame so prstinjata i kazuvame:
Prvoto se vika palce, najdebelo e i vika JAS SUM GLADEN,
vtoroto e pokazalce i vika I JAS,
tretoto Dolgiot dime vika a sto ce jademe,
cetvrtoto vika ce krdeme pa ce jademe,
a najmaloto: jas ce kazam:
i site mu vikaat CUCI MUCI TODORE NE PORASNI POGORE i zatoa toa ostanalo najmalo




STRUMFETA -> RE: песнички и броенки (21.9.2009 0:29:21)

Op cup poskocicu,
drugu curu poljubicu,
Op cup poskocicu,
drugu curu poljubicu
drugu curu ljubim znaj
BAS ME BRIGA XAJ,XAJ,
[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley32.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley32.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley32.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley32.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley32.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley32.gif[/image]




Matej i Eli -> RE: песнички и броенки (22.9.2009 17:13:36)

Еве ги омилените песнички на Матеј [sm=smiley9.gif]

Штрку, штрку шарен мил
кажи, кажи кај си бил
кажи какво време има
кај што беше цела зима

На југ, на југ деца мили
кај што студот нема сили
кај сто толо сонце грее
и никогас снег не вее


Мецо, мецо дебела
каде беше в недела?
Јас си бев дечиња
да си ранам мечиња

Мецо, мецо дебела
што им даде за вечера?
Јас им дадов дечиња
медени колачиња [sm=smiley20.gif]




delfinka -> RE: песнички и броенки (22.9.2009 22:57:16)

ne ve procitav site i ako se povtoruvam prostete
eve del od repertoarot sto mu go peev na vnuceto
zela sito mecana brasno ke mi see
sekoj sto ja zdogledal od srce i se smeel
nemoj rekledecata nemoj da si tazna
nie ti se smeeme sto se pravis vazna

maliot stefan(taka se vika vnuceto)sedi i place zosto ne go igraat drugarcinjata
stani stefan izbrisigi solzite pogledni vo sonceto i nasmevni se

nani nani bebe,vo sareno kebe
golemo da porsnes,ubavo da bides.........

ide maca pored tebe pazi da ne te ugrebe
cuvaj maco rep da ne budes slep........

i uste mnogu drugiiii




barbi -> RE: песнички и броенки (27.9.2009 19:52:31)

Eve i od mene edna interesna pes. Pate pate paticinja sopletimi corapcinja da ne odam bosa ce me kasne osa!




ripce -> RE: песнички и броенки (25.10.2009 1:33:49)

Брм, брм пчеличке
каде одиш сестичке
Од цвет на цвет в недоглед
за дечиња збирам мед            x2

Брм, брм пчеличке
каде одиш сестичке
Од крај на крај до бескрај
дур ме гали сончев сјај          x2







mis. -> RE: песнички и броенки (22.12.2009 11:09:35)

ИЗВОРНА ПОРАКА: BEBICA

Ova e edna pesnicka za site nasi preubavi decinja.

http://www.youtube.com/watch?v=B9XmWlvDlxA&feature=response_watch








Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4   Следна страница >   >>