RE: песнички и броенки (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Игри, броенки, песнички



Порака


nadica -> RE: песнички и броенки (2.11.2010 10:03:11)

оваа ни е од вчера:

Малата Надица
седе и плаче
зошто не ја играат
другарките.
Стани Надице
избриши ги солзите
погледни во сонцето
и насмевни се.




Јасминка -> RE: песнички и броенки (27.2.2011 17:21:11)

Дали ги знаете нотите од некои детски песнички?




Pepelaska * -> RE: песнички и броенки (27.2.2011 18:21:03)

Ние си пееме :

Никна цвеќе в градина
густа шума падина
треви сочни зелени
пасат срни елени,
поток буен станува
силни далги бранува
славеј весел долта
сегде стаса пролетта.

Оваа мене ми ја пееле како мала па сега јас, пееме и
тапшин тапшин танана во свилена марама
во марама шечера за Мартин вечера.


и сите детски од нашето детство ама Тина татина ни е омилена [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Felly RR -> RE: песнички и броенки (23.11.2013 13:56:35)


ИЗВОРНА ПОРАКА: nadica

оваа ни е од вчера:

Малата Надица
седе и плаче
зошто не ја играат
другарките.
Стани Надице
избриши ги солзите
погледни во сонцето
и насмевни се.

Матеа оваа од градинка ја знае, јас не сум ја знаела. А многу ми се интересни и другите песнички т.е. стихотворби што ги учат.

Улица

Јас сум деца улица,
патот ми е брат.
Тој води далеку,
а јас само в град.

Тротоари имам,
за да одите вие
на улица
од возила врие.





sandriana RR -> RE: песнички и броенки (23.11.2013 14:56:10)

Од градинка:

Сапунче, сапунче
бели пени правиш,
да сме сите чисти, румени и здрави.
Огледалце мало ќе ни каже право
кому треба мама
да му каже Браво!

Јаболче црвено,
ти што си горе,
симни се подолу - те моли Боре.
Јаболче црвено, зар не ти е жал,
јас би те скинал, но уште сум мал.

Останатите песнички од градинка ги кажува во скратена форма, па не знам да Ви ги пренесам тука [sm=smiley1.gif]




Defne90 RR -> RE: песнички и броенки (9.4.2014 1:20:45)

Еве една и од мене,секогаш М му ја кажува на А и го забавува,ептен им е омилена.[sm=smiley1.gif]

Смок свири на врба,
збирајте се врапчиња,
едно врапче немаше,
мајка му го тражеше.
Трај,трај врапченце,
ќе оженим кака ти,
ќе ти купим ципели,
дека стапнеш,там да пукне.[sm=smiley1.gif]




caciana -> RE: песнички и броенки (1.12.2014 21:12:54)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90

Еве една и од мене,секогаш М му ја кажува на А и го забавува,ептен им е омилена.[sm=smiley1.gif]

Смок свири на врба,
збирајте се врапчиња,
едно врапче немаше,
мајка му го тражеше.
Трај,трај врапченце,
ќе оженим кака ти,
ќе ти купим ципели,
дека стапнеш,там да пукне.[sm=smiley1.gif]


haha lele ovaa pesna mi bese omilena kako mala[sm=bravo.gif]

Eve i od mene
Limon
Ako mozes namini na svezi vitamini
od soncevi padini limonovi gradini,
I zdravje i ponada vo casa limonada. [sm=bravo.gif] ( Ovaa ja znam od Kasni Porasni)

Sarko lapco , kakva slava kakva cest
Sarko pratl vakva vest : Ajde Kire Ane Marko
na rodenden ve kani Sarko.
Se sobrale mnogu deca Ane Kire Boro Ceca
ne gi sobral dvorot,
a tortata za ziv sram ja izlapal Sarko sam [sm=jezicek.gif][sm=bravo.gif][sm=jezicek.gif]




AneLav RR -> RE: песнички и броенки (25.3.2015 12:44:49)

Оваа е од моето детство:
Ој мецано дебела
Каде беше в недела
Каде одиш секој ден
Така здрава како дрен

Јас си одам в планина
И си збирам сланина
Од студ голем силен мраз
Морам да се пазам јас

Кажи мецо што јадеш
И од што се дебелиш

Јадам круши јаболки
Мед и зрели јаготки




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 [4]