MamaMonika -> RE: Антифосфолипиден синдром (8.2.2018 10:58:58)
|
Драги дами, ве читам со години, но не знам ни како се пишува порака :) затоа и пишувам како одговор на Меланија. Многу се израдував за Зола дека се гушка со бебчето. Се израдував за неа а и мене ми даде надеж. По спонтаниот абортус на 8ма недела ми ги направија испитувањата на трансфузиологија и јас испадна дека имам лупус антикоагулант позитивен, афа гранично висок (1-20 кај мене 16). За две недели треба да одам да ми препишат терапија (не сум бремена). Од тоа што го читам кај вас се радувам дека со помош на инекциите многу мајки си ги родиле бебчињата[sm=bravo.gif] и нема поголема радост од тоа. Но мене ме мачи што претставува таа болест антифосфо.синдром, дали е опасен за нашиот живот, дали тие антитела може да се пренесат на бебчето преку плацентата, па во иднина да му прават проблеми во развојот. Ве молам дали има некој знаење, бидејќи кога пребарувам низ гугл читам само страшни работи. Ве молам ваши искуства. Личнисте искуства секогаш најмногу ми помогнале. Рингераја форумот ми има помогнато повеќе и од лекарите. Фала ви на сите. Поздрав и бацки
|
|
|
|