RE: Кога се буди,кога заспива вашето дете (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Разговори на родители



Порака


melody -> RE: Кога се буди,кога заспива вашето дете (25.3.2010 15:57:18)

I jas neznam veke kako da postapam vo vrska so nejzinovo spienje.Navecer zaspiva okolu 22-23.00 casot i posle pola saat se budi i ajde zaspivaj ja i samo sto sum ja spustila vo krevetce i prosle 5 min ete ja ona se budi so placenje i op se rasonila.Posle ova mi treba uste saat do dva saati da zaspie konecno i toa so otvorena usta zosto e normalno premorena,a slednoto budenje i e posle dva saati i taka cela nok.Preku den spie dva tri pati po 20 min[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Leonida -> RE: Кога се буди,кога заспива вашето дете (25.3.2010 16:06:10)

Мојава си прави како ке и дојде[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] Најчесто заспива околу 12 навечер и спие до 7-7ипол. После ја дојам па пак покушавам да ја успијам и понекогаш ми успева, понекогаш не. А за преку ден да не зборам....не спие, односно на неколку дена ке и се случи да поспие 2 саати[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Maca25 -> RE: Кога се буди,кога заспива вашето дете (25.3.2010 16:27:54)

Леонида многу е мало бебево твое за да заспива во 12. Како издржувап ти мила??!?! и тоа? цел ден да не се спиело на 3 месеци!!! Нина ја заспивавме околу 8 во тој период и се будеше на 2-3 саати за цицање. Добро преку ден не сакаше многу да спие. Мењавај рутина, кога ќе порасние уште толку нема да сака да спие.




matushka -> RE: Кога се буди,кога заспива вашето дете (25.3.2010 16:37:32)

I nie bevme ist slucaj koga Mateja imase 3,4 meseci, i ne do 12, tuku do 01, 01:30 h sedese> Ama ne se sekiraj, sakata ke si smeni, kako ke rasne ke si fati red, ke zaspiva porano a ke stanuva pokasno. Znam toj period lugje nu se cudea sto go setame letno vreme u 23 vecer, zasto ne im bese lo9gicno sto tolku malo bebe e budno tolku kasno
[sm=smiley36.gif]
ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca25

Леонида многу е мало бебево твое за да заспива во 12. Како издржувап ти мила??!?! и тоа? цел ден да не се спиело на 3 месеци!!! Нина ја заспивавме околу 8 во тој период и се будеше на 2-3 саати за цицање. Добро преку ден не сакаше многу да спие. Мењавај рутина, кога ќе порасние уште толку нема да сака да спие.





lukas -> RE: Кога се буди,кога заспива вашето дете (25.3.2010 16:41:03)

zenski jas sum novopecena mama i bebceto uste malku ke mi pravi 1 mesec...sakam da znam dali ima nekoe pravilo za stanvanjeto...noke..i koga primer prestanuvaat da stanvat navecer koga si go zazemaat redot mi e muabetot...so jadenje spienje...pozz...




Maca25 -> RE: Кога се буди,кога заспива вашето дете (25.3.2010 16:47:29)

lukas нема правила. Како ќе го научиш така и ќе биде. Јас секоја велер пред спиње ја бањав Нина и ќе се умореше и запиваше. Ама се будеше на секои 2-3 саати за цицање. После некое време престана да се буди толку често. Не знам како и зошто. Ама еве ја и сега иако има 13 месеци пак се буди по неколку пати и ме бара мене. Ја гушкам само и пак во креветче. 




matushka -> RE: Кога се буди,кога заспива вашето дете (25.3.2010 16:53:02)

nema pravilo, tocno, ama jas bi rekla kako ke me nauco ono a ne jas nego[sm=smiley36.gif]
Prvite 2 meseci se najteshki, najmnogu se budat, ama bi trebalo, barem kaj mne ebese taka, veke okolu 3,4 meseci Mateja spiese od i po 6h vecer bez da se razbudi. Znaci od koga ke potporasne malku, i ke ima poveke suila da cica, za pokratko vreme ke izede poveke i ke go drzi sito podolgo.




vale* -> RE: Кога се буди,кога заспива вашето дете (25.3.2010 17:08:32)

Matej ima 20 m. i preku den spie 1 okolu 1saat a noke nemame problem ako legne vo 10 navecer se budi duri sabajleto okolu 9 ,a moze i okolu 10.mnogu retko se budi noke se budese samo koga mu rastea zabite. ama imame oroblem so zaspivanjeto ne saka da si legne,a koga ke zaspie e super pozdrav




Leonida -> RE: Кога се буди,кога заспива вашето дете (25.3.2010 17:09:37)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca25

Леонида многу е мало бебево твое за да заспива во 12. Како издржувап ти мила??!?! и тоа? цел ден да не се спиело на 3 месеци!!! Нина ја заспивавме околу 8 во тој период и се будеше на 2-3 саати за цицање. Добро преку ден не сакаше многу да спие. Мењавај рутина, кога ќе порасние уште толку нема да сака да спие.


Е мало мало, ама ѕрцките ми ги вади[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Не сака да спие и нема шанси јас да ја успивам кога мислам дека треба, туку она кога ке си сака. Неколку пати сме пробувале да ја заспиеме и луѓе, не знаете кое викање е тоа и нервоза од нејзина страна[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] Затоа си реков  веќе ке ја оставам кога ке видам дека и се спие да ја успијам.




matushka -> RE: Кога се буди,кога заспива вашето дете (25.3.2010 17:14:30)

I jas ja pravev istata geshka, pocnuvav da go zaspivam koga jas mislev deka treba da spie. I zatoa me bolose grbot sekoj den, normalno koga go dumkav po 1h. taka da, smeniv taktika, sega go zapivm koga ke pocne da gi rie ocinjata i veruvaj deka vaka e najlesno za site.




Leonida -> RE: Кога се буди,кога заспива вашето дете (25.3.2010 17:15:56)

ИЗВОРНА ПОРАКА: matushka

nema pravilo, tocno, ama jas bi rekla kako ke me nauco ono a ne jas nego[sm=smiley36.gif]
Prvite 2 meseci se najteshki, najmnogu se budat, ama bi trebalo, barem kaj mne ebese taka, veke okolu 3,4 meseci Mateja spiese od i po 6h vecer bez da se razbudi. Znaci od koga ke potporasne malku, i ke ima poveke suila da cica, za pokratko vreme ke izede poveke i ke go drzi sito podolgo.


И кај мене беше нешто слично. После 2 месеци почна да преспива повеќе преку ноќ.




Палешка РР -> RE: Кога се буди,кога заспива вашето дете (25.3.2010 17:42:55)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Leonida


Е мало мало, ама ѕрцките ми ги вади[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Не сака да спие и нема шанси јас да ја успивам кога мислам дека треба, туку она кога ке си сака. Неколку пати сме пробувале да ја заспиеме и луѓе, не знаете кое викање е тоа и нервоза од нејзина страна[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] Затоа си реков  веќе ке ја оставам кога ке видам дека и се спие да ја успијам.



Истово се случува и со Миа. Ако ја успивам кога јас сакам, после уште два саати не можам да ја смирам..не сака да цица и вриштииииии...Па кога ќе викне Марио од другата соба дека му е мака, дека е сабајле на училиште, ми иде да си пукнам.




lukas -> RE: Кога се буди,кога заспива вашето дете (8.12.2010 18:30:31)

zaspiva vo 21-21:30h
stanuva duri vo 08h sabajle

preku nok samo ke zakemka za cucleto sega sme 9 i pol meseci..




Pepelaska * -> RE: Кога се буди,кога заспива вашето дете (8.12.2010 19:29:25)

Кога ќе му текне ![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Ама баш никогаш не заспал кога јас ќе решам да го заспијам , навечер седи некогаш и до 2 , 3, некогаш пред 12 заспива а сабајле до кај 10 обавезно е разбуден и разигран. Нели е мал да не спие. Дење преспива се на се саат и пол ама на рати по поласат. Има 3 м.




danced -> RE: Кога се буди,кога заспива вашето дете (8.12.2010 19:38:09)

сега засега имаме многу убав ред на спиење. во 20 часот заспива во текот на ноќта се буди 2-3 само за цицање и спие до 9  [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image]




Џесика -> RE: Кога се буди,кога заспива вашето дете (8.12.2010 19:47:37)

кога ве читам вака, ми е срам да кажам дека син ми заспива во 23 h[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden2.gif[/image]




Snowhite RR -> RE: Кога се буди,кога заспива вашето дете (8.12.2010 20:05:50)

И син ми откако почнав на работа заспива во 23, а сакав зимава да го научам кај 21 барем. Инаку заспива од прилика тоа време и на сабајле спија до 10-10,30 и преку ден преспива некогаш еднаш некогаш двапати. Горе долу имаме ред за спиењето




slavicav -> RE: Кога се буди,кога заспива вашето дете (8.12.2010 21:55:16)

Nie vecherame ova vreme i okolu 23ch zaspivame a se budime vo 10ch sabajle so doenje vo 24ch i vo 7 sabajle.Od malo go nauchiv taka i edno vreme probuvav porano ama so sila ne biva uspivanje pa taka da ova tempo ni e sega za sega.Ne si edinstvena Dzesika [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




penelopa -> RE: Кога се буди,кога заспива вашето дете (9.2.2011 18:17:07)

Син ми најчесто заспива околу 22 се буди еднаш околу 4 илоп и после спие докај 08- супер ми е и мене и јас се наспивам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




mamamoni -> RE: Кога се буди,кога заспива вашето дете (9.2.2011 18:46:40)


ИЗВОРНА ПОРАКА: penelopa

Син ми најчесто заспива околу 22 се буди еднаш околу 4 илоп и после спие докај 08- супер ми е и мене и јас се наспивам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]



исто!




Pepelaska * -> RE: Кога се буди,кога заспива вашето дете (9.2.2011 22:28:27)

И моето заспива кај 22 станува или во 12 или во 3 за папање и сабајле ретко до 8 да се случи, најчесто во 7 а знае и сред ноќ да стане да си се изнасмее и да заспие пак [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]некои 10ина минути, за разлика од почетокот сега е супер пу пу [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




vezilka RR -> RE: Кога се буди,кога заспива вашето дете (22.2.2012 10:47:01)

Никола така претцизно си ги цепа 11 саати спиење во едно деноноќие, тоа чудо едно е. Ако спие 8 саати ноќе, тогаш преку ден 3 саати, и тоа делено на два пати, ако спие 9 саати ноќе, преку ден 2 часа еднаш, и ретко му се случува да спие 10 саати ноќе, тогаш преку ден само дремнива 40тина минути. Навечер пред 23:30 нема шанси да го легнам, а сабајле секој ден различно. Дека секое сабајле го носиме кај моите, еден ден го носиме заспан, еден ден ќе се разбуди уште дома, еден ден само што ќе го оставиме и ќе стане, абе секој ден различно. Он битно да си исполни норма од 11 саати спиење, а тоа како ќе си ги подели е само негова работа, никој не дава да му се меша во тоа [sm=jezicek.gif]




JovanaJ -> RE: Кога се буди,кога заспива вашето дете (22.2.2012 11:04:15)

Nie veke imame 5 godini i sin mi nekolku nedeli veke ne spie preku den. Citam mislenja od pedijatri deka e sosema normalno i deka ako ne saka ne treba da se tera so sila deteto da legnuva. Me interesira iskustvo od majkite sto imaat sega pogolemi deca, koga vasite decinja prestanaa da spijat popladne? Znaci mislam na prekin na ona redovno popladnevno spienje...




kikitina -> RE: Кога се буди,кога заспива вашето дете (22.2.2012 11:07:13)

Јована има 7,5 месеци и можам да се пофалам дека си има ред на спиење. Си легнува со нас во 11, сабајле си станува со мене во 9,30 [sm=smiley1.gif]. Се буди сабајле кога татко и оди на работа да пие млеко и толку [sm=smiley1.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Кога се буди,кога заспива вашето дете (22.2.2012 11:07:43)

Mihaela ima nepolni 2 godini i uste kako pomala zaspivase nakaj 21h i taka si ostana.21-21.30 e legnata pie mleko i si zaspiva.Nokjta ja prespiva i se budi 7.30 me osekja deka stanuvam za na rabota (mnogu e lesna na son isto ko mene),pa doaga majka mi i posle toa prespiva vo period od 12 do 2 i toa po 2 h spie.Mislam deka sekoe dete treba porano da si zaspiva ,za da si odmori malku i preku den,a i da steknuva naviki za vo gradinka.Nie od maj planirame da ja zapiseme pa taka da nema da imame problem so stanuvanjeto.




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4   Следна страница >   >>