mamicka77 -> RE: Адаптирано млеко (29.10.2011 15:14:41)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: LeelooN ИЗВОРНА ПОРАКА: lilicka Денес бевме пак на педијатар ни кажаа да и земам Новалак да и давам,има некој искуство со ова млеко???? Здраво мамички, нова сум на форумов иако со рингераја сум уште од првиот ден на мојата бременост. Моето бебенце пред два дена направи 3 месеци и од самиот почеток сме на АД млеко ХиП Комбиотик. На почетокот го пиеше без проблем, некогаш дури бараше и повеќе, но уште пред да наполни 2 месеци наместо да пие повеќе таа почна количински да намалува. Си реков може е период но еве во последните 2-3 недели ми пие се помалку и помалку. Инаку и го давам на 3-4 часа, се гледа дека е гладна но едвај ќе испие 50-60 мл, најмногу до 100мл и тоа шетајќи се по дома, пеејќи или сл. Најмногу ми има испиено 130мл ама тоа се случува ретко. Понекогаш воопшто не сака да пие, па пробам да и дадам чај бекутан и го пие без престан (значи дека е гладна). Првиот месец ми качи 1кг и 200г, вториот 800гр, а третиот едвај 500г. На ум сум да и го променам млекото, може се има заситено од ова. Педијатарот ми го препорача Аптамил со објаснување дека имал благ вкус и обично сите дечиња најлесно го прифаќале. Мамички кое е вашето мислење? Со кое млеко да пробам како најдобро? Навистина сум во двоумење и не можам да ја оставам вака бидејќи едвај пие по 500мл на ден што мислам дека е малку, согласно со нејзината возраст и килограмите (тешка е 5кг и 350г). lilicka ти како помина со Новалак? Го прифати ли малото или...? Ве молам за мислење бидејќи навистина не знам како да постапам... ако и го сменам да не и направам уште поголем проблем... навистина не знам... jas koristam aptimil i sega za sega e dobro go pie a da ima malku kako blaga zica i pomalku stvara grcevi
|
|
|
|