mami2 -> RE: Адаптирано млеко (21.1.2012 0:11:00)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: luci Е сега прашањето ми е следново, дали има некоја РР-ка што давала вакво млеко на своето најмило На големово му давав од ова млеко до 2г8месеци. После вториот роденден почнував неколку пати со кравјо, ама му пукаа капилари на лицето, и мене ми се чинеше како да е тоа некаква реакција од млекото, па си терав со провереното. Со малава која има скоро 22 месеци сеуште тераме со Нестле Џуниор. Мм вика како сум тргнала до прво одделение ќе пиеле АД млеко. Ама јас некако сум посигурна во однос на нутритивните вредности кои ги содржи, декларирани се барем. Инаку во врска со отстоено млеко, она што малава ќе оставеше преку ноќ, бато сабајле го допиваше измешано со топло млеко. Мислам дека не страшно, ако не се подгрева на високи температури. На Детска Клиника за сите новороденчиња, недоносени бебиња и сл. млекото го носат наутро во 8.30, и тоа за цел ден 8 порции ги оставаат во фрижидер. Во текот на денот се подгрева во топла вода. Ако е толку штетно или непожелно ваквото млеко, веројатно таму ќе знаеле.
|
|
|
|