miana -> RE: Адаптирано млеко (1.6.2013 18:10:05)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR ИЗВОРНА ПОРАКА: miana ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR Од пред месец дена почнав да ја прихранувам со АД млеко, пошто плачеше и бараше нон стоп да цица, ја однесов кај матичната да ја мериме и ми рече да ја прихранувам, така што после доење да и давам ад за да видам колку и недостасува, околу 30-40мл. арно ама после доење таа или заспиваше или ќе се нацица и турка со јазичето не сака повеќе, така да ад и давав откако ќе го исцицаше целото млеко од кај мене, ама докторката ми рече дека така нема да и воведам ред, зашто откако ќе се нацица по еден саат пак бараше и да и давам еден оброк доење, еден АД. Е сега ме интересира, јас почнав така да правам, ама кога и давам АД и правам пола доза од таа што е за нејзините месеци и скоро секогаш остава по 20-25мл. Нели треба цела доза да ја пие? Се плашам да не и е повторно малку, иако откако почнав со дохрана е многу помирна, а плус и ја меревме оттогаш и добро напредуваше. Ај мамички што коминираат доење и АД кажете ми искуство Еве јас ке ти одговорам..Јас некаде на 5 ипол месеци почнав да ја дохранувам,бидејки постојано се будеше и кога цицаше,се грчеше и плачеше..Почнав да ја дохранувам, и правев исто како тебе,по половина доза и секогаш ми остануваше,но од тогаш детево почна да спие конечно по два часа без престан и без плачење. Ден денес,има речиси 18 месеци,таа испива едвај по 180 мл ,а ете на кутијата има табела па види баш за таа возраст по колку треба..Секое дете си е различно...Таа верувај знае кога и е доволно и знае кога треба да престане..И јас се секирав,кога ке прочитам по колку млеко пијат другите деца а моево ни половина од нормата,па супер си напредуваше и супер си спиеше... Јас и давав нан1,па нан2 па нан3..Скоро почнав со кравјо и приметивме со мм дека штом и дадам кравјо млеко во текот на ноќта,таа не продолжува да спие,туку станува и плаче за дружба.Се обидов пак со нан3,да видам како ке тера - ке си го испие и пак си нана..Ајде сега вие мене ова објаснете ми го... Зошто од кравјото не спие,се буди,плаче а од АД млекото продолжува да спие? Значи неколку ноќи менував за да се осигурам дека е ова вака и вака испадна..Имате некое логичко размислување за ова? Јас си мислам дека е погусто,потешко се влече па ја изморува..Единстевно тоа ми падна на памет,ама некако ми нема смисла...А Кикичка,какво е тоа Нестле Јуниор? Од која возраст се дава? Па според табелата и правам, за нејзина возраст пишува 180мл, а јас и правам 90, исто така и давам Нан1. Значи и твојата така прави? Ај да не се секирам, битно да е мирна и да напредува, а како што кажав е многу помирна спие и по 3-4 саати и тоа сама си заспива, а пред тоа само в раце бараше. Епа еве ти кажувам..Моево дете има година ипол а пие 180 мл преку сила а кога почна да пие, пиеше максимум по 90 мл па потоа по 120,па 150 и сега сме до 180 стигнати и повеке нема шанси. Една меричка е за 30 мл вода ,такада ти ако знаеш дека пие по 90,само по толку и прави,или па прави и по 120 мл за секој случај. Поздра [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|