Bethany -> RE: Адаптирано млеко (30.7.2013 9:17:54)
|
Славицав, јас да ти одговорам па може и некоја свежа мама да се јави попосле со совет. Се сложувам дека има многу влијание на создавање грчеви бидејќи ново млеко доаѓа на старото се уште несвареното. Бебето може и поради грчеви да бара да цица, поради утеха, а всушност така е само полошо, ко во некој маѓепсан круг влегувате, таа цица поради грчевите, а грчевите има уште повеќе поради несвареното млеко. Јас би ти препорачала да ја доиш, и ако заспива да се обидеш да ја разбудиш, расоблечи ја да не се успива, едноставно не и давај да заспие додека не се нацица повеќе. сигурно цица од тоа првото млеко и не ја држи многу, па пак бара за кратко време. Ако сепак гледаш дека ти немаш доволно млеко (а ти во меѓувреме можеш да се обидеш да ја зголемиш лактацијата) пробај овака: да цица колку има, после секое доење понуди и Ад, ако е уште гладна ќе испие и од адаптираното. Ќе и воспоставиш времето на хранење, кога ќе биде сита, доење и ад, нема да има потреба да ја раниш на секој саат време. Ако сметаш дека не ви одговара, тогаш се обиди со некоја друга опција. [sm=smiley1.gif] Лично јас на почетокот, додека ми надојде млекото, му давав да цица и потоа го дохранував со Ад, колку испие-толку. Потоа, после неколку дена имав повеќе млеко и престанавме со Ад.
|
|
|
|