Hopeful RR
|
Мајки, не се паничете. Новороденче треба да цица или да пие АД кога сака, не гледајте на саат. Нормално е тоа, поготово за порано родени бебиња. Ако сакате да цица, само ставајте го почесто на града и ќе почне да фаќа. Нека се потруди малце да цицне, па после дадете АД. Тие количини на АД се сосема доволни за новороденче, не го форсирајте да пие повеќе, колку сака - толку. Мешето му е премало, и затоа брзо огладнува и често сака пак. На моите им требаше време да фатат да цицаат, рефлексот не им беше најразвиен дека 37 недела родени, но научија. Колку повеќе добиваа на тежина, толку посилен им стануваше рефлексот за цицање. И ако сте упорни, ќе цица и покрај тоа што пие со цуцла, еве моите и двајцата цицаа и пиеја од шише паралелно цела година. Не сте лоши мајки, тие мисли ишкајте си ги од глава. И исто така, ред е рано да се фати - кога сака бебе да јаде, тогаш. Ред за јадење подоцна се воспоставува. Ајде само смирено, се ќе биде ок
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
|