|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Очила со диоптрија
23.2.2010 20:17:04   
pacuvce
Само што се вративме од очен лекар и сега ми иде да плачам...user posted image user posted image user posted image На Андреј му најдоа диоптрија -1 и треба да носи очила...Ама јас,неверни Тома,сега закажав и за второ мислење,иако бевме во ординација со современа опрема и компјутерски му го утврдија диоптерот...Мм вели дека тоа е тоа,ама јас сум упорна за уште едно мислење...И сега...Одење по лекари,барање соодветни очила,борба за тоа како ќе ги прифати,дали ќе сака да ги носи...Аман веќе,уште ова ми требаше...А само пред година и пол го носев кај истата докотрка и тогаш констатираше дека видот му е ОК...user posted image user posted image user posted image ...

_____________________________

Love is in the air
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Очила со диоптрија
23.2.2010 20:21:06   
mami
Пацувче мила..не се секирај, ке ги прифати, умен е тој, а со редовно носење ке му се врати повторно во нормала, ке видиш...

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Очила со диоптрија
23.2.2010 20:43:04   
nutelizza
пацувче а ти и мм ти носите ли очила??? знам дека тоа 50-50% е наследно сепак тоа не е мала диоптрија за мало дете.
и исклучиво носење кај што има компјутерска технолигија она само со наочари па видиш не видиш не признавам.
има во Скопје добри ординации а можам со сигурност да ти препорачам една во Куманово кај што се многу стручни и професионални и сум сретнувала пациенти од Скопје.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Очила со диоптрија
23.2.2010 20:58:41   
April
и во лептокарија има супер ординација и работат со сини картони...ако сакаш да ти дадам број...
а како реши да го носиш на очно?

(Одговор на членот nutelizza)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Очила со диоптрија
23.2.2010 21:05:01   
pacuvce

ИЗВОРНА ПОРАКА: nutelizza

пацувче а ти и мм ти носите ли очила??? знам дека тоа 50-50% е наследно


Сопругот има диоптрија со минус,а пак јас имам страбизам,така да веројатно генетиката си го направила своето...А ординацијата е со врвна компјутерска технологија,а јас закажав уште во една,каде што исто така вршат прегледи со компјутер...

ИЗВОРНА ПОРАКА: April

а како реши да го носиш на очно?



Па кога му проверував во тетратките што работел на училиште видов дека пишувал некои работи кои немаат врска со темата,па кога го прашав зошто така направил,ми рече дека не можел да види од таблата...

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот nutelizza)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Очила со диоптрија
24.2.2010 19:24:10   
pacuvce
It`s official...Бевме на второ мислење и без да му ги кажеме првите резултати и овој докотр го констатираше тотално истото...Малку се надевав дека е грешка,дека нешто ќе биде поинаку,ама не...Сега во потрага по некои супер очила,кои Андреј нема да успее да ги искрши за два дена...user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Очила со диоптрија
24.2.2010 20:20:00   
^SARA^
Јас носам очила од мојата 12-13 год.Ова носам за во почетокот правилно би било да го ставам во наводници,бидејќи во почетокот многу ретко ги ставав .Бев во пубертет и се срамев и така избрав да го занемарам предупредувањето од лекарот дека ако не ги носам постојано диоптерот само ќе се зголемува,а со редовно носење до 18-тата година би можело да се врати видот во нормала.И така од -0.50( тоа ми беше првиот диоптер) се зголеми на - 0.75 и денес носам -1 и -1.5 кои ќе си ги носам доживотно.
Пацувче многу е важно да ги носи редовно до 18 година за да може да стагнира диоптријата или да се врати во нормала,а тоа што е мал Андреј, сигурно ќе смените повеќе пара очила, но полека ќе навикни.Братучетка ми носи очила од нејзината втора година.user posted image
user posted image user posted image user posted image за Андреј


_____________________________

*** Верувај во себе ***

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Очила со диоптрија
24.2.2010 21:17:52   
pacuvce

ИЗВОРНА ПОРАКА: ^SARA^

user posted image user posted image user posted image за Андреј



Искрена благодарност за советот...Ќе правиме напори да се носат постојано,па веројатно за кратко време ќе се навикне...

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот ^SARA^)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Очила со диоптрија
24.2.2010 21:40:14   
Еца
Пацувче мила има да бидеш упорна и доследна, зошто ако сега не ги носи, утре ќе те прекорува како поголем.Ти кажувам од искуство. Сестра ми кога била баш како твој Андреј носела очила, ма со плачење и молење и триста чуда и тоа наизменично, со памукче на еднотот па на другото стакло, но затоа денес им е благодарна на моите, дури им вика да сте ме оставеле да не ги носам никогаш немало да ви простам. Затоа најди начин и не му ја мисли, биди среќна понавреме што сте откриле.user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Очила со диоптрија
24.2.2010 22:19:09   
Тања РР
Пацувче драга нема место за разочарување. И јас носам очила од 13 години. Мајка ми исто како тебе реагираше кога прв пат ни кажаа па по некое време ми закажа преглед на приватен лекар (тогаш прегледите на приватно беа реткост). За жал овој др за да го оспори мислењето на колегите од државно рече дека нема потреба да носам очила затоа што се работи за многу мала диоптрија. Јас тогаш се радував и престанав да ги носам а за ова и ден денес се каам. Диоптерот прогресираше и денес стигнав до -2,5user posted image . ( до душа најмногу ми се зголеми за време на студиите, секој огромен испит додаваше  0,25 Д user posted image ).

Препорака од мене: Купи му на детето некои атрактивни рамки со интересна боја (зелена, сина) и шара и убеди го дека со нив изгледа ултра модерно. Ти препорачувам да купиш брендирани рамки и пластични стакла кои се полесни од обичните за да не му го искриват носето.
Ќе биде добро, верувај ми. Можно е да нема потреба да ги носи доживотно, затоа што е сеуште дете.
На крајот на краиштата, носењето очила не е ништо страшно, јас денес толку многу си ги сакам  што не би ги менувала за никакви леќи, едноставно се дел од моето лице.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Очила со диоптрија
2.3.2010 9:11:00   
natasha
Pcuvce,ne se sekiraj.I jas imav dipotria -1.no sega na posledniot pregled mi bese utvredeno -0.5 i dr mi rece dobro e sto sum minus deka so redovno nosenje na ocila,minusot se namaluva so tekot na godinite.Sega barem za decava ima mn interesni ocila i samo so upornost ke se navikne da gi nosi....vo prvo vreme mozes i da go nagraduvas za nosenjeto na ocilata.se dodeka sam nese adaptira, a sepak mislam deka ke prifati poradi toa sto ke mu dojde ubavo na ocinjata i ke gleda podobro.Koga sin mi koj sto e so strabizam 6h gi nosi ocilata so zatvoreno okce,togas nemaj gajle za tvoeto

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Очила со диоптрија
2.3.2010 9:15:31   
pacuvce
Еве денес му е прв ден на училиште со очила...Вчера попладне ги земамвме и цело време ги носеше...Сега да видиме како ќе помине на училиште...Дали ќе го преживеат денешниот ден...user posted image user posted image user posted image Тој е прилично жив и темпераментен,па се плашам дека може нешто да им направи...Секако земавме детски рамки,кои се поиздржливи,а и стаклата се пластични... Ќе видиме што ќе биде...user posted image

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот natasha)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Очила со диоптрија
2.3.2010 9:17:27   
mami
пацувче од каде ги земавте? И на мм му рекле дека треба да носи- компјутерот си го зема данокот нели- па сега е во мисла каде да пазари едниuser posted image

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Очила со диоптрија
2.3.2010 9:56:56   
pacuvce

ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

пацувче од каде ги земавте?


Е,ова е веќе приказна...Тргнавме од ГТЦ и влеговме во сите оптики кои постојат таму и сфатив само едно-дека се заинтересирани само за трговија и ништо повеќе...Спремни само да ти продадат,без воопшто да те прашаат за размер на зеници,дипотрија,опсег на видно поле... Прашувавме и за антирефлексни стакла и тие веднаш се спремни да ти продадат...
Потоа,во случаен разговор со едни пријатели добивме препорака за две оптики кои се наоѓаат во кулите спроти Рамстор,каде најпрвин работат стручни лица-оптичари,кои во согласност со размерот на зениците,веднаш ти кажуваат кој тип на очила му одговараат,за да го покријат видното поле,како и да ни ја разјаснат нашата дилема во врска со стаклата...За први очила на пример,воопшто не ни препорачаа антирефлексни стакла,затоа што на окото му треба време да се навикне и доволно е за почеток (до првата контрола после 6 месеци) да носи обични (пластични) стакла...
Муабетов ми беше...Оптиките во ГТЦ-уредени по последна мода,млади девојчиња со никакви познавања...Овие две оптики однадвор неприметни,ама внатре луѓе стручни за таа проблематика...И сега,кој е тука во предност???Трговецот или муштеријата???Или уште подобро...Кој Губи???

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Очила со диоптрија
2.3.2010 15:58:59   
nutelizza
Со среќа новите наочарчиња и дај боже да му се намали диоптријата за брзо времеuser posted image

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Очила со диоптрија
2.3.2010 16:00:51   
big_mama817
пацувче пиши како сте поминала на школо со очилата

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот nutelizza)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Очила со диоптрија
2.3.2010 18:06:50   
^SARA^
I mene me interesira istoto,kako pominavte vo skolo so ocilata?

_____________________________

*** Верувај во себе ***

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Очила со диоптрија
2.3.2010 18:28:40   
pacuvce
Па,искрено,после цел ден поминат во страв,сега малку послободно дишам...Си поминал ОК,како и секој друг ден..Учителките му рекле дека е многу убав user posted image user posted image user posted image ,а децата му ги барале да ги пробаат,ама бидејќи јас стриктно му забранив да ги вади,за да не му паднат и да не ги оштети,тој не им ги давал велејќи им дека се многу скапи...user posted image user posted image user posted image Сега ќе видиме понатаму како ќе биде...Важно,очилата го преживеаа првиот ден на училиште...user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот ^SARA^)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Очила со диоптрија
2.3.2010 18:37:58   
April
WELL DONE, ANDREJ user posted image

user posted image

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Очила со диоптрија
2.3.2010 22:47:45   
mami
Фала Пацувче за одговорот и браво за Андреј што машки го издржал денот...Ќе го пратам мм таму, во четврток, утре е на пат па нема да може...колку ли ке е чуден со очила сегаuser posted image

(Одговор на членот April)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Очила со диоптрија
2.3.2010 22:48:33   
pacuvce
А има диоптрија + или -?

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Очила со диоптрија
2.3.2010 22:52:54   
mami
еее сега ме погоди..за далеку му рекле дека не гледаuser posted image ако ти значи нешто..мене никогаш не ми одело со тоа + -...

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Очила со диоптрија
2.3.2010 22:53:12   
caci20
Jas i mm zemavme naocari od Salmoragi i Vigano, sega vo trgovskiot na plostad. Super sme zadovolni. Ramki si zemavme od pazar, a tamu napravivme pregled i si zemavme stakla. Pregledot cinese 500 den, a mislam za stakla plativme po 1000 den. Mal diopter imame, jas gi nosam koga citam i pred kompjuter i mm isto

_____________________________

Zivej kako sto mozes koga veke ne mozes kako sto sakas... vazno zivej...

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Очила со диоптрија
2.3.2010 22:56:34   
Mila na mama
За далеку се минус, јас носам -1,25 на едното и -0,75 на другото око. Ги носам само кога возам инаку не си се бендисувам со очила и ги избегнувам.

_____________________________

love u all

(Одговор на членот caci20)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Очила со диоптрија
2.3.2010 22:57:24   
pacuvce
За далеку е минус,што значи дека ќе мора да ги носи постојано...Плусот е повеќе за читање,работа пред компјутер и сл...
Да се надоврзам и на постот на цаци20...За возрасни на пазар има добри оквири,така да мами твојот маж можеш да го пратиш и таму да си одбере,а во оптика да појде и да му наместат само стакла...


_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот caci20)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?