pacuvce -> RE: Очила со диоптрија (2.3.2010 9:56:56)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: mami пацувче од каде ги земавте? Е,ова е веќе приказна...Тргнавме од ГТЦ и влеговме во сите оптики кои постојат таму и сфатив само едно-дека се заинтересирани само за трговија и ништо повеќе...Спремни само да ти продадат,без воопшто да те прашаат за размер на зеници,дипотрија,опсег на видно поле... Прашувавме и за антирефлексни стакла и тие веднаш се спремни да ти продадат... Потоа,во случаен разговор со едни пријатели добивме препорака за две оптики кои се наоѓаат во кулите спроти Рамстор,каде најпрвин работат стручни лица-оптичари,кои во согласност со размерот на зениците,веднаш ти кажуваат кој тип на очила му одговараат,за да го покријат видното поле,како и да ни ја разјаснат нашата дилема во врска со стаклата...За први очила на пример,воопшто не ни препорачаа антирефлексни стакла,затоа што на окото му треба време да се навикне и доволно е за почеток (до првата контрола после 6 месеци) да носи обични (пластични) стакла... Муабетов ми беше...Оптиките во ГТЦ-уредени по последна мода,млади девојчиња со никакви познавања...Овие две оптики однадвор неприметни,ама внатре луѓе стручни за таа проблематика...И сега,кој е тука во предност???Трговецот или муштеријата???Или уште подобро...Кој Губи???
|
|
|
|