Очила со диоптрија (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Деца



Порака


pacuvce -> Очила со диоптрија (23.2.2010 20:17:04)

Само што се вративме од очен лекар и сега ми иде да плачам...[sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif]На Андреј му најдоа диоптрија -1 и треба да носи очила...Ама јас,неверни Тома,сега закажав и за второ мислење,иако бевме во ординација со современа опрема и компјутерски му го утврдија диоптерот...Мм вели дека тоа е тоа,ама јас сум упорна за уште едно мислење...И сега...Одење по лекари,барање соодветни очила,борба за тоа како ќе ги прифати,дали ќе сака да ги носи...Аман веќе,уште ова ми требаше...А само пред година и пол го носев кај истата докотрка и тогаш констатираше дека видот му е ОК...[sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif]...




mami -> RE: Очила со диоптрија (23.2.2010 20:21:06)

Пацувче мила..не се секирај, ке ги прифати, умен е тој, а со редовно носење ке му се врати повторно во нормала, ке видиш...




nutelizza -> RE: Очила со диоптрија (23.2.2010 20:43:04)

пацувче а ти и мм ти носите ли очила??? знам дека тоа 50-50% е наследно сепак тоа не е мала диоптрија за мало дете.
и исклучиво носење кај што има компјутерска технолигија она само со наочари па видиш не видиш не признавам.
има во Скопје добри ординации а можам со сигурност да ти препорачам една во Куманово кај што се многу стручни и професионални и сум сретнувала пациенти од Скопје.




April -> RE: Очила со диоптрија (23.2.2010 20:58:41)

и во лептокарија има супер ординација и работат со сини картони...ако сакаш да ти дадам број...
а како реши да го носиш на очно?




pacuvce -> RE: Очила со диоптрија (23.2.2010 21:05:01)


ИЗВОРНА ПОРАКА: nutelizza

пацувче а ти и мм ти носите ли очила??? знам дека тоа 50-50% е наследно


Сопругот има диоптрија со минус,а пак јас имам страбизам,така да веројатно генетиката си го направила своето...А ординацијата е со врвна компјутерска технологија,а јас закажав уште во една,каде што исто така вршат прегледи со компјутер...

ИЗВОРНА ПОРАКА: April

а како реши да го носиш на очно?



Па кога му проверував во тетратките што работел на училиште видов дека пишувал некои работи кои немаат врска со темата,па кога го прашав зошто така направил,ми рече дека не можел да види од таблата...




pacuvce -> RE: Очила со диоптрија (24.2.2010 19:24:10)

It`s official...Бевме на второ мислење и без да му ги кажеме првите резултати и овој докотр го констатираше тотално истото...Малку се надевав дека е грешка,дека нешто ќе биде поинаку,ама не...Сега во потрага по некои супер очила,кои Андреј нема да успее да ги искрши за два дена...[sm=smiley13.gif][sm=smiley13.gif][sm=smiley13.gif]




^SARA^ -> RE: Очила со диоптрија (24.2.2010 20:20:00)

Јас носам очила од мојата 12-13 год.Ова носам за во почетокот правилно би било да го ставам во наводници,бидејќи во почетокот многу ретко ги ставав .Бев во пубертет и се срамев и така избрав да го занемарам предупредувањето од лекарот дека ако не ги носам постојано диоптерот само ќе се зголемува,а со редовно носење до 18-тата година би можело да се врати видот во нормала.И така од -0.50( тоа ми беше првиот диоптер) се зголеми на - 0.75 и денес носам -1 и -1.5 кои ќе си ги носам доживотно.
Пацувче многу е важно да ги носи редовно до 18 година за да може да стагнира диоптријата или да се врати во нормала,а тоа што е мал Андреј, сигурно ќе смените повеќе пара очила, но полека ќе навикни.Братучетка ми носи очила од нејзината втора година.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]
[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image] за Андреј




pacuvce -> RE: Очила со диоптрија (24.2.2010 21:17:52)


ИЗВОРНА ПОРАКА: ^SARA^

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image] за Андреј



Искрена благодарност за советот...Ќе правиме напори да се носат постојано,па веројатно за кратко време ќе се навикне...




Еца -> RE: Очила со диоптрија (24.2.2010 21:40:14)

Пацувче мила има да бидеш упорна и доследна, зошто ако сега не ги носи, утре ќе те прекорува како поголем.Ти кажувам од искуство. Сестра ми кога била баш како твој Андреј носела очила, ма со плачење и молење и триста чуда и тоа наизменично, со памукче на еднотот па на другото стакло, но затоа денес им е благодарна на моите, дури им вика да сте ме оставеле да не ги носам никогаш немало да ви простам. Затоа најди начин и не му ја мисли, биди среќна понавреме што сте откриле.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




Тања РР -> RE: Очила со диоптрија (24.2.2010 22:19:09)

Пацувче драга нема место за разочарување. И јас носам очила од 13 години. Мајка ми исто како тебе реагираше кога прв пат ни кажаа па по некое време ми закажа преглед на приватен лекар (тогаш прегледите на приватно беа реткост). За жал овој др за да го оспори мислењето на колегите од државно рече дека нема потреба да носам очила затоа што се работи за многу мала диоптрија. Јас тогаш се радував и престанав да ги носам а за ова и ден денес се каам. Диоптерот прогресираше и денес стигнав до -2,5[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]. ( до душа најмногу ми се зголеми за време на студиите, секој огромен испит додаваше  0,25 Д [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]).

Препорака од мене: Купи му на детето некои атрактивни рамки со интересна боја (зелена, сина) и шара и убеди го дека со нив изгледа ултра модерно. Ти препорачувам да купиш брендирани рамки и пластични стакла кои се полесни од обичните за да не му го искриват носето.
Ќе биде добро, верувај ми. Можно е да нема потреба да ги носи доживотно, затоа што е сеуште дете.
На крајот на краиштата, носењето очила не е ништо страшно, јас денес толку многу си ги сакам  што не би ги менувала за никакви леќи, едноставно се дел од моето лице.




natasha -> RE: Очила со диоптрија (2.3.2010 9:11:00)

Pcuvce,ne se sekiraj.I jas imav dipotria -1.no sega na posledniot pregled mi bese utvredeno -0.5 i dr mi rece dobro e sto sum minus deka so redovno nosenje na ocila,minusot se namaluva so tekot na godinite.Sega barem za decava ima mn interesni ocila i samo so upornost ke se navikne da gi nosi....vo prvo vreme mozes i da go nagraduvas za nosenjeto na ocilata.se dodeka sam nese adaptira, a sepak mislam deka ke prifati poradi toa sto ke mu dojde ubavo na ocinjata i ke gleda podobro.Koga sin mi koj sto e so strabizam 6h gi nosi ocilata so zatvoreno okce,togas nemaj gajle za tvoeto




pacuvce -> RE: Очила со диоптрија (2.3.2010 9:15:31)

Еве денес му е прв ден на училиште со очила...Вчера попладне ги земамвме и цело време ги носеше...Сега да видиме како ќе помине на училиште...Дали ќе го преживеат денешниот ден...[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]Тој е прилично жив и темпераментен,па се плашам дека може нешто да им направи...Секако земавме детски рамки,кои се поиздржливи,а и стаклата се пластични... Ќе видиме што ќе биде...[sm=smiley1.gif]




mami -> RE: Очила со диоптрија (2.3.2010 9:17:27)

пацувче од каде ги земавте? И на мм му рекле дека треба да носи- компјутерот си го зема данокот нели- па сега е во мисла каде да пазари едни[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




pacuvce -> RE: Очила со диоптрија (2.3.2010 9:56:56)


ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

пацувче од каде ги земавте?


Е,ова е веќе приказна...Тргнавме од ГТЦ и влеговме во сите оптики кои постојат таму и сфатив само едно-дека се заинтересирани само за трговија и ништо повеќе...Спремни само да ти продадат,без воопшто да те прашаат за размер на зеници,дипотрија,опсег на видно поле... Прашувавме и за антирефлексни стакла и тие веднаш се спремни да ти продадат...
Потоа,во случаен разговор со едни пријатели добивме препорака за две оптики кои се наоѓаат во кулите спроти Рамстор,каде најпрвин работат стручни лица-оптичари,кои во согласност со размерот на зениците,веднаш ти кажуваат кој тип на очила му одговараат,за да го покријат видното поле,како и да ни ја разјаснат нашата дилема во врска со стаклата...За први очила на пример,воопшто не ни препорачаа антирефлексни стакла,затоа што на окото му треба време да се навикне и доволно е за почеток (до првата контрола после 6 месеци) да носи обични (пластични) стакла...
Муабетов ми беше...Оптиките во ГТЦ-уредени по последна мода,млади девојчиња со никакви познавања...Овие две оптики однадвор неприметни,ама внатре луѓе стручни за таа проблематика...И сега,кој е тука во предност???Трговецот или муштеријата???Или уште подобро...Кој Губи???




nutelizza -> RE: Очила со диоптрија (2.3.2010 15:58:59)

Со среќа новите наочарчиња и дај боже да му се намали диоптријата за брзо време[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




big_mama817 -> RE: Очила со диоптрија (2.3.2010 16:00:51)

пацувче пиши како сте поминала на школо со очилата




^SARA^ -> RE: Очила со диоптрија (2.3.2010 18:06:50)

I mene me interesira istoto,kako pominavte vo skolo so ocilata?




pacuvce -> RE: Очила со диоптрија (2.3.2010 18:28:40)

Па,искрено,после цел ден поминат во страв,сега малку послободно дишам...Си поминал ОК,како и секој друг ден..Учителките му рекле дека е многу убав [sm=smiley1.gif][sm=smiley1.gif][sm=smiley1.gif],а децата му ги барале да ги пробаат,ама бидејќи јас стриктно му забранив да ги вади,за да не му паднат и да не ги оштети,тој не им ги давал велејќи им дека се многу скапи...[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]Сега ќе видиме понатаму како ќе биде...Важно,очилата го преживеаа првиот ден на училиште...[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




April -> RE: Очила со диоптрија (2.3.2010 18:37:58)

WELL DONE, ANDREJ [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]

[image]http://i74.photobucket.com/albums/i263/myspaceye/freeglittergraphics/glitter-graphics/glitter-comments/cute/star2.gif[/image]




mami -> RE: Очила со диоптрија (2.3.2010 22:47:45)

Фала Пацувче за одговорот и браво за Андреј што машки го издржал денот...Ќе го пратам мм таму, во четврток, утре е на пат па нема да може...колку ли ке е чуден со очила сега[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




pacuvce -> RE: Очила со диоптрија (2.3.2010 22:48:33)

А има диоптрија + или -?




mami -> RE: Очила со диоптрија (2.3.2010 22:52:54)

еее сега ме погоди..за далеку му рекле дека не гледа[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]ако ти значи нешто..мене никогаш не ми одело со тоа + -...




caci20 -> RE: Очила со диоптрија (2.3.2010 22:53:12)

Jas i mm zemavme naocari od Salmoragi i Vigano, sega vo trgovskiot na plostad. Super sme zadovolni. Ramki si zemavme od pazar, a tamu napravivme pregled i si zemavme stakla. Pregledot cinese 500 den, a mislam za stakla plativme po 1000 den. Mal diopter imame, jas gi nosam koga citam i pred kompjuter i mm isto




Mila na mama -> RE: Очила со диоптрија (2.3.2010 22:56:34)

За далеку се минус, јас носам -1,25 на едното и -0,75 на другото око. Ги носам само кога возам инаку не си се бендисувам со очила и ги избегнувам.




pacuvce -> RE: Очила со диоптрија (2.3.2010 22:57:24)

За далеку е минус,што значи дека ќе мора да ги носи постојано...Плусот е повеќе за читање,работа пред компјутер и сл...
Да се надоврзам и на постот на цаци20...За возрасни на пазар има добри оквири,така да мами твојот маж можеш да го пратиш и таму да си одбере,а во оптика да појде и да му наместат само стакла...




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>