|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  15 16 [17] 18 19   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Прекин на доењето
10.9.2013 19:00:47   
deluxe
Ели ,проба навечер да го залажеш со цуцла лажалка??Може малку мед на цуцето за да си ја засака,и така да го одвикнуваш да не спие на цице.Јас немав проблем со одвикнувањето,бидејќи не ни цицааuser posted image ,но имам слушано искуства со поголемки деца што ги доеле,ја мачкале градата со горчливо или луто и така да се одбие.Пробај со цуцла лажалка барем мирно да спиете ноќе,кога ќе се распретка со малку мед , одма стави му ја му ја во уста и ќе си нанкаuser posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот eli07)
Непосредна врска до пораките: 401
   RE: Прекин на доењето
10.9.2013 19:59:16   
Bethany
Ели07, и јас не поминував низ процесот на одбивање, син ми сам се одби, ама тоа што имам слушнато и читано е дека кога решиш најдобро мт да те одменува, ти едноставно во тие ноќи да се склониш од видикот на син ти. Без плачки, а посебно бидејќи толку сака да цица, највероватно нема да помине, мора да си спремна за тоа. Ама верувам дека 2-3 дена ако издржиш, после веќе е поминало се.
Можеби е во процес на избивање запчиња, па повеќе бара утеха, ако веќе не ја користите цуцлата лажалка. И јас искрено допрва сега ич не би го навикнувала на цуцла, па после ќе си имаш друга мака, како да го одбиваш од цуцлата user posted image

Така да, јас мислам тоа е решението, нема и нема, може постепено само да прекинеш, прво ноќното, па денското, бидејќи преку ден нема каде да избегаш од него нели, а преку ноќ мт нека му понуди вода, ќе плаче и ќе мора да се помири на крај дека - нема. Само трпеливо и упорно, сигурно нема да е лесно, ама ако си решена, тоа е единствено што ќе ти треба. Позз и со среќа. user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 402
   RE: Прекин на доењето
16.9.2013 23:23:42   
Marina I
Zdravo na site majki,

Vaka, imam since 1.5 godinka skoro i uste go dojam, najcesto preku nok, preku den retko samo za zaspivanje. Denes doznamve deka sum bremena, i najverojatno ke treba da go odbijam, pa ke ve zamolam za iskustvo vo odnos na ovaa vozrast kako najlesno da go odbijam. Inako toj si jade skoro se, ama mleko presno ne saka bas da pie. Ziveeme samo so mm i kazete nekoja metoda za pobrzo i polesno odbivanje od doenje.

Pozdrav do site,
Odnapred vi Blagodaram

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 403
   RE: Прекин на доењето
17.9.2013 0:03:28   
vezilka RR
Ќе си ги оставиш сами со мт две три вечери, ти во друга соба. Нам ни требаше еден викенд, на слична возраст, година и 4 месеци. Првата вечер ептен плачеше, тој таму, а јас во другата соба, око не склопив, го слушав како плаче. Втората вечер помалку. Третата вечер се вратив во соба. Ми бараше, малку плачеше, ама издржавме. И следните неколку вечери бараше. Само треба да сте решени, ако почнете, да го издржите плачењето.

(Одговор на членот Marina I)
Непосредна врска до пораките: 404
   RE: Прекин на доењето
17.9.2013 9:09:15   
sandriana RR
Marina I. честитки за бременоста user posted image
За одбивањето - само цврста воља, како што кажа Везилка.
Мој совет - не го форсирај да пие друго млеко, ако не сака, и обиди се да не го учиш да пие други течности преку ноќта. Понуди му евентуално водичка, колку да ја совлада потребата од допирање или цуцање, првите неколку вечери.
Ако мм има можност да спие со него - одлична варијанта. А ти објасни му на детето дека те боли цицето, на пример. Мене таа приказна ми упали, и јас ја одбив ќерка ми на 19 месеци.
Со лесно да го минете периодов.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 405
   RE: Прекин на доењето
13.11.2013 16:54:16   
lekokrila

ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

јас ги барав лани во декември и брзо ги најдов..обично сите лекови ги наогам во аптеката што е кај Средното Јосип Броз Тито, на аголот кај раскрсницата...мене ми беше страв да оставам само да ми секне..ако веке го оставаш само тогаш секој ден по малку измолзувај се или барем масирај ги градите..


mami moze li da mi kazes dali dodeka gi piese bromergonot se odmolzuvase ili ostavi mlekoto samo da presusi zatoa sto jas gi pijam eve veke 2 dena a mleko imam uste mnogu i moram da go izmolzam zatoa sto gradite mi se tvrdi kamen na levata imam i grutki i mlekoto samo tece

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 406
   RE: Прекин на доењето
13.11.2013 19:56:34   
sandriana RR
лекокрила, дали гинекологот ти даде шема на пиење на бромергонот? Ако да, би требало и да ти каже за одмолзувањето.
Ако имаш премногу млеко, може да одмолзиш само малку, во траење не подолго од неколку секунди, колку да намали притисокот во градите. Секое подолго одмолзување ја стимулира лактацијата.
А за грутката би требало да пиеш и антибиотик.
Јас кога го пиев бромергонот не се одмолзував.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот lekokrila)
Непосредна врска до пораките: 407
   RE: Прекин на доењето
14.11.2013 22:38:44   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

лекокрила, дали гинекологот ти даде шема на пиење на бромергонот? Ако да, би требало и да ти каже за одмолзувањето.
Ако имаш премногу млеко, може да одмолзиш само малку, во траење не подолго од неколку секунди, колку да намали притисокот во градите. Секое подолго одмолзување ја стимулира лактацијата.
А за грутката би требало да пиеш и антибиотик.
Јас кога го пиев бромергонот не се одмолзував.


И намали со течности колку можеш повеќе

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 408
   RE: Прекин на доењето
7.12.2013 1:00:25   
Defne90 RR
Mene me interesira sto mislite koga e idealno vreme da se prekine so doenje.NIe imame 13 meseci i jas se prasuvam koga ke bide najdobro da go prekineme doenjeto.Od sekade slusam razlicni nesta,eve maticnata me sovetuvase da prekinamso doenje uste pred dva meseci majka mi i baba mi mi velat do dve godini da go dojam...Po internet prebaruvava na site strani razlicno pisuva.Se plasam deka ako go odbijam sega bas vo zimskiot period ke mu se namali imunitetot toa go procitav isto taka na eden sajt i pak cela zima ke bideme po ambulanti.Prvoto dete ne go doev zatoa sto ne sakase da cica i poleka mi sekna mlekoto no so ova sega ne znam sto da pravam.Na rabota ne odam no se plasam deka kolku e pogolemo tolku e potesko da se prekine so doenjeto.A i navecer stana epten zamorno stanuva po cela nok i bara da cica jas taka ke se rasoblecam ke gi izvadam gradite za da cica ke si zaspijam taka otkriena i posle bolna temperatura goram naredniot den.A posle dva dena i deckite se bolni.Inaku iako prvoto dete ne go doev sepak toj e po otporen i pomalku se razboluva za razlika od pomaloto.Prvoto since prvata nastinka ja zakaci nekade posle godinka a pomaloto se razbole posle mesec dena otkako se rodi iako toa cica.Znam deka majcinoto mleko e korisno i vlijae na podocnezniot imunitet no do koga e navistina korisno i potrebno na decata>inaku se si jademe i ovosje i zelencuk i sekavo jadenje.pls pisete mi nekoj sovet.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 409
   RE: Прекин на доењето
7.12.2013 15:34:58   
Mihaela 2010
Dafne jas kerkami ja doev do god i 5 meseci,na rabota trgnav koga taa imase13 meseci.na rabota se izmolzuvav dima kogadoagav taa vednas rcase po mene od pusta navika za cice,no kvalitetot na mlekoto ne bese toa toa a i ne i bese dovolno samo se zalazuvase a i prekuu nokta mnogu cesto se budese zatoa i prekrativ a od godina si pocna so mlek
Mislam deka ne ma potreba do dve godini da go dois,spored mene do godina e ok
I onaka sigurno si jade i druga hrana, a za imunitet toa sto go dois ne e merilo deka ke stekne imunitet a i kvalitetot na mlekoto ne ti e ko na pocetokot.
Jas bi prekinala sepak odlukata e tvoja

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 410
   RE: Прекин на доењето
7.12.2013 22:23:06   
Snowhite RR
Дафне јас би ти препорачала уште зимава да не го прекинуваш, барем јас така планирам и за првото така направив, во Март прекинав со доењето. И мене сите ми викаат доста и е, ајде одбијај ја, ама мене ми жал, еве пред месец некаде беше малку поднастината и ништо не сакаше да јади и ако не цицаше уште не знам што ќе беше од детево. Сама велиш дека е со послаб имунитет, а кога се болни мислам дека доењето најмногу им помага да се опорават. Исто за првото на 9 месеци имаше некој вирус дали нешто така и пролив на секој 10 минути, докторката ми рече добро што уште цица, ако не цицаше сигурно на болница ќе завршевте, ќе дехидрираше. Знам дека е мачно и мене ми се разбудува навечер по сто пати и баш во тие моменти си викам ќе ја одбијам, ама не, уште два три месеци ќе се издржи, за нас можеби не се ништо, ама за нив многу значат тие неколку месеци

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 411
   RE: Прекин на доењето
7.12.2013 22:47:05   
zzaa
Дафине тоа е твоја одлука, ама доењето треба да ти претставува задоволство а не измачување.
Јас мојава ја одбив на 9 месеци и баш пред нова година, на неа и стана навика имаше запчиња ме гризаше, а плус си јадеше се и си пиеше млеко. А се будеше ноке по 100 пати од навика за цицање, и си реков крај досата се имачував и јас и неа ја малтретирав ни таа наспана ни јас.
А твоето е поголемо чим си јаде се мислам доса е цисање, ама сепак тоа е твоја одлука.

_____________________________

Денот кога се збогатив ... Станав мајкa
http://lpmf.lilypie.com/9ToIp2.png?PUn0FHCJ
принцеза на мама

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 412
   RE: Прекин на доењето
8.12.2013 0:03:40   
Defne90 RR
Toj se si jade so nas si e na masa so jadenjeto znaci nemame problem.Rabotata e vo toa sto ne saka da pie ni sok ni mleko samo voda pie i ako go odbijam sega se plasam deka nema da saka nisto da pie pa nedaj boze ako nastine zimava povtorno kako pred 5 meseci dobi bronhiolitis i trebase da pie mnogu tecnosti za da moze da go iscisti sekretot.E i nam doktorkata ni rece togas deka ako ne cicase deteto navistina i nie mozevme da zavrsime vo bolnica kako edno dete od prijatelka mi.Taa taka go odbi i toa ne sakalo nisto da pie i na kraj dobilo bronho pneumonija i ete go vo bolnuica>Doenjeto vsusnost ne mi pretstavuva nikakvo izmacuvanje naprotiv zadovolstvo mi e uste od prviot den koga pocnav da go dojam no ete na pola sum so razmisluvanjeto ne znam kogo poprvo da slusam i prijatelkite veke ne gi dojat decata i tie mi velat dosta mu bese doenjeto e za bebinja nemu mu treba zdrava i izbalansirana ishrana toj veke ne e bebe > no kako i da e mislam deka ke se strpime uste ovaa zima sepak period na nastinki e i vladeat mnogu virusi.Vi blagodaram na site za sovetite pa toa e toa dobro napisano od snowhite dva tri meseci za nas ne se nisto no sa niv znacat mnogu.user posted image a i se nadevam daka ovaa zima ke uspeam da go naucam da pie i sokce i mleko po malku pa ke vidimeuser posted image

(Одговор на членот zzaa)
Непосредна врска до пораките: 413
   RE: Прекин на доењето
8.12.2013 7:34:22   
Mihaela 2010
pocni da go priviknuvas na mleko,vo meguvreme doigo...koga ke navikne na mlekoto tohas mozes i da go odbies...jas ja odbiv bidejki taa vekje i si piese leko od godinka taka dai mnogu lesno ja odbiv,a i jas nemav nesto mleko

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 414
   RE: Прекин на доењето
8.12.2013 23:48:33   
Defne90 RR
Ne znam sto ke pravime so mlekoto probav i domasno kravjo cisto probav i razredeno so vodicka malku i pasterizirano probav no nisto ne saka uste koga ke go vidi siseto so mleko odma so racete go trga se luti i ne mi dava ni do usta da mu go prinesam.Taka pocnav da mu davam no neuspesno uste otkako napolni 7 meseci no nikako ne sakase da go pie.Dobro e i sto prifati i voda da pie do 8 meseci ne piese ni voda samo na cice postojano.Ne znam kako da go ucam si velam ajde uste nekoj mesec pa koga ke go odbijam se nadevam deka sakal nejkel ke pocne da pie koga nema da cica veke.user posted image

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 415
   RE: Прекин на доењето
9.12.2013 18:50:43   
sandriana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: M

Здраво мамички...би сакала да ми кажете со какво млеко продолживте штом прекинавте со доењето?Ние имаме 6.5 месеци а за 1.5 месец почнувам на работа а немаме услови да се доиме и понатаму....ви благодарам...позз



_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 416
   RE: Прекин на доењето
9.12.2013 18:57:08   
sandriana RR
Еве М, ОВДЕ има и статија за кое млеко е подобро за доенчињата и зошто.
Кога јас би била во твојата ситуација, да е неопходно да се прекине доењето, секако изборот би паднал на млечната формула.


_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 417
   RE: Прекин на доењето
7.2.2014 16:03:35   
Snowhite RR
Во дилема сум женски. Извесно време планирам да ја одбијам Ј, еве после првиот роденден и го прекинав денското доење и сега цица навечер и насабајле и се разбира преку ноќ. А вчера заспа без цицање и цела ноќ ја помина без цицање, кога ќе се разбудеше ја нишав и заспиваше. Значи последно доење и беше вчера одручекта кај 17-18 ч(откако и го скратив денското доење, прв пат вчера и дадов тоа време, зашто и се спиеше). И сега нели ако 24 ч не цица не треба повеќе да се дава, па сега не знам што да правам, зашто некако и тече носето да не настини си викам, баш сега да ја одбијам. Инаку моментално нема никаква корист од доењето, планот ми беше зимава да не ја одбивам зашто ладно као да си заспива со цицање, да не се малтретираме со нишање и со топлење млеко, ама таа и откако ќе се нацица не заспива, па пак ја нишам и затоа си викам ова ми е шанса да ја одбијам, зашто ноќеска и таа ич не побара да цица. Сега викендов ќе се помачиме малку со нишање, па си викам ќе заборави. Стварно не знам што да правамuser posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 418
   RE: Прекин на доењето
7.2.2014 16:57:50   
Палешка РР
Прво да си го кажам ставот околу одвивање на возраст од 1 година - не сум за тоа.
Бидејќи не бара да цица преку ден и можеш нормално да си одиш на работа и да ја оставаш кај баби по потреба, мислам дека не пречи ако цица пред спиење, во текот на ноќта и наутро. Исто така не се согласувам дека нема корист од мајчиното млеко на таа возраст. Неможе да нема корист од мајчиното млеко, а да има поголема корист од кравјо млеко...тоа никако во глава не ми влегува. Плус, колку што јас знам, препораките на СЗО се да се цица до 2 години задолжително, а потоа постепено да се одбива. Плус сега е зимски период, време на настинки, грипови, па мислам дека не е добар период за одбивање.
Но сепак одлуката е на мајката.

Јас Миа ја одбив на 2 години бидејќи имав здравствени проблеми, а лекарствата кои ги примав се лачеа во млекото и морав да прекинам доење. Ја оставив да заспива со татко и 3-4 дена и се одби. Потоа уште 7 дена бараше цице ама не и давав и заборави. Тоа е мислам најбезболен начин на одбивање.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 419
   RE: Прекин на доењето
7.2.2014 19:05:25   
sandriana RR
Snowhite, ако имаш доволно млеко, јас би ти препорачала барем до кај март да продолжите со доење, нормално, ако и Ј сака да цица. Обидете се да се навикнете на 2 подоја - наутро и навечер, мислам сосем доволно е, додека да го дооформи имунитетот.
Ако успешно го надминете ноќното цицање, односно го елиминирате, одлично би било да издржите уште малку.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 420
   RE: Прекин на доењето
7.2.2014 20:31:39   
Defne90 RR
Сноувајт и јас би ти препорачала да го доиш барем додека да се потстопли,сега мислам дека не е баш идеално време за одбивање.И јас планирав да го одбијам моето е 15 месеци ама мислам дека ќе цица и март па за понатака ќе видиме.Мислам сепак да потпомине овој период на настинки па после е добро време за одбивање.Ама сепак тоа си е твоја одлука,сепак ти најдобро си знаеш дали твоето дете треба да цица уште или не.Мене матичната ми рече дека до годината било добро и корисно да се цица после немало потреба било важно повеќе како детето ќе се храни.Ама јас уште еднаш повторувам сепак тоа си е само одлука на мајката,таа само може најправилно да си одлучи.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 421
   RE: Прекин на доењето
8.2.2014 11:55:40   
Snowhite RR
Женски ви благодарам за советите, навистина ми значат и да ви кажам дека продолживме со доење, Секако тоа не значи дека уште долго ќе продолжиме. Вчера повторно и дадов да цица од неколку причини, прво ми беше некако нервозна, не знам дали заради носето што и течеше или поради тоа што сакаше да цица, ама ми беше жал па и дадов, плус мм е денеска цел ден на работа, попис ќе прават и ми беше страв ако не можам да ја заспијам, а и немам дома никакви апчиња за прекин на млекото во случај да имам потреба, а викенд е па си реков да не си направам поголем проблем. Сега за сега ќе пробам ноќе кога ќе се разбуди да не и давам да цица туку да ја презаспивам со нишкање и да цица само пред заспивање и евентуално на сабајле и така постепено да и ги намалувам подоите, па после да ја одбијам целосно. Ќе видиме како ќе биде
Што се однесува на имунитетот сега за сега е здраво дете, до сега што се вели на доктор не сум ја однесла, особено ако се земи предвид дека Михаил оди во градинка и оттаму може се и сешто да донесе дома

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 422
   RE: Прекин на доењето
17.2.2014 13:29:41   
Snowhite RR
Готово жени, нема дилема веќе Ј не цица повеќе, последен пат цицаше вчера сабајлето кај 5.30-6.00, вечерта заспа откако го испи млекото и цела ноќ се разбуди неколку пати, ама само малку ќе поплачеше, ќе се преместеше поблиску до мене, ќе си легнеше на мене и презаспиваше повторно. Си мислев сабајле пак кога ќе се разбуди, обично кај 4.30 - 5.00 се разбудува, тогаш да и дадам да цица, ама не се разбуди ич и јас станав во 6,30 за на работа а таа продолжи да спија.
Минатата недела кога пишав за одбивање градите ми се наполнија со млеко и ме болеа, а сега не, најверојатно зашто во текот на оваа недела, ја одвикнав ноќе да цица, цицаше само по еднаш или најмногу два пати, така да ми се намали млекото, така да, градиве сега за сега ми се во ред, се надевам дека нема да имам потреба од апчиња, не пијам течности, што друго да правам да не си направам проблем? Сум заборавила од првото user posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 423
   RE: Прекин на доењето
17.2.2014 18:30:28   
Defne90 RR
Сноувајт не знам дали знаеш за зелката но мене една сосетка ми рече кога ќе го одбијам детето да си ставам листови од зелка на градите и да ми стојат подолго време.зелката имала некое благотворно дејство и не дозволувала да се направат грутки од млекото.И измолзување само ако премногу ти натечат градите од млекото инаку не.Јас планирам да ставам кога ке се одбиваме па се надевам дека нема ни јас да треба да пијам апчиња затоа што имам читано дека биле многу штетни па поради тоа дури биле забранети во некои земји.Во секој случај се надевам дека нема да ти требаат:Исто така имам читано било добро да се пие чај од магдонос тој ептен го намалувал млекото.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 424
   RE: Прекин на доењето
17.2.2014 19:35:39   
Snowhite RR
Да еве си ставив листови зелκа и до сега еве не ми се напнати, а за чај од магдонос не знаев имам замρзнато свежо извадов сега и го потопив во вода ќе пρобам, освен аκо нема неκој дρуг начин да се напρавиuser posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 425
Страница:   <<   < Претходна страница  15 16 [17] 18 19   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  15 16 [17] 18 19   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?