Прекин на доењето (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Доење и дополнување на доењето



Порака


mis. -> Прекин на доењето (27.3.2009 20:06:00)

Кога мислите дека е доста со доење дали има некоја возрасна граница која бебето ќе ја достигне, причини како резултат на наушено здравје на доилката,некоја норма која си ја задаваат родителите или причини кои произлегуват од бебето.




Еца -> RE: Прекин на доењето (27.3.2009 20:10:56)

П а миц јас од она што сум го слушала викаат дека е најдобро да се прекине со доењето некаде после првата година, но еве јас доев 2,5 години. и здравје и ова ќе го дојам, може не толку долго ама пак ќе дојам ако биде се во ред и ако имам доволно млеко, нормално.




mami -> RE: Прекин на доењето (18.6.2009 22:44:52)

како влијаеше на вас престанокот со доењето?
Јас многу тешко си го поминав тој период, чувствував грижа на совест дека уште на 5 месеци почнав да го дохранувам (ситуацијата ми беше таква, почнав да работам) и постепено, млекото се намали за некаде меѓу 6-7 месец скроз да прекинам да го дојам..леле ми се плачеше кога гледав дека треба шишенце да му бутнам во уста а имав млеко за извоз[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




mis. -> RE: Прекин на доењето (23.9.2009 19:56:23)

Јас еве една недела како го прекинав доењето.Намам некои проблеми што се однесува до Стефан,градите не ми се многу исполнети и надувани бидејќи немав доволно млеко но некако како да имам потреба од апчиња или нешто слично.Пиевте ли вие некои апчиња кога се откажавте од доење?Како поминавте со градите?




barbi -> RE: Прекин на доењето (23.9.2009 20:03:04)

Jas doev godina ipol i mislev deka mnogu tesko ce ja odbijam no naprotiv? Ne piev bas nisto imav mala groznica ama pomina .




biser -> RE: Прекин на доењето (23.9.2009 20:13:52)

поголемата ќерка сама ми се одби напостепено на година дена.помалата ја одбив јас на 1,5 година и многу лошо поминавме.2 недели имав тампература и сама се одмолзував,и пиев едни апчиња. не ми текнува сега името.ама мислам дека погрешив бидејќи (и докторката ми вели)откога почна да пие кравјо млеко нагло по 1,5 литар на ден и опадна имунитетот и еве веце 1 година е болна секој месец некогаш и два пати месечно.секоја бактерија на неа се лепи




mami -> RE: Прекин на доењето (23.9.2009 20:16:55)

јас бидејки еднаш си закачив мастит и ми беше страв од уште еден си побарав апчиња од гинекологот и ми даде Бромергон колку се секавам..малку е тешко на почетокот, паѓа притисок и сл, ама поминува за неколку дена...




mis. -> RE: Прекин на доењето (23.9.2009 20:25:15)

Јас за првото пиев бромергон но ми кажаа дека веќе не се произведуваат а и да ги има морам на гинеколог за да ми ги препише.Моја братучетка има појавено некои жлезди во градите па гинекологот и кажа дека се како резултата на згрутчено млеко од времето кога доела па не пиела ништо откако прекинала со доење па и препиша бромергон но за жал ги нема повеќе.Таа не дои веќе 15год а тоа и останало како последица па се прашувам дали имам потреба од такво нашто или не?Педијатарот ми препорача дека најдобро е само од себе да се секне млекото.Што мислите вие?Се наоѓам во дилема.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




mis. -> RE: Прекин на доењето (23.9.2009 20:28:34)

Мами и педијатарот ми рече дека од бромергонот лошо ќе се чуствуван но и ги немало повеќе да си ги купам.




barbi -> RE: Прекин на доењето (23.9.2009 20:30:17)

Jas ja doev angela samo na levata strana isite mi vikaa deka ednata ce mi bide pogolema ama ne etocno toa e samo za vreme na doenjeto posle se normalizira, no jas taka pocnav da ja dojam zatoa sto imav problem, bidejci bev so carski ine mozev da se vrtam na drugata strana imlekoto mi izgubi imav golemi bolki.




mami -> RE: Прекин на доењето (23.9.2009 20:30:54)

јас ги барав лани во декември и брзо ги најдов..обично сите лекови ги наогам во аптеката што е кај Средното Јосип Броз Тито, на аголот кај раскрсницата...мене ми беше страв да оставам само да ми секне..ако веке го оставаш само тогаш секој ден по малку измолзувај се или барем масирај ги градите..




Еца -> RE: Прекин на доењето (23.9.2009 20:47:26)

Дефинитивно не сум за апчиња, бидејќи кога јас ја одбивав Мартина и отидов во аптека и барав апчиња за да ми престане млекото(а имав многу млеко)аптекарката, инаку моја пријателка ми вика:-Ти мислиш уште да раѓаш, ма какви апчињаЕлена.Ќе одиш дома и ќе ги стегнеш градите со пелена, ама цврсто, и ќе се измолзуваш така што ќе намалуваш по едно молзење, а градите постојано стегнати да ти бидат.
За недела дена јас веќе немав млеко,затоа Нато мој совет ти е да го направиш ова, и онака немаш премногу млеко. И скрати од течностите, овие денови пиј што помалку течности.




steci -> RE: Прекин на доењето (12.10.2009 10:51:36)

Jas seuste go dojam mojot sin i iskreno od sega stravuvam kako bi mi bilo mene i na Martin prekinot na doenjeto.Do koga po pravilo treba da se doi bebeto i od koga pocnuvame so prihranuvanje prasuvam bidejki nie sme seuste na majcino mleko.Pozdrav




BEBICA -> RE: Прекин на доењето (12.10.2009 11:00:39)

mili moi jas pred nekolku dena mi bes vospalena levata grada mi se zapusija kanalite i imav 39 temperatura i toa samo zatoa sto monika eden den mi preskoci 1 doenje.Jas stvarno ne znam kako ke ja odbijam.Ja prasav odktorkata na monika do koga da dojam ona mi vika dodeka jas sakam duri strucnjacite sega preporacuvaat do 3 godina, jas mislam deka toa e preterano.No sepak ke ja dojam barem do januari fevruari a do togas ke se obidam da i dadam krajvjo mleko barem eden obrok.do sega nemam probano pa ke vi pisam dali ke saka da pie kravjo mleko.inaku monika ima sega 1 dena.




nutelizza -> RE: Прекин на доењето (12.10.2009 17:19:06)

ИЗВОРНА ПОРАКА: barbi

Jas ja doev angela samo na levata strana isite mi vikaa deka ednata ce mi bide pogolema ama ne etocno toa e samo za vreme na doenjeto posle se normalizira, no jas taka pocnav da ja dojam zatoa sto imav problem, bidejci bev so carski ine mozev da se vrtam na drugata strana imlekoto mi izgubi imav golemi bolki.



колу време ја доеше само на една




profesorica -> RE: Прекин на доењето (13.10.2009 7:41:41)

Дамјан има 16 месеци а уште го дојам ноќе. еднаш до два пати, некогаш прескокнува ноќ, само на сокче е ама често бара цице.Кога ќе ми прескокне ноќ градите ми се полнат ептен и камен тврди ми се прават ама наредната вечер пред спиење кога ќе цица ми ги празни.дефинитивно не сака кравјо млеко пробав се и сешто, едно време почна да го пие ама толку траеше тоа.зимава ќе морам да го одбијам од цицање само не знам како, не сакам да зимам лекарства.




profesorica -> RE: Прекин на доењето (6.11.2009 15:55:52)

еве сме сега 2 дена без цицање, мислам дека сме на добар пат да се одбиеме, ама јас имам доста млеко па се измолзувам, страв ме фаќа луѓе, колку повеќе молзиш толку повеќе ти надоаѓа.ми е страв пак да не ми се појави мастит[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




mis. -> RE: Прекин на доењето (6.11.2009 22:01:25)

Професорица извини што вака реагирам но мислам дека дете што повеќе од 24 саати не цицало е веќе одбиено и не треба да се повратува на града.а оваа твоето 2 дена [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]Искрено не ми се свиѓа [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




profesorica -> RE: Прекин на доењето (7.11.2009 8:08:58)

мис не те сваќам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image], кој рече дека пак ќе го вратам на града???еве три дена е без цицање а јас само се измолзувам.




profesorica -> RE: Прекин на доењето (7.11.2009 11:25:09)

луѓе кажете што е поарно да се измолзувам или да земам некои апчиња за спечување на лактација.дамјан веќе 3 дена не цица а мене ми се полнат градите и ако не молзам ми се камен тврди.помагајте????




mother 29 -> RE: Прекин на доењето (7.11.2009 11:28:11)

апчиња деф.со молзење само ке потикнуваш понатамошна лактација!

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]   [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]за Дамјан!нема цице а?




profesorica -> RE: Прекин на доењето (7.11.2009 11:32:49)

Супер он пие млеко ама јас еве ептен ми се полни градиве, викаш апчиња а?а нели не чинеле???

Ајде некоја мамичка што одбивала нека каже финта, да не пијам апчиња[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




mother 29 -> RE: Прекин на доењето (7.11.2009 11:36:56)

као бре не чинеле?!а да направиш пак мастит!?а?




profesorica -> RE: Прекин на доењето (7.11.2009 12:10:13)

па затоа се измолзувам ама нели колку повеќе молзиш толку повеќе ти се ствара млеко[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]

и ако ги нема тие апчиња имали нивна замена?а овие бромокриптин се исти како бромергон или?




profesorica -> RE: Прекин на доењето (24.11.2009 8:45:34)

3 недели сме без цицање, го одбив[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] а градиве пополека ми се враќаат во нормала.имам сеуште млеко но немам потреба за измолзување.немав потреба од апчиња.




Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>