Hopeful RR -> RE: Пумпица за измолзување (30.1.2016 12:26:19)
|
Bea, Меделата беше околу 4.700 ден, со неа оди едно шишенце, но не и Calma, таа се продава засебно и е околу 1300 ден. И јас би ти рекла да почекаш, можеби нема да имаш потреба од пумпа. Инаку, се опседнав пред породување со Nipple Confusion и моментот каква цуцла да користам, и ја планирав Calma-та. Но, во болница ме разубедија, претешка е за бебињата, се мачат и не пијат, и тоа пак не ги стимулира да цицаат. Моите се од старт со обични шишенца и цуцли какви што ми препорачаа од Систина (Baby Nova, живо џабе), и немам никаков проблем со наизменично цицање и пиење од цуцла. Си имаат периоди кога сакаат повеќе да цицаат, или обратно, и има разлика од едното до другото бебе, но еве и ден денес, кога се расположени, се радуваат на цицање, отвораат уста и ме галат со рачињата, и после ако не им е доволно си пијат од шишенце.
|
|
|
|