sandriana RR -> RE: Пумпица за измолзување (25.12.2014 18:38:15)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Dilina Мајки, со оглед дека на форумов има доста мамички кои каде и да е ќе тргаат на работа, а воедно ги дојат своите деца и сакаат да продолжат со истото, верувам дека темава ќе биде од огромна корист. Мене ме интересира исто така, зошто каде и да е ќе тргам на работа, а работното време ми е безвезе, па сакам да почнам со складирање. Како го складиравте млекото? Колку време може да стои на собна, во фрижидер, во замрзнувач? Како се измолзувавте? Рачно, со електрична или рачна пумпица? Како бебушот ја прифаќа оваа промена? Јас малку експериментирав и увидов дека ако го оставам моето млеко на собна температура околу 3 часа (на 22 степена) се дели масниот дел од водата и малку ми е шубе такво млеко да му го давам на бебуш. п.с. ако има ваква тема префрлете го постот, зошто јас буричкав по темите и не најдов иста ваква. ИЗВОРНА ПОРАКА: lukajana Дилина мислам дека има ваква тема знам дека сум прочитала негде колку време стои ама не можев да најдам каде ,вака бледо се сеќавам и мислам дека беше пост на сандриана.Јас на првото дете му давав измолзено млеко до 7 месеци зошто не фати да цица,се обидовме секако ама неуспешно и ова ми се виде како единствен начин.Е сега млекото не го чував туку измолзував и одма давав.Се измолзував со обична пумпа на бејби нова ,првите месеци беше ок ама како почна да намалува млекото дека нели не е исто да цица и да измолзуваш почна да станува многу мачно,зошто многу малку млеко а многу труд и се откажав.Пробај ако можеш добро ако не форсирај каши додека си дома па да оставаш еден млечен оброк и да цица кога си дома и ноќе. ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR На собна температура, млекото може да стои од четири до осум часа. Во фрижидер три до осум дена, а во замрзнувач до три месеци. Одмолзеното млеко може да варира во бојата. Може да биде жолтеникаво, кафеникаво или синкаво. И за мајчиното млеко е нормално да се одвојат мастите и да се кренат нагоре. Измешајте го добро шишето и содржината на млекото ќе се изедначи. -Текстов е превземен од Советувалиште за доење.
|
|
|
|