ripce -> RE: Пумпица за измолзување (20.11.2009 7:37:47)
|
Еве еден совет од нашите баби, но неверојатно ефикасен.Доколку имате многу млеко, градите ви се преполни, ќе си наполните две шишиња со топла вода(колку што можете да издржите топла) соблечете се нагоре гола и ставете по едно под мишките, ќе видите како млекото само ќе истече(нормално ова ќе го правите во купатило над кад или што и да е). [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] Елена супер совет... мене 2-3 ден во болница сестрата ми полнеше шишиња со топла вода и ги држев така покрај градите, и многу ми помогна. Инаку готова бев да качам температура... млекото ми надојде, не знаев сеуште како да дојам, бебушот не можеше да ја фати брадавицата, и ете проблем. Значи сите овие проблеми околку доењето се апсолутно нормални во првите неколку дена по породувањето. Рефлексот за цицање е вроден, ама секое бебе не може веднаш да почне да го исцицува целото млеко од градите зашто и самиот колостриум нели е многу погуст од "вистинското млеко", а и секоја мајка не може уште во старт да знае како да дои. Па мајки немојте да се разочарувате ако по породувањето доењето не оди како што треба. Бидете упорни, немој да се нервирате! Моето така не сакаше да цица, ама не се откажував. Во почетокот се измолзував, ми донесоа моите пумпица, останавме уште некој ден во болница на предлог на сестрите да ми помогнат да почнеме да се доиме, почна да цица на едната града, и кога си отидовме дома си почна и на другата.
|
|
|
|