anedespo -> RE: Детали од УЗВ преглед (18.1.2011 8:28:07)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bubba Те оперираа? Каква операција? Моево има 165 очукувања, ама докторот го прашав дали е многу страшно, рече не. Дали и нешто друго испитуваше ти? Хормони, тироидна, било што,зошто беше итна операцијата. Уф те молам одговори ми побрзо :( Не се плаши. 120 - 180 се сосема во ред. Над тоа не чини. На моето му беа 220 , не се смируваа. Тоа значеше дека детето се гуши. Прво иде тахикардија, па после паѓаат тоновите , брадикардија и не чини. Ме примија на набљудување 2 дена дали ке се смири. Меѓутоа истото се повтори во рок од 24 часа и со царски рез го извадија. Здраво право сосема во ред. Други работи не испитував зашто сосема бев здрава, ниту имав висок притисок. Истото ми се случи и со првото дете во Чаир, само таму ја утнаа работата и чекаа, па почнаа да му паѓаат тоновите, да се гуши. И наместо под итно да го извадат, како на клиника, ме ставија на провокации и два дена нејадена и жедна го измалтретираа детето, па се роди со низок апгар.
|
|
|
|