RE: Детали од УЗВ преглед (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


Melanija RR -> RE: Детали од УЗВ преглед (22.10.2014 21:06:10)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Sanja.Sanja

Zdravo

Bremena sum vo 32 nedela , teloto na bebeto normalno se razviva ,osven obemot na glavata koj kasni 2 nedeli , ne znam sto znaci toa i dali se ce bide vo red , dali ce se normalizira ?

Ова е табела од нет па можеш да споредиш, се надевам се ќе биде во ред.Што ти кажаа лекарите?
==================
LMP - датум на последна менструација
GA - гестациска недела
EDD - термин за породување

EFW - тежина на плодот
FM - присутни движења на плодот
BPD - промер на главата меѓу слепоочниците
HC - обем на главата
AC - обем на абдоменот
FL - должина на `рбетот

Gestation
(weeks) BPD / OFD/ Head circumference /Abdominalci rcumference /Femur(mm) Humerus /Gestation
26 67 (4.0) 84 (4.5) 238 (20) 223 (25) 49 (5.0) 44 (4.0) 26
27 68 (5.0) 86 (4.5) 250 (20) 230 (25) 50 (5.0) 47 (4.0) 27
28 72 (4.0) 95 (5.0) 263 (20) 242 (25) 54 (4.0) 50 (5.0) 28
29 75 (4.0) 97 (5.5) 269 (25) 259 (25) 55 (5.5) 51 (5.0) 29
30 76 (4.0) 98 (5.5) 274 (25) 262 (25) 58 (6.0) 52 (5.0) 30
31 80 (6.0) 101 (5.0) 284 (25) 272 (30) 59 (5.5) 54 (5.0) 31
32 81 (4.0) 102 (5.0) 288 (25) 283 (30) 62 (6.0) 56 (5.0) 32
33 84 (6.0) 107 (5.5) 300 (25) 294 (30) 65 (4.0) 57 (6.0) 33
34 86 (6.0) 108 (5.5) 305 (25) 305 (30) 66 (4.0) 59 (5.5) 34
35 88 (6.5) 109 (5.5) 310 (25) 315 (30) 67 (6.0) 60 (6.0) 35
36 90 (6.0) 112 (5.5) 317 (25) 325 (35) 69 (6.0) 62 (5.0) 36
37 92 (6.5) 113 (6.0) 321 (25) 333 (35) 72 (5.0) 63 (6.0) 37
38 93 (6.0) 116 (5.5) 328 (25) 342 (35) 73 (5.5) 64 (6.0) 38
39 95 (8.0) 119 (6.0) 336 (25) 356 (35) 75 (6.0) 65 (5.5) 39
40 96 (8.0) 120 (6.0) 340 (25) 362 (35) 76 (4.0) 66 (6.0) 40
41 98 (8.0) 122 (6.0) 344 (25) 367 (35) 77 (5.0) 68 (6.0) 41





Sanja.Sanja -> RE: Детали од УЗВ преглед (22.10.2014 21:20:40)

Doktorot rece deka najverovatno se ce bide vo red... Samo mnogu mnogu ...... pa dali na nekogo mu se slucila istava situacija pa da mi poobjasni .




blond -> RE: Детали од УЗВ преглед (31.10.2014 17:47:22)

Сања, така мене ме плашеа со синко кога бев бремена, две недели понаппредно беше од што треба, а обемот на стомак поголем уште за две недели. И бебуш се роди буценце, па затоа мешко му беше поголемо :) не грижи се, може мааалку да утнал со мерките, 1цм 1недела разлика е. Така да не му ја мисли многу.




dani17 -> RE: Детали од УЗВ преглед (26.2.2015 14:41:02)

Zdr mamicki ve molam za vase iskustvo vo 21 nedela sumi na 4d na bebusot vidoadeka ima cista nad desniot bubreg so golemina 1sm bubrezite se so ista golemina funkcioniraat vo red ve molam dali ste imale nekoe vakvo iskustvo i sto se slucuva potoa otkako ke se rodi blagodaram odnapred




lukajana RR -> RE: Детали од УЗВ преглед (26.2.2015 15:00:51)

Мила незнам дали е можно првпат слушам ама мислам да си побараш второ мислење па ако треба и трето сигурно има решение и да е така .Поздрав и добредојде на рр




dani17 -> RE: Детали од УЗВ преглед (26.2.2015 15:05:28)

Veke bev kaj Dimcev vo sistina, no... Treba da se sledi dali raste ili ne cistata on rece deka e supla-,, vodena,, no mi treba vase isto ili slicno iskustvo pozz




Melanija RR -> RE: Детали од УЗВ преглед (26.2.2015 15:08:12)

dani17 незнам дали овде пишува за тоа, прочитај ТУКА КЛИК




dani17 -> RE: Детали од УЗВ преглед (26.2.2015 15:14:19)

Dobra okolnost e sto bubrezite se vo red cistata e nad bubregot vo gorniot del




Melanija RR -> RE: Детали од УЗВ преглед (10.7.2015 22:44:22)

Скратеници во оригинал од ехо прегледи

This should include at least two fetal measurements (usually biparietal diameter (BPD) and femur length (FL)) plus a consideration of additional parameters such as head circumference (HC), occipitofrontal diameter (OFD), abdominal circumference (AC) and humerus length (HL).

Gestation(weeks) BPD(mm) OFD(mm) Headcircumference(mm) Abdominal circumference(mm)
Femur(mm) Humerus(mm) Gestation(weeks)

32 81 (4.0) 102 (5.0) 288 (25) 283 (30) 62 (6.0) 56 (5.0) 32




Melanija RR -> RE: Детали од УЗВ преглед (26.11.2015 23:06:48)

ИЗВОРНА ПОРАКА: angelce moe

Devojki dalı imate razlika vo merkite na bebeto vo razlicni doktoru i razlicni eho aparati



Навистина знаат едни мерки ,посебно за тежина, да се разликуват од тие на скрининзите




Kvisko -> RE: Детали од УЗВ преглед (27.11.2015 13:55:35)

Angelce moe мене тоа скеогаш ми се случуваше различен доктор различен апарат разлика во мерките (не огромни ама ги имаше). Кај мене дури во 28 недела бебето се мереше многу мало ама бепе карлично поставено и после два дена пак кај истата докротка на истото ехо мерките му беа подобри. Така што без гајле за разлика во мерки. Битно е бебчето да си расте.




Felly RR -> RE: Детали од УЗВ преглед (29.11.2015 9:54:59)

И јас се согласувам дека може да има некоја разлика во мерките, но мала, да не биде драстична - а мене токму тоа ми се случи на последниот преглед. Не сум го пишала ова на форумов - но последната недела матичната ми даде упат за на болница, демек да се договорам за породување. Д-рката која ме следеше си замина на одмор, др д-р кој ми беше како опција исто на одмор, и кога појдов ајде пак се погоди д-рка која беше фалена од мои пријатели, па си реков ок, ајде кај неа.
Мереше, мереше, и бебето го измери за месец помало, тежина 2700, и дури ми вели, да не не ти е точен терминов. Јас и ги дадов сликчињата од претходните еха, еве велам видете мерки од претходно, бебето цело време си одговараше за неделите, терминот е тој, а таа ми вели - ништо, врати се по две недели.
Јас појдов пак кај матичната - таа го виде бебето, и измери килажа 3700, мерки точно за неделите (тоа беше еден ден пред термин) и дури и плодова вода заматена и намалена - останати биле само џебови од плодова вода (што оваа на болница не виде). Препораката беше или индуцирано породување, или следење секој ден на ЦТГ бидејќи плодовата вода нба ехо не може да се види дали е заматена што не би било добро за бебето. И во таков случај, со сите случки што ги имав последните месеци и стравувања за предвремено породување, да чекам природни болки ми беше како ризик,, и во недостиг на д-ри на болница (повеќето знаат дека не сум од СК) се одлучив за приватна болница, и д-р на кој му верувам.
[sm=duda.gif] се роди 3700 точно како што кажа матичната, не згреши ни за М - кажа 3500, се роди 3550. Толкава разлика прифаќам, 50 гр, ама ова што ми го кажа докторката на болница, стварно беше страшна разлика и каков и да е апаратот, не требаше да напарави таква грешка искусна докторка. Матичната како што ми рече - не и треба ни ехо, нека ти го види стомакот колкав ти е, а ти си слабичка, одма се знае дека бебето е големо.




Neurotoxin RR -> RE: Детали од УЗВ преглед (24.6.2016 8:52:43)

жени добар ви ден. Јас немам многу време да ја исчитам целава тема и да видам дали некој до сега имал слично искуство. Вчера бев на ГАК, за ехо на срце, иако таму ми рекоа дека е доцна, тоа се правело во 24 недела, јас сум 28, но ете направија некој скрининг и воедно ехо на срце. Докторката виде и во извештајот напиша дека е присутен хиперехоген фокус во лева комора со д=1,7мм. отакко заврши прегледот, јас уплашена ја прашувам што тоа значи. Тоа било формација од калциум, заради мојот низок притисок, да пијам повеќе течности и магнезиум. Ми рече дека не влијае на работата на срцето, протокот е добар, пулсот исто така... ама неможам да бидам рамнодушна. Има ли некој слично искуство. Изггуглав на брзинка, секаде во странство ова го поврзуваат со некакава аномалија, но јас ја направив приската, се е во ред, димензиите и развојот на плодот се во ред, ништо не укажува на некаква аномалија а и докторкава не ми спомна нешто такво. Ми рече голема доза на магнезиум ќе го разбиела калциумот, ама јас стварно не можев да ја најдам оваа поврзаност.





Страница: <<   < Претходна страница  23 24 25 26 [27]