RE: Повреди во домот и надвор од него (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Згоди и незгоди



Порака


Џесика -> RE: Повреди во домот и надвор од него (6.8.2011 15:44:04)

Ништо не му е, исто и внука ми така се гризна, отидоа и во болница, не се нафатија ништо да прават, не е изводливо дека е мала и самото и зарасна...душиче, којзнае колку го болело.
А пред некој ден Борјан кај мајка ми опнал мои папучи и пиејќи сок се сопна и со лицето право на касата од вратата... сега обравчето модро...[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




arh_diz -> RE: Повреди во домот и надвор од него (6.8.2011 15:50:04)

Marko denes od spalna kaj nego o krevetce od pamet se izvaiv.Negovoto krevetce e doblizeno do spalnata toj odi po spalnata a se drzi za krevetceto i denes se prevrte




dostickage -> RE: Повреди во домот и надвор од него (22.9.2011 15:47:41)

viktor zavcera se kaci od krevetot na kutiite za spisanija i padna od niv.se izvadivme od pamet.
posle toa ja napravivme dnevnata so raspored na ordinacija [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
of lele

p.s. izgleda so arh_diz sme na ista frekfencija so beljive na beljadziite nasi [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




AnnaMolly RR -> RE: Повреди во домот и надвор од него (16.10.2011 17:19:34)

Денес Филип се качуваше на столчето што го купивме вчера (онакво како за во двор пластично, за деца), се наведна нанапред и удри со челото право во аголот на панелот за греење! Му излезе модрица за буквално две секунди по ударот, веднаш со маргарин го намачкав и значително му спадна отокот и црвенилото. Ова ми е совет од тетка ми [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]

А ова ни е првата поголема повреда до сега, ниеднаш ми нема паднато како бебе, ниеднаш немал џумка или поголема модрица... Ама ете, и тој ден мора да дојде некогаш. Среќа добар е.

А столчето право на таван, ќе го чуваме за летоска.




Felly RR -> RE: Повреди во домот и надвор од него (17.10.2011 8:19:58)

Анамоли тоа за со маргаринот, не знам точно како делува, ама и јас имам слушнато дека треба со нешто мрсно (сало, масло, маргарин...) да се намачка, тоа го намалувало отокот. А свеки еднаш Матеа плус и со шеќер ја мачкаше. Не знам каков ефект има, ама па и сигурно не е штетно[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
Ќе му помине, така растат децата.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




AnnaMolly RR -> RE: Повреди во домот и надвор од него (17.10.2011 8:46:38)

Мене свеки ми рече да сум му ставела изџвакан леб[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley11.gif[/image], ама многу гадно ми е тоа и решив маргарин [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] Ама навистина помогна. Со оглед на тоа дека се удри директно во аголот на панелот, нема никаква џумка и има само една минијатурна модрица.




dostickage -> RE: Повреди во домот и надвор од него (17.10.2011 8:54:34)

maslo e zakon,probana rabota




anedespo -> RE: Повреди во домот и надвор од него (17.10.2011 9:27:47)

Jas na udreno i na otok stavam led. Znaci ladnoto go namaluva otokot i go sprecuva krvarenjeto, i ne se pravi modrica. Za ova so lebot, masloto i margarinot nemam logicno objasnuvanje. AKo znae nekoj, neka objasni. 




Pregnant -> RE: Повреди во домот и надвор од него (17.10.2011 10:28:23)

Кај нас малата сега е во период кога прави работи кои и ги браниш. Има 17 месеци и ако и речам не трчи по спалната таа намерно се качува и трча, скока, а мене срцето ми застанува. Па уште ме имитира и прави фаци како да се плаше. Или се качува на едно платнено столче и се исправува, а ако изгуби рамнотежа може главата да ја расцепе на масичката. Само Господ нека ги чува. Уште повеќе што се две, со постарата ќерка често се бркаат и само викам по цел ден.




Џесика -> RE: Повреди во домот и надвор од него (17.10.2011 17:02:09)

ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Мене свеки ми рече да сум му ставела изџвакан леб[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley11.gif[/image], ама многу гадно ми е тоа и решив маргарин [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] Ама навистина помогна. Со оглед на тоа дека се удри директно во аголот на панелот, нема никаква џумка и има само една минијатурна модрица.

Убо ти рекла свеки, мене секогаш изџвакан леб ми ставаа, значи, да се напраи ко тесто, така скробот делува за модрилото... за масло, маргарин не сум слушнала ја, ама па мраз си е мраз [sm=smiley1.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Повреди во домот и надвор од него (14.11.2011 14:40:45)

Е во петокот се изгоре од панелот во дневна. Знае дека таму е жешко и не оди натаму, но си играше со една топка и несакајќи се допре. Се утепа од плачење, душава ми се скина. Сега има црвенило на дланката каде што се изгоре, ама не реагира веќе.
Му го држев рачето под млаз вода и по некое време престана да плаче, си продолжи со играње како ништо да не било.




Felly RR -> RE: Повреди во домот и надвор од него (15.11.2011 9:56:07)

Многу се нежнички Анамоли. Еднаш така и Матеа се изгоре. На шпоретот имав ставено некое тенџере, и потпрена дрвена лажица (со пластичен дел на крајот) на тенџерето. МАтеа да меша, ја фати лажицата за пластиката и се изгоре - и се познаваа рецки на прстето. И јас така под млаз вода и го ставив рачето и ја намачкав со маст за изгорено, па и помина за еден ден.




SkCura77 -> RE: Повреди во домот и надвор од него (9.4.2012 14:44:20)

Денес срцево престана да ми чука, бев во кујна да направам млеко и ручече за срцката моја, а син ми 8 месеци во дубаче се шуткаше низ дневна. И само слушам некој метален тресок и кога втрчав гледам железото за сушење алишта го бутнал врз себе. Не плачеше скоро ич, ја плачев за него и продолжи нормално да си се понаша. Го викнав маж ми, одма дојде и демек да не го носиме во болница, имаше само малку црвенило на главчето и мала џумка. Јанѕа ме јаде уште, сега легна да спие и демек се е во ред, ама ме гризе зашто не го прибрав железото, се нервирам колку маж ми остана прибран, а ја се нервирам и се секирам, раце ми се тресат се каам зашто не го прибрав железото ќе си пукнам




SkCura77 -> RE: Повреди во домот и надвор од него (9.4.2012 14:45:37)

првпат вакво нешто да ми се случи, 8 месеци го пазам, го чувам од удари секакви, да не ми падне од кревет, зашто опасни се удари по глава, ќе пукнам од нерва и секирација




Maca25 -> RE: Повреди во домот и надвор од него (9.4.2012 14:49:17)

ее уште колку ќе паѓа!! Без грижи, колку и да сакаме не може цело време да бидеме до нив и да ги пазиме. Ако не дома, во градинка или на игралиште ќе падне!




AnnaMolly RR -> RE: Повреди во домот и надвор од него (9.4.2012 14:55:35)

Ќе се навикнеш и на паѓање, на удирање... Деца како деца, нема шанси да не падне или да се удри.
Само смирено реагирај.




SkCura77 -> RE: Повреди во домот и надвор од него (9.4.2012 15:04:20)

Тоа ме гризе, ај да бев не знам каде, ама во кујна што е залепена до дневната и јадење за него правев и пак не го дочував, криво што осеќав сабајлево дека нешто ќе се случи, ама глупача не им поверував на инстинктите и не го допазив.
Алал да ви е на нервите, знам дека децата ви се поголеми и дека имате повеќе искуство ама мислам дека никогаш нема да се навикнам дека не може да ги допазиме




vezilka RR -> RE: Повреди во домот и надвор од него (9.4.2012 15:08:09)

Их, Никола веќе редовно го наоѓаме под жицата за алишта, штом ја начека празна без алишта и може да ја помести, веднаш ја повлекува и нормално бидува заробен под неа. Секако дека не можеме секоја секунда да бидеме покрај нив, ама пак и ние некогаш сме си криви оти не го обезбедуваме просторот доволно. И јас сто пати сум си рекла зошто не ја тргам таа жицата кога е празна на пример [sm=zmeden.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Повреди во домот и надвор од него (9.4.2012 15:10:58)

Мила, Филип има 22 месеци, па и не е толку голем за да се имам навикнато. Тој првпат падна на 12 месеци. До тогаш ништо му се немаше случено. Од тогаш дали уште 2-3 пати максимум се има повредено, ама ништо сериозно не му било.
Првиот пат е најтешко. Чекај нека се удри уште 2-3 пати, ќе е научиш дека тоа е нормално кај децата.




stela -> RE: Повреди во домот и надвор од него (9.4.2012 15:47:25)

Stefan pred nekolku dena tolku opasno padna, fala bogu, gospod go cuval. Bevme kaj komsiite na gosti. I oni imaat detence, malce pogolemo dodusa 4 godinki, no nikogas nemale problem so nego da faka na masice ili bilo sto sto mu e na dofat, taka da masiceto sstakleno sstaveno tuka do garniturata normalno a do nego edno malo detsko sstolce. Napravi trissta akrobacii niz sstanot, i taman koga mislevme sega ke sse smiri, se pofana, od se go trgnavme, vo eden moment na izdiska, on da se kaci na maloto sstolce i od nego da padne na ivicata na masiceto-sreka na okoto ne padna, tuku malce pod okoto, na rabot na obrazot auuuu luge se ispotresovme site koga pocna da vristi, ne mozevme da si dodjeme na sebe...strasno...




AnnaMolly RR -> RE: Повреди во домот и надвор од него (20.5.2012 10:21:51)

Прееска Филип со свекрва ми беа кај еден комшија, а Филип паднал и си го одрал носот и челото, ама здраво! Цел е со крвави гребаници [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]  Го измив само со вода, еве сега е мирен, не плаче, си игра...

Ама сакав да прашам дали треба да го мачкам со нешто? Да го исчистам ли со хидроген? Да не го пече? ХЕЛП ако има некој искуство[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Felly RR -> RE: Повреди во домот и надвор од него (20.5.2012 10:26:24)

Анамоли, јас така за гребаници, не ставам хидроген, туку само со ракија го поминувам местото.




AnnaMolly RR -> RE: Повреди во домот и надвор од него (20.5.2012 10:30:56)

Леле, ми е страв со ракија да не го боли.
А и немам ракија дома до душа [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Пак со водичка го измив. Ај ќе побарам од комшии ракија и ќе го избришам со памукче.
Да го видите само како гревче е целиот одран [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]




Felly RR -> RE: Повреди во домот и надвор од него (20.5.2012 10:34:53)

Е па ќе го пржи малку, ама за дезинфекција. Ајде ќе му помине.




AnnaMolly RR -> RE: Повреди во домот и надвор од него (20.5.2012 15:16:10)

Најдов кантарион и го мачкам денес од тоа. Ама по едно 30-40 минути му се појавија и модринки на образот и челото и изгледа многу страшно. А не се жали дека го боли. Ќе помине, па и уште колку паѓање и гребење ќе има....




Страница: <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>