RE: Инает кај децата (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Подигнување



Порака


Bilence2 -> RE: Инает кај децата (16.2.2013 0:57:18)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика РР
о...Му викам „немој да си лош“ „е лош сум, и лут сум, и сега ќе ја удрам вратата“, и тука јас смирено но строго „лоши деца не сакам“ „е сакаш“ „Ама ти не сакаш да си лош“ -„е сакам да сум лош“ „тогаш ќе одиш кај лоши мајка и татко“ „е нема да одам, е ќе бидам лош и нема да одам кај лоши мајка и татко“ и така до сабајле, или додека не пукне тиквата... Или додека не експлодираме сите по дома...[sm=zmeden.gif]


Iiii kraj nema:) imam bas vakov vnuk koj vo april (oven e) ke polni 4. Go resija negivite, do negde bar ne e cvekence, ama mu vikaa..."nemoj da si ja izel supata", "ako samo go bacis tatko ti zasto ti kupil igracka", "tropaj posilno na masata oti ne te slusam", "ne mu ja davaj igrackata na brat ti zasto ke si najde poubava od taa" ...i taka. Sega veke pocnuva da stanuva svesen, no seuste pali ovaa reverzna taktika.




nadica -> RE: Инает кај децата (16.2.2013 17:07:32)

леле Н има инает колку за 10 деца [sm=smiley13.gif] ако не е по нејзино нема да биде по ничие
така знае да ме извади од кожа и да ми дојде да бројам до 100 бидејќи до 10 не успевам да се смирам за да не ја плеснам
некогаш се срамам од самата себеси како не успеав да си го воспитам детето да не биде толку инаетчија ама мм вели дека цела била на мене на инатот и затоа сме имале проблеми
незнам кој пример да го пишам еве на пример вчера и реков да јаде бидејќи ќе не пратат повторно во болница ако се разболи а таа од инат се расоблече само на боди и хулахопки и излезе надвор да плаче т.е да вика на цел глас
...леле незнам од каде госпот ми даде сила само да ја кренам и да ја однесам на топло да вреска уште цел саат
[sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif]




niki -> RE: Инает кај децата (17.2.2013 11:43:35)

po moe viduvanje inaetot e karakterna osobina koja ne se javuva zaradi loso vospituvanje, tuku e vrodena a kaj nekoi pretstavuva faza od rastenjeto, preku vospituvanje i rastenje i so steknuvanje iskustvo ovaa osobina se nadminuva i ublazuva i iako onoj koj e inaetliv verojatno takov ke bide cel zivot, no sepak nasa zadaca kako roditeli e ne da se obiduvame da im ja iskorenime ovaa osobina tuku da gi naucime kade da ja upotrebuvaat so cel postignuvanje pozitivni rezultati, a kade e nepozelna i samo loso na niv samite ke im donese
zatoa trpenie spasenie sto velat starite, broenje do 100 i do 1000 ako treba, postojano razgovaranje so decata dur ne napolnat 18 godini, potoa mozeme da gi ostavime da gi snosat posledicite na sopstvenite izbori




Bilence2 -> RE: Инает кај децата (17.2.2013 23:15:53)

Inaet so inaet ne se izbiva. I roditelite na inaetlivite.deca znaat da vodat inaet kon decata, pa duri muabetot zavrsuva so..".e aj da vidime dali ke e po moe ili po tvoe." Najcesto ova e kazano od roditelite, za zal. Go spomnav vnuk mi vo prethoden post, i ova go zabelezuvam bas i kaj brat mi i kaj snaa mi, ama inaeti dvajcata pa ne me slusaat koga im velam deka kaj niv e problemot[sm=zmeden.gif].
(Cest za isklucocite, moze gresam ama barem vo mojata najbliska okolina ova go zabelezuvam).




Snowhite RR -> RE: Инает кај децата (19.2.2013 0:10:09)

Леле мислев дека само моето дете е голем инает, што и јас многу пати си помислувам дека некаде јас погрешив во воспитувањето. Од друга страна па си мислам дека детето си има свое Јас и свој став за некои работи и си стои на тоа, како и што ми рекоа во градинка. Една воспитувачка, моја пријателка кога ја прашав каков е, дали е мирен ми рече Се инати, ама во позитивна смисла, си има свое јас и нешто што е негово си го бара, не попушта
А исто и јас имам помислено на тоа дека кога тие се инаетат и ние не попуштаме и сакаме да биде по наше, па дали на тој начин му покажуваме што е инает и тие учат од нас.
Понекогаш стварно не знам како да постапам, ама после секоја ваква ситуација, го седнувам и разговараме и ме сфаќа, демек, до кога? до следната




masa -> RE: Инает кај децата (28.3.2013 11:44:43)

Неколку дена имам проблеми со малата - едноставно не ме слуша.Јас зборувам,а таа си продолжува со тоа што го прави и по пола саат се молиме за најбанални работи.Неколку пати ми попуштија нервите и вчера откако ја молев да седне да јаде и секако пробав и ние се најадовме и требаше веќе да излегуваме а таа сеуште си играше ми пукна филмот и ја плеснав по газе неколку пати и истегнав уво (тоа ми се воспитни мерки кога претерува),но пак се тегнеше и неколку пати ја качував на стол и ми се тегне,се пика под маса,се лигавеше и ми плукаше јадење и јас удрив и по уста.Утрово додека ја облекував ме удри мене по лице ми вика тргни се не гледам цртани од тебе.Знам дека згешив што ја удрив (ете и ми врати),но незнам како да постапам.Казна ништо не и значи,да и забранам цртани или чоколадо.А за зборување устата пена ми фаќа од објаснување и до пред некое време добро ми одеше,но сега не ме слуша.Јас зборувам не ме ни погледнува,не ме слуша како да ме нема.А за инает терање тегнење легнување на земја и цимолење по пола саат за глупости да не зборувам.Ја игнорирам кога плаче за ништо или кога легнува на земја кога сме дома,но ми се има неколку пати случено и во јавност.Пред некој ден одвај ја извадивме од маркет се дереше како луда зошто и се скршило чоколадото.И со мм имам кавги мене ме обвинва зошто немала страв од мене јас сум ја разгалила зошто сум против ќотек.Очајна сум и се чувствувам како неуспешен родител,а толку многу вложувам и неможам да излезам на крај со мало дете.[sm=smiley19.gif]




elenaanamarija -> RE: Инает кај децата (28.3.2013 11:57:24)

lele srcka i jas go imam istiot problem voopsto ne slusa...treba da se izvikam i od 5 ili 6 pat ke upali i ke me poslusa a moze i da ne me poslusa neznam do koga i do kaj ke terame vaka ama....




elenaanamarija -> RE: Инает кај децата (28.3.2013 11:59:53)

tezok inaet e stvarno nemam veke ni zivci nekogas[sm=smiley19.gif]




elenaanamarija -> RE: Инает кај децата (28.3.2013 12:02:44)

majka mi postojano mi vika samo zboruvanje treba ama kako da razgovarame koga ne se ni svrtuva da me pogledne da vidi vo sto e rabotata...(ova ni se slucuva obavezno ednas vo denot), znaci nema den da pomine a da ne istera baarem ednas inaet za nesto...




oliva -> RE: Инает кај децата (16.4.2013 9:59:36)


ИЗВОРНА ПОРАКА: masa

Неколку дена имам проблеми со малата - едноставно не ме слуша.Јас зборувам,а таа си продолжува со тоа што го прави и по пола саат се молиме за најбанални работи.Неколку пати ми попуштија нервите и вчера откако ја молев да седне да јаде и секако пробав и ние се најадовме и требаше веќе да излегуваме а таа сеуште си играше ми пукна филмот и ја плеснав по газе неколку пати и истегнав уво (тоа ми се воспитни мерки кога претерува),но пак се тегнеше и неколку пати ја качував на стол и ми се тегне,се пика под маса,се лигавеше и ми плукаше јадење и јас удрив и по уста.Утрово додека ја облекував ме удри мене по лице ми вика тргни се не гледам цртани од тебе.Знам дека згешив што ја удрив (ете и ми врати),но незнам како да постапам.Казна ништо не и значи,да и забранам цртани или чоколадо.А за зборување устата пена ми фаќа од објаснување и до пред некое време добро ми одеше,но сега не ме слуша.Јас зборувам не ме ни погледнува,не ме слуша како да ме нема.А за инает терање тегнење легнување на земја и цимолење по пола саат за глупости да не зборувам.Ја игнорирам кога плаче за ништо или кога легнува на земја кога сме дома,но ми се има неколку пати случено и во јавност.Пред некој ден одвај ја извадивме од маркет се дереше како луда зошто и се скршило чоколадото.И со мм имам кавги мене ме обвинва зошто немала страв од мене јас сум ја разгалила зошто сум против ќотек.Очајна сум и се чувствувам како неуспешен родител,а толку многу вложувам и неможам да излезам на крај со мало дете.[sm=smiley19.gif]

ова истото и кај нас се случува




Mihaela 2010 -> RE: Инает кај децата (6.12.2013 12:14:49)

Koga kje ja fati inat vekje ja nauciv i ne krevam ton,ne ja karam,tuku pocnuvam so ubavo da ja sovetuvam,so blag ton i toa sekogas mi pali...
sum probuvala porano so vikanje i karanje ama sekogas si isteruvala po nejzino..




Martins mom -> RE: Инает кај децата (6.12.2013 12:27:40)

Инает е неговото второ име! Мислам дека не постои дете што не го поседува.




Defne90 RR -> RE: Инает кај децата (13.2.2014 19:27:07)

I jas mislam deka ne postoi dete sto ne go poseduva inaetot no kaj nekoi deca e mnogu poveke izrazen a kaj nekoi pomalku.Ete na primer moeto pogolemo since znaci luge tolku mnogu inaet ima vo nego sto e vo sostojba da se dere i da vreska se dodeka ne go dobie toa sto go saka.Znaci kaj nego ne p[alat nikakvi zakani nitu molbi ili pak da uspees da go izlazes so nesto.Znaci toa sto toj go naumil na ovoj ili na onoj nacin mora da se ispolni.I takov e uste od malecok uste ot koga pocna da razbira.E sega kaj pomaloto isto primetuvam inaet ama ne vo taa golema doza sto ja ima kaj brat mu.Znaci relativno brzo se pomiruva so se i ne e tolku uporen za da mu se dade nesto da receme za razlika od brat mu na taa vozrast.[sm=smiley1.gif]




Mila mamicka -> RE: Инает кај децата (26.9.2014 12:05:57)

Сметам дека инаетот е карактерна особина која се наследува од родителите, во помала или поголема мера. Меѓутоа, според сите ваши коментари погоре, а и според литературата која што сум ја читала на оваа тема, мислам дека сите дечиња поминуваат низ една фаза која се инаетат за се и сешто. Тоа се случува некаде од 2та до 3та година, период кога стануваат свесни за своето јас и си ги пробуваат своите можности со нас родителите. Моментално и син ми поминува низ таа фаза, макар што не е во некоја голема мера. Сепак, како еден метод којшто видов дека функционира со него е да му го кажувам спротивното од тоа што сакам да го направи. На пр. немој да си го изел јадењето, мама сака да го јаде, и тој одма трча да јаде, или не седнувај на креветот, седни си на подот, подобро ќе ти биде. И тој, нормално седнува на креветот. И многу други слични ситуации. Овој метод досега вродил многупати со резултати, се разбира не секогаш, па би можеле и вие да го пробате. Доколку детето го има инаетот како карактерна особина, наша обврска како родители, е да го насочиме инаетот кон остварување на позитивни цели во животот.   




Snowhite RR -> RE: Инает кај децата (26.9.2014 17:47:46)

Да и ние еден период со Михаил така правевме, се обратно му велевме за да го направи тоа што сакаме, т.е. што треба. Мене не ми се допаѓаше баш ваквиот начин, ама беше напорно и немаше друг начин да го натераш да прави тоа што му кажуваме




tincule -> RE: Инает кај децата (26.9.2014 18:59:35)

Кога ќе сакате да забраните нешто ако идете со немој ова немој она кај нив се јавува инатот затоа што нема објаснување зашто не смее тоа да го прави, пробај да не ја започнуваш реченицата со немој или само ако ова че видиш туку на пример да речеме ако не смее да си игра со даљинското да кажеме замоли го на некој начин како тоа не би звучело како наредба туку молба со мирен но авторитативен тон. Сега знам како звучи ова ама пали. Сакаат да им се каже зашто нешто не е дозволено да се прави или заѓто нешто треба да направи а притоа тоа да не звучи како диктаторска наредба. Многу помага и низ игра залажување како мини натпревар што поинтересно тоа има повеќе ефект. А најголем проблем се јавува дома и децата да манипулираат со родителите барајќи да си го истераат своето кога мама и тато се карале пред него или кога едниот не дозволува а другиот попушта. Обично тато попушта па и прави проблеми на мама. Значи пред детето колку и да не се согласувате со одлуката на сопружникот во моментот подржи го во тоа пред детето а на само кажете си кој каде згрешил не пред него. Јас имав едно доста агресивно инает дете склоно кон самоповредување ако не беше по негово, со викање не идеше мајка му со карање и молење објаснување пак не идеше, и јас проба преку игра, со смеење и на пример не не играј со тоа еве ти о ова може тоа ќе го оставиме за после на тој некој начин го смирував, за 5 минути забораваше и ќе си продолжи. Сега друго не знам како би ти помогнала. Друг совет баш забележувај кога почнува да се инаети и да се однесува така, некои деца сакаат така пред публика односно кога има повеќе луѓе па затоа и така се однесуваат кога се надвор, некои го прават тоа од досада, или не доволно внимание во текот на денот, некои од осаменост ако е единче и слично. Запази на ова и ќе ти биде полесно и да знаеш во моментот на кој начин да комуницираш со нејзе. Поздрав
ИЗВОРНА ПОРАКА: oliva


ИЗВОРНА ПОРАКА: masa

Неколку дена имам проблеми со малата - едноставно не ме слуша.Јас зборувам,а таа си продолжува со тоа што го прави и по пола саат се молиме за најбанални работи.Неколку пати ми попуштија нервите и вчера откако ја молев да седне да јаде и секако пробав и ние се најадовме и требаше веќе да излегуваме а таа сеуште си играше ми пукна филмот и ја плеснав по газе неколку пати и истегнав уво (тоа ми се воспитни мерки кога претерува),но пак се тегнеше и неколку пати ја качував на стол и ми се тегне,се пика под маса,се лигавеше и ми плукаше јадење и јас удрив и по уста.Утрово додека ја облекував ме удри мене по лице ми вика тргни се не гледам цртани од тебе.Знам дека згешив што ја удрив (ете и ми врати),но незнам како да постапам.Казна ништо не и значи,да и забранам цртани или чоколадо.А за зборување устата пена ми фаќа од објаснување и до пред некое време добро ми одеше,но сега не ме слуша.Јас зборувам не ме ни погледнува,не ме слуша како да ме нема.А за инает терање тегнење легнување на земја и цимолење по пола саат за глупости да не зборувам.Ја игнорирам кога плаче за ништо или кога легнува на земја кога сме дома,но ми се има неколку пати случено и во јавност.Пред некој ден одвај ја извадивме од маркет се дереше како луда зошто и се скршило чоколадото.И со мм имам кавги мене ме обвинва зошто немала страв од мене јас сум ја разгалила зошто сум против ќотек.Очајна сум и се чувствувам како неуспешен родител,а толку многу вложувам и неможам да излезам на крај со мало дете.[sm=smiley19.gif]

ова истото и кај нас се случува





caciana -> RE: Инает кај децата (30.11.2014 14:49:51)

Inaet e vnuka mi [sm=smiley36.gif].. sto da im pravam koga si zela krakter od tetka i [sm=bravo.gif] .




blond -> RE: Инает кај децата (30.11.2014 17:14:49)

Uste kakov nacin ne sum isprobala mali da go smiram koga vodi inaet, ma jok bre, mazga inaetliva e. I mi uspeva samo so plasenje deka ke dojde losiot cicko da go zeme. I ne sekogas pali. [sm=smiley13.gif]




mommy_angels RR -> RE: Инает кај децата (12.1.2015 10:19:30)

Овде можам цел роман да напишам.Малово го има собрано инаетот од цела фамилија заедно.Ако ви кажам дека функционираме како приказната со инаетливата жена со Шенка,се ќе ви биде јасно.И буквално е така,без трошка претерување,се што сакам да направи и викам да не го прави,па така работата е завршена [sm=jezicek.gif]




Snowhite RR -> RE: Инает кај децата (14.1.2015 8:41:36)

mommy angels rr и ние со Михаил долго време функциониравме по таа приказна[sm=smiley36.gif], ако сакавме нешто да направи, на пример ако не јадеше, ќе му речеме, Само ако си јадел и почнуваше да јади.
Е сега не знам дали е инает, или едноставно не сака да ме слуша, ако му речам нешто да не и прави на сестра му и баш тоа ќе и го направи
А Јана? Е таа е посебна приказна, таа сеуште не зборува, ама разбира се и кога нешто ќе си зацрта џабе и кажувам да не го прави, таа пак истото и дури ми се смее додека го прави тоа




Ilina87 -> RE: Инает кај децата (28.2.2015 0:21:52)

Јас веќе не знам како да се справам со инаетот. Зарем е можно дете од година и пол толку да се инаети или е само период што ќе се надмине? Буквално се сака да е по негово, плачи, турка се пред него ако нешто не му е по ќеф. Убаво ме разбира што смее, а што не смее и пак си тера по негово. Неколку пати го удрив по газот, си се смее и си продолжува. Нема страв ни од мене ни од мм.




deluxe -> RE: Инает кај децата (28.2.2015 8:48:52)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Ilina87

Јас веќе не знам како да се справам со инаетот. Зарем е можно дете од година и пол толку да се инаети или е само период што ќе се надмине? Буквално се сака да е по негово, плачи, турка се пред него ако нешто не му е по ќеф. Убаво ме разбира што смее, а што не смее и пак си тера по негово. Неколку пати го удрив по газот, си се смее и си продолжува. Нема страв ни од мене ни од мм.


Ilina87 ova e normalna faza kaj decata na taa vozrast.I nie ja pominavme.Ke ti dadam sovet od moe iskustvo> Ignoriraj go!!Ne reagiraj koga se luti,kako da ne go gledas,sto i da pravi ti gledaj si tv.Ke mu pomine,




Melanija RR -> RE: Инает кај децата (28.2.2015 13:06:57)

Ilina87 идентично, на иста возраст ни се децата.Ми викаат да разбира нешто но не и зошто нешто не смее да прави.Така што личи ама не е инает, го вади кабелот од ТВ , збори,објаснувај,викај,плесни и џабе.Некогаш кога го карам ми се смее до зајдување. Тоа е темперамент дете[sm=smiley1.gif]




Ilina87 -> RE: Инает кај децата (28.2.2015 21:44:18)

Се надевам дека е само минлива фаза и нема да биде инаетчија по карактер. Го игнорирам колку што можам, но некогаш ги поминува сите граници, а најмногу се нервирам кога упорно прави нешто со што може да се повреди. Многу е немирен се расипа дома,телевизорот два пати го носиме на поправка и мора со карање и викање да се разбериме некако и ете по некое време пак тоа што не треба ќе го направи.
Не знам како правилно да се постапува.




deluxe -> RE: Инает кај децата (3.3.2015 9:33:16)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Ilina87

Се надевам дека е само минлива фаза и нема да биде инаетчија по карактер. Го игнорирам колку што можам, но некогаш ги поминува сите граници, а најмногу се нервирам кога упорно прави нешто со што може да се повреди. Многу е немирен се расипа дома,телевизорот два пати го носиме на поправка и мора со карање и викање да се разбериме некако и ете по некое време пак тоа што не треба ќе го направи.
Не знам како правилно да се постапува.



Ilina87 veruvaj deka e faza,toa go pominav so prvoto ,sega I so vtoroto dete.Inaetot koj deteto go manigestira e faza so koja go jakne karakterot I samodoverbata.Zatoa ne probuvaj da mu go "srusis" inaetot,ne se zamaraj so toa dali ke bide inaetcija.Kako velat statute:"Toa sto denes te nervira,vo idnina ke te pravi gorda"Znaci deteto ke si ima svoi ambicii,svoe Jas!
Ignoriraj koga place I see treska od zemja,koga pravi bejla kazni go(ne fizicki)pr.mama ke ti se luti,ke placam,nema da odime na prosetka I SL.





Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4   Следна страница >   >>