blue_blue -> RE: Инает кај децата (3.3.2015 16:34:12)
|
Ilina 87, инает кај децата не постои барем не во онаква верзија во каква што ние родителите мислиме дека го прават - намерно ми се прави така за мене да ми тера инает. Во нивниот мозок (ова истражувња го докажале од луѓе многу попаметни од мене) тоа нема врска ама баш никаква со инает. На таа возраст од околу година ипол докај 3 години детето не разбира што е добро, што е лошо ниту разбира што е опасно што не е, ниту од што може да се повреди од што не. Нему телевизорот не му е опасна играчка ниту пак твоето објаснување не таму ќе паднеш или ќе се удриш му значи нешто. Му значи само дека привлекува внимание...еве вака некако од прилика функционира - кога го тегнам ТВ-то мама и тато и баба и дедо ми зборуваат...колку повеќе го тегнам толку повече ми праат муабет...значи за да им привлечам внимание треба да продолжам да го тегнам ТВ-то...ова важи за сите други работи. Колку повеќе викаш и забрануваш толку повеќе детето го прави баш тоа што не сакаш да го прави. За да влијаеш на промена на некое однесување единствен начин е тотално игнорирање на несаканото однесување, а викање браво и ракоплескање или насмевка кога детето ќе направи нешто што сакаш да прави. Под тотално игнорирање мислам буквално...се правиш дека не го гледаш, не му се обраќаш и не реагираш. Ако видиш (пошто со дел од око гледаш) дека доаѓа во ситуација во која може тешко да се повреди само стани и тргни го без било каков коментар и продолжи си понатаму со она што си го правела...значи никако придавање значење на однесувањето кое не го сакаш...Така детето ќе сфати дека не привлекува внимание и ќе престане. Значи верувај сто проценти функционира, само треба тотално да го изигнорираш...И кога се треска по земја, остави го и излези од соба....нека се треска од земја и нек плаче....во таа фаза џабе пробуваш да се објасниш, само полошо станува. Кога ќе е смирено детето објасни му што се случило и зошто не треба така...ако тоа упорно го правиш после 3-тата година ќе има развиено чувство што е Ок да прави а што не.
|
|
|
|