|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Да гласаме за нашите убавини!
26.6.2009 10:52:26   
Еца
До 7 јули е гласањето за Охридското Езеро и Пештерата Врело за финалисти за светски чуда Втората фаза во глобалната трка за избор на новите седум Светски чуда на природата, во која се натпреваруваат 261 природни атракции од цел свет, а меѓу нив и Охридското Езеро и Пештерата Врело кај Матка трае до 7 јули. 

Македонскиот комитет повикува во гласањето активно да се вклучат институциите и граѓаните од земјава заради висок пласман на нашите природни раритети. Интернет-порталот за директно гласање е www.new7wonders.com, а една електронска адреса носи еден глас.

На 7 јули жирито, предводено од Федерико Мајор, поранешен претседател на УНЕСКО, ќе избере 21 финалист од првопласираните 77 кандидати.   Процесот за избор во планетарни размери е долготраен, има неколку фази и ќе трае до 2011 година. Организатор на изборот е швајцарската невладина организација Нови светски чуда на светотт.

  Пред две години беа избрани и современите седум светски чуда направени од човекот - Кинескиот ѕид, Колосеумот, Таџ Махал, статуата Исус Христос, градот Петра, пирамидата Чичен Ица и загубениот град на Инките Мачу Пикчу.

< Поракaта ја уредил Elena -- 26.6.2009 10:53:02 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Да гласаме за нашите убавини!
26.6.2009 11:56:15   
Еца
  За пештерата "Над Врело" често го употребуваат името "Убава Пештера", затоа што навистина претставува вистинска убавица меѓу сите други пештери во Матка. Се наоѓа на околу 100 метри над езерото, односно 75 метри висинска разлика од пештерата "Врело" по што и e дадеno името "Над Врело".Пештерата Врело е лоцирана во коритото на Матка од десната страна на реката Треска блиску до главниот град на Македонија,Скопје.Пештерата е систем од две пештери една над и една под водата и езеро.На таванот е вистински "дожд" од сталактити, а не помалку зачудуваат неколкуте столбови. Посебно воодушевуваат "столбовите близнаци" кои се високи околу 6 метри и се со бела кристална боја.Исто како и Пелистерски очи и пештератаВрело е номинирана за ново 7мо светско чудо и е моментално на 316место.





_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Да гласаме за нашите убавини!
26.6.2009 11:57:31   
Еца
 Убавините на Матка  http://www.canyonmatka.com/gallery/gallery1.html

http://www.canyonmatka.com/gallery/gallery2/index.html

http://www.canyonmatka.com/gallery/gallery3/index.html

http://www.canyonmatka.com/gallery/gallery4/index.html

< Поракaта ја уредил Elena -- 26.6.2009 12:04:24 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Да гласаме за нашите убавини!
26.6.2009 12:07:18   
mami
Матка е дефинитивно најубаво место на светот..уживам кога сме таму...веќе гласав...се надевам ке ја избератuser posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Да гласаме за нашите убавини!
26.6.2009 13:05:06   
Nikolina
Незнам немам појдено на Матка ама дали вие имате дојдено на камењарот на Пелистер да видите и чудо и убавина во исто време,незнам неможам да се одлучам меен многу места кај нас ми се убави св.Наум,св.Јован Бигорски,свПречиста од Кичево,јас обожавам манасити со конаци добро сега и плнина и езереца ама во манастирите некако наоѓам духовна силаuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Да гласаме за нашите убавини!
26.6.2009 13:06:43   
Nikolina
упс можи ја утнав малку тематаuser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Nikolina)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Да гласаме за нашите убавини!
26.6.2009 13:37:54   
Еца
Не, не тука можеме и ние самите да си ги претставуваме убавините на нашата мила Македонија,Затоа пишувајте слободно што треба и вреди да се посети кај насuser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Nikolina)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Да гласаме за нашите убавини!
12.10.2009 20:59:14   
mother 29
prekrasnite Osogovski planini-Ponikva!i vo leto i vo zima -ednostavno prekrasno!

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Да гласаме за нашите убавини!
12.10.2009 21:04:02   
Еца
Недалеку од Кратово крај селото Куклица светнуваат контурите на безброј камени фигури, неми сведоци на историјата на нашата планета, стари над 50 илјади години, создадени по природен пат преку вертикална ерозија на меките вулкански карпи високи и повеќе од десетина метри.  Овие камени фигури се чувари на легендата од овој крај позната како “Скаменета свадба".

Некогаш, многу одамна едно момче од селото неможејки да реши која девојка да си ја земе за жена, дали онаа од Горно маало или онаа од Долно маало, во ист ден им закажал свадба на двете девојки. Кога едната од девојките го видела своето момче со друга невеста, огорчена и скршена од тага ги проколнала со зборовите: “Да даде Господ да се скаменам јас и сите вие со мене. Во тој Во тој момент сите свадбари се скамениле, а и таа со нив.

http://www.youtube.com/watch?v=p9w_1vHKSB0

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 9
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Расположението во бременоста.
Admin

Дали сте имале ненадејни промени во расположението за време на бременоста?