|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  26 27 [28] 29 30   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Одвикнување од пелени
12.8.2013 23:17:13   
sandriana RR
Денес прв пат Т почна да кажува дека и се мочка, без да ја тормозам и молам секој саат да седнува на нокшир. Имавме само една грешка со мочкањето вечерва, ама какањето е сеуште проблем. Ќе каже откако ќе се искака, или ќе се искака откако ќе и досади да седи на нокширот...Пелена ставам за спиење - и денско и навечер. Наутро се уште не се случило да се разбуди со сува пелена.
Веројатно следниве денови ќе го укапира и моментот со какање - е тогаш честам, ветувам user posted image

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 676
   RE: Одвикнување од пелени
13.8.2013 0:18:07   
Annet
nie kazuvame za mockanje i denes i za kakanje:))) jupiii
navecer i stavam,posto pie mn voda od zeskovo i po 2 peleni noke menuvam,polni se ,a za denski samo za prespivanje,i ako odime nekade na setanje na poveke vreme,inaku drzi po 1,5 saat:)))
mislam deka uspeavme,ne ja forsiram,ama si stvori navika,mislev deka e nevozmozno,ama bilo
sega korispime po 4 peleni,a pred toa po 8-10 na den.Potenciram deka pie po 3-4 litra tecnost na den:))
jas sum zadovolna i vaka:))

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 677
   RE: Одвикнување од пелени
13.8.2013 0:23:55   
denim
Eve i nie veke 10 dena se odviknuvame od peleni. Bliznaci se i odi generalno OK. Nekogas nie gi sednuvame, nekogas sami kazuvaat, nekogas ke podzgresat i taka... Ednoto so kakanjeto odi potesko, ne kazuva na vreme nego ke mu tekne koga ke zavrsi rabota... Gi sporeduvam so kerka mi (postara) koga gi izvadivme svati od prva i ne zgresi veke. Ovie dvajca dali deka se maski ili mozebi jas premnogu ocekuvam... ne znam. Za spienje im stavam uste peleni, mislam deka bi bilo preambiciozno oekuvanje da gi ostavam da spijat bez niv.

_____________________________

ПО 100 ГОДИНИ ...НЕМА ДА БИДЕ ВАЖНО КОЛКАВА БЕШЕ МОЈАТА СМЕТКА ВО БАНКА, КАКВА БЕШЕ КУЌАТА ВО КОЈАШТО ЖИВЕЕВ, ИЛИ КАКОВ АВТОМОБИЛ ВОЗЕВ. ...НО СВЕТОТ МОЖЕ ДА БИДЕ ПОИНАКОВ ЗАТОА ШТО ЈАС БЕВ БИТЕН ВО ЖИВОТОТ НА ЕДНО ДЕТЕ!

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 678
   RE: Одвикнување од пелени
13.8.2013 0:29:08   
Annet
taka e denim,ke bide,e sega leto e pa ke briseme,pereme:))) ama pa zimi se ke skratime po 2-3 iljadarki za peleni:)))

(Одговор на членот denim)
Непосредна врска до пораките: 679
   RE: Одвикнување од пелени
13.8.2013 12:58:18   
bucko mal
Mamicki ovde gledam nekoj pamper-gakicki za koga se odviknuvaat od peleni,jas prv pat tuka vidov,neznam dali vie koristite ama nekako mnogu prakticni mi izgledaat.

(Одговор на членот Annet)
Непосредна врска до пораките: 680
   RE: Одвикнување од пелени
13.8.2013 13:22:26   
Yummy Mammy
Moze li ve molam da pisuvate kolku vi se stari decata vo momentot na odviknuvanje?
Blagodarime user posted image

_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 681
   RE: Одвикнување од пелени
13.8.2013 14:23:56   
Bethany
Јас нели нешто се обидував со одвикнување пред да тргнеме на одмор. Грешка беше што воопшто се обидував, беше погрешно време мислам и брзо се откажав.
После тоа не сакаше никако да оди гол (или во гаќички ), значи да е без пелена, дури плачеше кога му ја соблекував пред бањање.
Сега гледам подобро е, му ја симнувам пелената без да плаче, ама се уште кога е гол, оди со раширени нозе user posted image

Не знам дали повторно да се нафатам, ама ако се нафатам сакам тоа да биде тоа и да нема веќе назад.
Не сум сигурна дали јас сум спремна да одам со него до крај, бидејќи ни претстои малку позафатен период , па пак да не е погрешно време...
Како и да е, не се оптеретувам многу, не ми е проблем ниту да чекам следна пролет... Ќе има 2 години и некој месец, две и пол, можеби дури ќе биде и подобро време и побрзо ќе се одвикнеме, да не ризикувам сега. Или пак ќе почекам да видам да ни се растерети распоредот таму некаде крај на септември, таман ќе има полни две години, па да завршиме со тоа.

Браво за сите мали што ќе шетаат по гаќички user posted image user posted image

< Поракaта ја уредил Bethany RR -- 13.8.2013 14:24:31 >


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Yummy Mammy)
Непосредна врска до пораките: 682
   RE: Одвикнување од пелени
13.8.2013 15:08:22   
Yummy Mammy
Bas od tie pricini zamoliv da se pisuva i vozrast na deteto.
Jas se isfrustrirav epten. Letovo na M (1,5 god) gazeto zar i se napravi, nikako ne mozevme da go sredivme i bas od tie pricini pocnavme da se ucime da mocka i kaka vo noksir ili na daska na solja. Olesnitelna okolnost e sto ima postara sestricka pa ja gleda nea i odi so nea vo wc, i znae sto se pravi tamu. Ama M da sedi ne saka, vika deka se plasi (mozebi ja boli gazeto koga kaka). Ona saka samo da im vika "cao cao" na kakite i da pusta voda user posted image I moli da i obleces pelena za da se iskaka vo nea.
Vidov, ne vidov, ne sakav da si go maltretiram deteto zasto epten bese zalno, i prestanav da se obiduvam. I jas rekov na prolet, ke ima skoro 2,5 god pa ke bide posvesna. I pogolemata kerka na taa vozrast se nauci.
Samo sakav toa da bide letovo, em zaradi higiena zasto epten ima problem so nafrlanje od pelenite, na sekoe pomockuvanje menjame pelena, em zasto sakam da odi vo gradinka od esen, pa da ne odi so peleni tamu nema da ja presoblakaat tolku cesto.

_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 683
   RE: Одвикнување од пелени
13.8.2013 16:04:45   
sandriana RR
Јас во претходните постови имам пишано, да не се повторувам по милион пати, дека на крај на месецов ќе полниме 2 години, а и стикерот кажува user posted image

Инаку, ЈамиМами, сепак 18 месеци некако е прерано за одвикнување, ретко кај кое дете е развиена свеста за физиолошка потреба и контрола на рефлексот. И форсирањето не верувам дека ќе даде резултат, туку може да има само контра ефект, така да не би брзала - плус ти имаш искуство и со поголемата ќерка - па не треба да се фрустрираш на оваа тема user posted image

За денес, со мочкањето сме успешни, но каките пак завршија на плочки, веднаш до нокширот user posted image

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Yummy Mammy)
Непосредна врска до пораките: 684
   RE: Одвикнување од пелени
13.8.2013 16:37:52   
Felly RR
Ние баш на 18 и пол месеци почнавме со одвикнување. Имаше нервози нормално, ама за некои 2-3 недели се научивме. Сепак мислам дека да беше малку поголема побрзо ќе го поминевме тој процес на одвикнување. Ама ми беше битно што баш тој период бев цело време дома, и сакав да ја научам пред да тргне во градинка.
Можете да прочитате на страниците напред како сме поминувале.user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 685
   RE: Одвикнување од пелени
13.8.2013 17:56:33   
Annet
moeto detule ima 24 meseci,znaci od 23 se obiduvame:))) Utre ni e Birthday haha:)))

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 686
   RE: Одвикнување од пелени
14.8.2013 1:11:17   
denim
Moite slatkishi imaat 2,5 god i za kerka mi na taa vozrast prestanavme da gi koristime. Mislam deka pred 2 god. e rano za odviknuvanje... mozebi bi uspeale ama procesot na odviknuvanje bi trael podolgo... ama gi analizirav i svativ deka oni osekaat duri nekoja dushevna praznina, kako napustasnje na nesto mnogu vazno za nivuser posted image koga gi sednuvam na noksir...

_____________________________

ПО 100 ГОДИНИ ...НЕМА ДА БИДЕ ВАЖНО КОЛКАВА БЕШЕ МОЈАТА СМЕТКА ВО БАНКА, КАКВА БЕШЕ КУЌАТА ВО КОЈАШТО ЖИВЕЕВ, ИЛИ КАКОВ АВТОМОБИЛ ВОЗЕВ. ...НО СВЕТОТ МОЖЕ ДА БИДЕ ПОИНАКОВ ЗАТОА ШТО ЈАС БЕВ БИТЕН ВО ЖИВОТОТ НА ЕДНО ДЕТЕ!

(Одговор на членот Annet)
Непосредна врска до пораките: 687
   RE: Одвикнување од пелени
14.8.2013 11:01:48   
Martins mom
Штом имаат над 18 месеци, јас мислам дека сфаќаат за што се работи, а нормално и ние треба тука пена на уста да фатиме за да им го објасниме целиот процес. Само упорност и трпение треба. Одвикнувањето е процедура што трае најмногу 2 недели (нормално има исклучоци).Затоа мамички не се нервирајте многу, после раетот е големuser posted image И најинаетливите деца попуштаат за најмногу 2 недели, кои ќе бидат исполнети со мочкање насекаде низ домот. Само смирено издишувајте, без викање и се ќе поминеuser posted image Успех ви посакувам!

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот denim)
Непосредна врска до пораките: 688
   RE: Одвикнување од пелени
4.9.2013 22:39:26   
tnade
na 20 meseci se odviknavme od kakanje vo pampers, koga i se kakase vikase moca moca pocnav da ja stavam redovno na noksirce vo takvi momenti i toj del go resivme brzo i lesno, a za mockanjeto mnogu ni pomognaa tetkite od gradinka letovo, sega sme vo faza da go sovladame noknoto mockanje, ama so upornosta na mama se nadevam ke uspeeme. Ne i stavam pampers, imame specijalni gacicki i podloga za presoblekuvanje (ja koristam kako dusece za spienje), ama redovno ednas do dva pati ja digam vo tekot na nokta da mocka....e sea mama dezura ama ako, utrata ni se suvi user posted image

(Одговор на членот Annet)
Непосредна врска до пораките: 689
   RE: Одвикнување од пелени
4.9.2013 22:52:51   
elenak
Ние сме сеуште само на какање во нокшир и откако почнавме така (значи она не кажува туку јас ја осеќам и ја ставам на нокшир) многу ретко се случува да се искака во пелена, ако сме негде надвор, дома не. Ама денес 2 пати каки во пелена, не знам зошто така направи. И кога и укажувам дека згрешила се прави ,,на тошо,, демек не ме регистрираuser posted image Дали намерно прави или сеуште не ја разбира работава не ми е јасно. Па повеќе од еден месец го правиме истото секој денuser posted image

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот tnade)
Непосредна врска до пораките: 690
   RE: Одвикнување од пелени
4.9.2013 23:43:47   
rina13
Зошто не пробате без памперс неколку дена.Ние на 25месеци се одвикнавме.Немаше она некоја посебна заинтересираност.Јас решив викам што сака нека биде ќе ја одвикнам.Првите 2дена ниту еднаш не се измоча или искака кај што треба,вторите 2 го погодуваше местото(нокшир)ама со алишта не стигнувавме да се соблечеме.Околу недела ни требаше да се одвикнеме иако и понатака се случуваа грешки.Месец дена подоцна ја тргнавме пелента за навечер.Поентата ми е дека треба да се проба нема што да се изгуби, треба многу трпение зашто грешки секако ќе има.

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 691
   RE: Одвикнување од пелени
5.9.2013 9:35:30   
sandriana RR
Ние уште сме во фазата пелена за спиење. Дома, па и надвор кажува, иако некогаш моментот на кажување се погодува со моментот вршење нужда, а некогаш, ако негде и се допадне вецето, лаже по милион пати, само за да седи таму.
Во градинка ми е проблемот - немале доволно нокшири, па не смееле долго да ги оставаат децата на нокшир, а Т се уште не е опуштена да им кажува на тетките таму кога и се оди по нужда, јас ги замолив да ја седнуваат одвреме на време. Вчера после спиење и била сува пелената, па ја седнале, и така си завршила работа.
Муабетот ми е дека еве, еден месец ни е процесов, и се уште не сме сосем одвикнати од пелените - иако детево веќе го сфати моментот и рефлексот.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот rina13)
Непосредна врска до пораките: 692
   RE: Одвикнување од пелени
14.9.2013 17:23:08   
mamax2
Imam mal problem,mislam deka e mal zasto i deteto e malo..Vaka..pocnav da ja stavam na noksir uste na 6 meseci negde,cisto da ja zapoznaam so noksirot,a peleni i stavav.Mi se smeeja ama ..kerka mi pocna da ne nosi peleni letovo,na 1.5 godina vklucuvajki i densko spienje,samo i ja ostaviv preku nok pelenata ama i taa bese skoro stalno suva.E sega prosliot mesec znaci na 1.8 godina i ja izvadiv i preku nok.Ednas,dva pati samo se izmocka,no po moja krivica zasto si igrav so nea po stanuvanje :) Ama pred edna nedela nastina,pocna da mocka sekoja nok vo krevet pa i staviv pak pelena,a eve tri cetiri dena se izmocuva i denski koga ke se razbudi. Znam deka e loso da ja vratam na pelenite zasto ke ja zbunam,mada mislam deka so vrakanjeto preku nok veke go napraviv problemot.Znaci,ne e vise nastinata,ozdrave,ama prodolzi da mocka na spienje.Sovet: dali da i stavam pelena i na denskoto spienje ili da peram carsavi sekoj den :) kade moze da bide mojata greska? dali deka i ja vrativ noknata pelena? Ili pa od zaladuvanjevo ponemoze da se vozdrzi? Inace samata si kazuva od kako e bez pelena koga i se mocka.Za kakanjeto ne stanuva zbor.Ne kaka u gaki uste od 1 godina pa mozda i porano.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 693
   RE: Одвикнување од пелени
14.9.2013 18:40:36   
Felly RR
mamax2, добредојде на РР!!!
Јас би те советувала да не и ги враќаш пелените за денско спиење, впрочем како што и самата кажуваш веќе си ја збунила со тоа што си и ги вратила за ноќе. Сега неке време ќе си периш чаршави на 2 дена, ама не го враќај детето назад. Па и да направи неколку грешки, сигурно за брзо ќе се среди.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот mamax2)
Непосредна врска до пораките: 694
   RE: Одвикнување од пелени
14.9.2013 18:57:16   
mamax2
Fala za dobredojde-to Felly RR .. sigurno e zbuneta.A dzabe da i objasnuvam koga e mala i nisto nema da me razbere :))) ako,ke si pustam masina za perenje pocesto ama pa stvarno greota e da ja vrakam, a dobroto e sto ne prodolzuva so spienje koga ke se izmocka tuku odma stanuva i vika od soba deka i se mocka,pa taka nema da spie mokra ..ma ke i ja izvadam za nekoj den i noke pak pelenata

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 695
   RE: Одвикнување од пелени
14.9.2013 19:24:14   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: mamax2

Fala za dobredojde-to Felly RR .. sigurno e zbuneta.A dzabe da i objasnuvam koga e mala i nisto nema da me razbere :))) ako,ke si pustam masina za perenje pocesto ama pa stvarno greota e da ja vrakam, a dobroto e sto ne prodolzuva so spienje koga ke se izmocka tuku odma stanuva i vika od soba deka i se mocka,pa taka nema da spie mokra ..ma ke i ja izvadam za nekoj den i noke pak pelenata

user posted image нека и се регулира денското спиење, па и ноќе ќе и ја извадиш. Супер штом се буди, барем знаеш дека нема да спие мокра.

Се надевам дека ќе имаш убава дружба на нашиот форум. Повели придружи ни се и на другите теми. user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот mamax2)
Непосредна врска до пораките: 696
   RE: Одвикнување од пелени
27.9.2013 23:48:58   
tnade
jas na kerka mi i gi izvadiv pelenite i za densko i za nokno spiene, e sega se slucuva greska ednas vo nedelata, ama toa mama koga ke se uspie malku podlaboko da ne ja setam deka se prevrtuva, inaku pocne li da mrtka vo spienje, toa ni e alarm za mockanje...vo gradinka se slucuva pocesto da se izmocka na spienje, ama neznam zosto, mene doma od dnevnata dremka mi se budi suva i vednas na noksir, dali tamu ne gi stavaat pred spienje ili koga ke stane ne ja potsetuvaat neznam...

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 697
   RE: Одвикнување од пелени
28.10.2013 8:46:31   
mommy_angels RR
И ние почнавме со употреба на нокширот.Додуша малку повеќе го гористат куклите дека се нив ги става и им вика ''чшшшшшш" user posted image , ама еве и таа седнува на него понекогаш и после завршена работа дете си вика "бавооооо" демек браво и си бара петка на раче user posted image ( ова од градинка). Мислев дека е мала ,ама дете почна само да си бара така да и мама ќе се ангажира повеќе и да се спасиме од досадниот памперс user posted image

(Одговор на членот tnade)
Непосредна врска до пораките: 698
   RE: Одвикнување од пелени
28.10.2013 9:36:34   
sandriana RR
user posted image за А, бидете упорни и ќе се створи навиката.
Јас одамна не сум пишала на темава - и во градинка веќе ги стокмиле неколку дечиња да си вршат нужда во нокшир, а пелена користат за спиење само. Исто сме и дома, некако не се осмелувам да ја оставам без пелена за спиење, било денско било ноќе. Грешки се уште се случуваат, но многу ретко - еднаш на неколку дена.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 699
   RE: Одвикнување од пелени
28.10.2013 9:55:53   
Annabel
Синко е безпелени откако наполни 3 г. и 2 м., одеднаш ја извадивме и денската и ноќната пелена.

Сега има 3 г. и 7м. и сеуште за какање бара пелена. Ако немаме пелени во состојба е да не се искака и 3 дена.

Никогаш не сме го форсирале околу откажувањето на пелените, но не знам зошто го има тој страв да се искака во нокширче или на шоља? Сте имале ли вакво искуство?

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 700
Страница:   <<   < Претходна страница  26 27 [28] 29 30   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  26 27 [28] 29 30   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?