|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  28 29 [30] 31 32   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Одвикнување од пелени
24.6.2014 16:21:13   
Felly RR
Делукс, нема врска што говорот не му е целосно развиен, и М кога ја одвикнав на 18 месеци знаеше да каже само „мо“ - за мочкање, ама важно се разбиравме. Возраста ви е супер, искористи го топлово време. user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 726
   RE: Одвикнување од пелени
25.6.2014 8:39:10   
Mila mamicka
Мајки, еве јас да се пофалам, дека се одвикнавме веќе од пелени, и тоа многу лесно. Јас мислев дека ќе биде многу долг и напорен процес, ама за наша среќа, не беше така. Првиот ден, цел ден мочкаше во гаќи, и си реков, не бива ништо од нашето одвикнување. Ама, лесно не се откажав, си реков ќе видиме вториот ден како ќе биде. Вториот ден цело време кажуваше, за мочкање, а се искака во гаќи. Од третиот ден почна да кажува и за едното и за другото. За дневното спиење не му ставам пелена, туку кога ќе почне да се превртува и кенка, го земам и го ставам на нокшир, и потоа пак заспива. Ноќе сеуште носиме пелена, некогаш е скроз сува на сабајле, некогаш малку мочкана, во зависност од тоа колку течности пиел пред да си легне. Е сега, имам едно прашање-претходно, какаше секој ден, сега почна да ми кака преку еден ден. Можно ли е да има тоа врска со тоа што не носи пелени веќе?  

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 727
   RE: Одвикнување од пелени
25.6.2014 8:46:20   
AneLav RR
Јас почнав со одвикнување, синко веќе кака на шолја а дада никако не сака да седне, кажува кога кака ама не сака да чуе. Не сакам да бидам нападна и мислам кога ќе го гледа него ќе почне и таа.Чекам уште малку да фати ептен топло па да ги облечам во гаќички и така мислам побрзо ќе се одвикнеме.

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот Mila mamicka)
Непосредна врска до пораките: 728
   RE: Одвикнување од пелени
25.6.2014 8:57:46   
princessa
Анелав ти посакувам многу среќа, сега кога се затоплува му е мајката да се одвикнете од пелени. Ако малата несака не ја присилувај, децата знаеш дека копираат едни од други и ако синчето веќе седнуа на шпља и она ќе почне. Можеби сеуште не е подготвена психички, нив знаеш колку им значат пеленитеuser posted image . Од раѓање ги носат и се приврзани за нив и одвикнувањето е голема промена. Ама џабе не се рекло дека секое чудо за три дена.

А во однос на постот на мила мамичка, истото беше и кај нас. Дури до збор што е напишано. И со какањето си имавме проблем. Сакаше да кака во гаќи или си го бараше памперсот назад ама јас не и го давав. И ајде еднаш двапати се искака во гаќи после ни тоа не го правеше. Едно 5 дена не се искака ич и почна да ја боли зашто доби запек. И давав храна со влакна во неа за да го протераме запекот, јогурт, ленено семе и едвај се искака после толку дена не какање. И од тогаш почна да кажува. Незнам зошто со какањето им е потешко и од други сум слушала. Треба да се зборува многу, да се убедува ама ете сите деа не поминуваат исто. Како и да е се гледа веќе крајотuser posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

All of us have our own beliefs, opinions. These inner assumptions rule and govern our lives. A suggestion has no power in and of itself. its power arises from the fact that you accept it mentally!

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 729
   RE: Одвикнување од пелени
25.6.2014 12:54:19   
bucko mal
user posted image za vas.Kolku e staro deteto?Sekoe dete e razlicno no ete taka informativno te prasuvam.user posted image
Sin mi ima 21m. jas uste ne sum pocnala.OTkako ke se iskaka vo pampers vika kaki kaki I so raceto mi pokazuva na gazeto.Izgleda e vreme da pocneme da se ucime.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila mamicka

Мајки, еве јас да се пофалам, дека се одвикнавме веќе од пелени, и тоа многу лесно. Јас мислев дека ќе биде многу долг и напорен процес, ама за наша среќа, не беше така. Првиот ден, цел ден мочкаше во гаќи, и си реков, не бива ништо од нашето одвикнување. Ама, лесно не се откажав, си реков ќе видиме вториот ден како ќе биде. Вториот ден цело време кажуваше, за мочкање, а се искака во гаќи. Од третиот ден почна да кажува и за едното и за другото. За дневното спиење не му ставам пелена, туку кога ќе почне да се превртува и кенка, го земам и го ставам на нокшир, и потоа пак заспива. Ноќе сеуште носиме пелена, некогаш е скроз сува на сабајле, некогаш малку мочкана, во зависност од тоа колку течности пиел пред да си легне. Е сега, имам едно прашање-претходно, какаше секој ден, сега почна да ми кака преку еден ден. Можно ли е да има тоа врска со тоа што не носи пелени веќе?  




_____________________________

You have to dream if before you can do it.

(Одговор на членот Mila mamicka)
Непосредна врска до пораките: 730
   RE: Одвикнување од пелени
25.6.2014 14:57:59   
Defne90 RR
И ние сме исти буцко мал,ќе се искаки во памперс и после доаѓа кај мене и ми покажува на газето и вика кака.Ама ете пробав да го ставам на нокшир и се исплаши ептен којзнае што си помисли.Изгледа мене пристапот ми беше погрешен,требаше прво да го ставам некаде за да се навикне на него да седнува така облечен па после дури да го соблечам да го ставам да каки.И поголемиот ми беше истиот,никако не сакаше да седи на него.Првиот пат кога почнавме да се одвикнуваме од пелени за мочкање на тераса лесно беше,ама за голема нужда првиот пат ќе ставев мушама па врз мушамата пелена и така додека виси какаше првиот пат.Ама после кратко време си се научи и си почна.И сега викам така да пробам и со малото.Мада мислам дека е сеуште мал има скоро 20 месеци,ама па од друга страна штом кажува значи може да се проба со одвикнување.Поголемиот се одвикна од пелени на две ипол години ама не мора да значи дека и со малото така ќе биде.Сепак секое дете си е индивидуално во својот развој.Се надевам само дека и со А ќе си поминеме лесно како што беше и со М.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 731
   RE: Одвикнување од пелени
25.6.2014 23:13:05   
bucko mal
Nas okshirot mi zluzi za igranje isto taka si sedi na nego oblecen.Bidejki ne e bash toplo ovoj period kaj nas zato se mislam.
Inaku kako spas gi gledam pampers-gakickite,na vremeto vo Mk.ne sum gi videla ama sega moze da gi ima.Ako nekoj saka neka pobara.
Mislam na vakvi:user posted image

_____________________________

You have to dream if before you can do it.

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 732
   RE: Одвикнување од пелени
25.6.2014 23:15:33   
Felly RR
Да ги има буцко мал, сум ги видела и јас, ама дури откако М се одвикна, па не сум ги користела, а инаку и мене ми се видоа како доста практични.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 733
   RE: Одвикнување од пелени
27.6.2014 9:40:57   
Bethany
Ете и Ј се одвикна од пелени (преку ден) за три дена.
Јас и лани нешто се обидов на кратко, ама некако не ми се чинеше спремен, ниту тој ниту јас, па не сакав да се малтретираме со долготрајниот процес ниту јас ниту тој, и оставив за "неке боље дане".

Сега пред да ги извадам пелените му зборував месец дена пред тоа, дека наскоро ќе ги фрлиме и ќе носи гаќички и ќе моча во ноша или вц како мама и тато и други големи и деновите кога немав обврски да можам да се посветам на тоа, му ги извадив.
Добив совет да три дена биде целосно гол, и без гаќички и приметив дека е подобро бидејќи така гол му е поинтензивно чувството за мочкање, онака и со гаќички може да се чувствува ко во пелени па да се опушти.

Му кажав сега си без пелени, ако ти се мочка или кака да кажуваш и да трчаш на ноша. Од првиот ден веднаш кажуваше и за какање и за мочкање.
Искрено се изненадив за какање, мислев дека ќе биде потешко, бидејќи читав дека на децата им е потешко тоа, ама ете позитивно се изненадив. И тоа заврши работа ко човек на нокширот, онака во пелени по 3-4 пати знаеше да кака се по малку.
Е да, првиот ден излегов во продавница со него, без пелени, и тој на сред маркет остави баричка, и плус одушевен ми вика: Мамо, види што направив! user posted image Иако му објаснив и дома да бара за вц-то, тој требаше да згреши, па затоа секој нареден пат надвор, дури и на лизгалките со децата бараше да оди на мочкање.

Така, мислам дека донесов добра одлука што малку почекав, на тој начин се поштедив и себе и него, и нерви и време, а богами и перење, сега е поголем и е многу разумен, брзо ја сфати работата. Само првиот ден што имаше ете грешка надвор и дома два-три пати бидејќи се забораваше во игра.

Да напоменам дека првиот ден на секој 5-10 минути му се демек мочкаше и тоа навистина мочкаше, ко бебе, ама и тоа било нормално, еве веќе сега 3-4 дена покасно нормално оди на нокшир. Кога гледам дека поминало многу време, го прашувам јас дали му се мочка, ама гледам да избегнувам, туку сам да си ја препознава потреба, па и нека згреши повеќе, подобро ќе научи, него да се ослонува на мене да го потсетувам.

Е сега за навечер, го ставам на нокширот пред спиење ама му ја ставам и пелената. Овие денови се уште му е полна пелена насабајле, ама верувам дека за некоја недела ќе ги симнеме и тие, додека тоа рефлексот да му прати сигнал до мозочето user posted image .


< Поракaта ја уредил Bethany -- 27.6.2014 9:43:52 >


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 734
   RE: Одвикнување од пелени
27.6.2014 13:29:34   
sandriana RR
Барво за Ј, Бетани - за успешанат мисија user posted image
И нашата мисија можам да кажам конечно дека е успешна, бидејки извесно време (1 недела), ноќе не ставаме пелени - ќе ги чувала Т за бебето user posted image .
А тамам помислив дека останав без нерви и никогаш нема да ги откачиме user posted image

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 735
   RE: Одвикнување од пелени
1.7.2014 10:09:22   
eli07
Nie ne sakame da cueme za noksir....ne saka ic da sedi na nego.Ma ne klipcinja od youtube ne znam so ne probav. 10-20 sekundi i stanuva i posle 5 min. ke se pomocka na parketot (posto go ostaviv gol nekolku pati).Se mislam da probame na solja....so mene odese vo WC dosta pati moze toa ke upali user posted image user posted image

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 736
   RE: Одвикнување од пелени
1.7.2014 10:27:12   
sandriana RR
Eli07, обидете се со адаптер за на шоља- кај ќерка ми повеќе тоа ''палеше''. И обидете се со гласно бодрење и наградување- а што помалку викање за направена беља...и мој совет е да го искористиш летово, да не се откажуваш од идејата за одвикнување- досадно е чистењето и перењето, ама се исплати трудот.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот eli07)
Непосредна врска до пораките: 737
   RE: Одвикнување од пелени
3.7.2014 23:27:24   
Bethany
Ете да ми е некој кажувал дека досега со бебе/дете најлесно ќе ми биде одвикнувањето од пелени, немаше да верувам.
Ма немаме ниту осетено дека поминавме преку одвикнувањето.
А се спремав и психички и физички за процесот.

После три дена, му стигна сигналот и до мозокот, и се будеше преку ден, а најбитно и преку ноќ со празна пелена, почекав така две-три ноќи, и готово - нема пелени! Досега нема ниту една грешка направено, многу сум горда на мојот мал умен дечко. user posted image
Веќе со денови го гледам во гаќичките и веќе е голем дечко навистина - ааах, како време бргу лета.

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 738
   RE: Одвикнување од пелени
4.7.2014 14:06:42   
Felly RR
user posted image Бетани за вас. Ј е паметен дечкоuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 739
   RE: Одвикнување од пелени
7.7.2014 23:53:36   
mommy_angels RR
I jas moram da si ja pofalam zverkata moja.Eve vtora nedela nie sme uspesno so gakicki po cel den bez incidenti user posted image user posted image user posted image Dusha majkina,nema da i se vari gazeto vo peleni user posted image

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 740
   RE: Одвикнување од пелени
8.7.2014 11:56:10   
Felly RR
Браво и за вас Мами, од искуствата околу мене и ова што читам тука, Колку е поголемо детенцето толку пократок е периодот на одвикнување. Кога е детенцето над 2 години, некако полесно е, и побрзо се случува тој период на одвукнување. Не дека нас ни требаше многу време, ама сепак неколку недели беше целиот период на одвикнување, а и подоцна М правеше повеќе грешки. За второ, здравје, ни би почнала пред две години со одвикнување.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 741
   RE: Одвикнување од пелени
23.7.2014 23:23:10   
mommy_angels RR
Jas nekogash,nekade imam prochitano i toa mi ostanalo vrezano vo glava deka deteto pred dve godini ne e ni fizichki spremno za odviknuvanje a i moznosta za urinarni infekcii ponatamu vo zivotot e pogolema zasto beshikata seuste se razviva.Moze i zatoa duri ne fati letovo a i A taman si ima dvechki,ne probuvav da ja odviknam iako negovatelkite od gradinka mi mrchea ushte esenta.Kako i da e, pelena sega imame samo za spienje i seushte mi ja polni,ama i mnogu tecnosti pie po cela nok.Ama i toa ke bide,ne brzame nikade

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 742
   RE: Одвикнување од пелени
24.7.2014 10:14:40   
Neurotoxin RR
Здраво на сите. Јас сум нова тука, но откако останав бремена ве читам за се и сешто, јас вас ве знам, вие мене не user posted image

Мојата ќерка има 1 година и скоро 9 месеци и веќе не носи пелени. Сакам да го споделам со вас моето искуство на оваа тема.

Најпрво почнав со ноќното мокрење, млекцето што го пиеше навечер и го преместив некаде кај 18 часот, во помала количина, најкасно до 20 часот добиваше вечера, нешто полесно, а течности како сокови, чаеви и вода во изобилство (зашто сака да пие) не и давав по млекото, единствено да се напие вода ама не да се долева. Со ова престана да ги полни пелените навечер а со тоа ми се скратија маките на секое настинување кога пелената ќе се преполнеше, ова го применив уште во пролетта март месец некаде. Кога престана да мочка навечер и кога се затопли, почнав да ја седнувам на нокширче наутро, по поладневна дремка и навечер пред спиење (оди и во градинка и таму ја седнувале). Работата е што почна да зборува и видов дека ме разбира што и зборувам и ми одговараше на некои прашања, така да си реков зашто ако знае дда зборува се и сешто, да не почне да ми кажува кога ќе и се мочка или кака. Така додека седеше на нокширче и зборував зашто седи, што треба да направи и како ќе се радуваме ако тоа го направи (кога ќе беше тоа успешно дома со мм бевме како некои лудаци), по секој успех го добиваше она што најмногу го сака, шетање во парк, возење точак, чоколатце (еден ред животинско) или ако не беше убаво времето дома игравме на песнички или гледаше цртани. Се што знам дека ужива да го прави, го добиваше исклучиво по успешниот обид и и нагласував дека затоа што била умна и ме послушала ќе ја наградам со она што го сака.
Во меѓувреме главна тема на муабет со ќерками ни беше тоа, и го вртев муабетот, со гласни, јасни зборови, и повторував цело време како умните деца кажуваат и слични муабети, по извесен период ме фати и ларингит од тоа што морав да се труддам да бидам гласна доволно и што се напрегав цело време. тоа така траеше некаде околу еден месец, сега веќе сама кажува, не носи пелена ни на спиење.
Ова е моето искуство и сакав да го споделам со вас, затоа што додека поминував низ сето ова, ве читав цело време вие ми дававте некои идеи и насоки.user posted image


(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 743
   RE: Одвикнување од пелени
24.7.2014 13:41:05   
ostoun
I nie da se pofalime ne nosime vekje peleni. Na pocetokot mu stavav nokje no sekoe utro mu bese suva. Taka prestanav da mu stavam. Kazuva i za mocanje i za kakanje, ama ponekogas se slucuva da zaboravi, no nisto strasni,

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 744
   RE: Одвикнување од пелени
29.7.2014 13:22:02   
Mila mamicka
Драги мајки, сакам уште еднаш да се консултирам со поискусните од мене во врска со пелените.
Син ми не носи пелени ни дење ни ноќе веќе повеќе од месец и пол. Е сега, прашањето ми е, дали ги будевте вашите малечки навечер за мочкање. Јас го будам син ми, обично после 2 часа откако заспал, се мочка во сонот, и потоа до сабајле веќе не. Не знам дали постапувам правилно, дали треба да го будам или не. Ако не го разбудам, тој сам не се свестува во сонот, за да ми каже.

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

(Одговор на членот ostoun)
Непосредна врска до пораките: 745
   RE: Одвикнување од пелени
29.7.2014 13:53:55   
topce
се разбира дека ја будевме за да мочка.
проценката е ваша, во зависност од тоа колку течност испило детето.
после некое време само ќе си кажува.

(Одговор на членот Mila mamicka)
Непосредна врска до пораките: 746
   RE: Одвикнување од пелени
29.7.2014 16:14:57   
Neurotoxin RR
јас ја будев пред да си легнам, и ќе се измочкаше, ама сега ако ја разбудам само плаче и не се мочка, има некоја чудна навика и се буди во 5 сабајле за мочкање, на почетокот плачеше, а денес сабајле ми вика, кака мамо, кака, се измочка и пак си презаспа, сабајле за во градинка кога ја разбудив не сакаше да мочка и така ја пратив, преку ден мочка на некои 4 саати, а некогаш и ноќе знае воопшто да не се разбуди, се зависи колку течности испила и колку се потела.

(Одговор на членот topce)
Непосредна врска до пораките: 747
   RE: Одвикнување од пелени
30.7.2014 2:03:22   
Defne90 RR
Јас кога почнавме да ги тргаме навечер пелените во прво време го будев еднаш во текот на ноќта ќе си се измочкаше и повторно ќе си заспиеше.После веќе престанав да го будам,затоа што и да го разбудев да оди да мочка тој не мочкаше дури сабалје кога ќе станеше од спиење.Ама отприлика престанав да го будам кога престана да пие сок и млеко навечер.Додека пиеше морав затоа што се занесуваше и никако сам не стануваше да мочка.Сега веќе сам си станува ако му се мочка и не го будиме вече.Ама како што реков сето тоа си зависи и од количината на испиени течности во текот на ноќта.Секако дека едно мало дете не може да издржи цела ноќ да не мочка ако пиело многу течности.поздрав.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 748
   RE: Одвикнување од пелени
30.7.2014 8:49:39   
Mila mamicka
Фала на сите за споделените искуства. Јас го одвикнав син ми од пиење течности навечер, уште многу одамна, така што пие само преку ден. Ќе го будам уште некое време за мочкање навечер, па потоа веројатно ќе почне и сам да си станува, или пак воопшто да не се мочка навечер.

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 749
   RE: Одвикнување од пелени
30.7.2014 14:16:26   
Felly RR
Јас вопшто не ја будев навечер, но пелените за ноќно спиење и ги тргнав кога видов дека веќе се буди со сува пелена. Понекогаш се будеше сама, и ќе почнеше да се лути, да кемка - знак дека и се мочка, ама тоа ретко се случуваше, ако не се измочкала пред да легне да спие.
Мамичке, доколку не пие течности навечер, пробај не го буди, може и нема потреба да мочка, туку му е само навика. Ќе си бидете раат и вие и тој.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Mila mamicka)
Непосредна врска до пораките: 750
Страница:   <<   < Претходна страница  28 29 [30] 31 32   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  28 29 [30] 31 32   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?