RE: Одвикнување од пелени (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Деца



Порака


marchi -> RE: Одвикнување од пелени (22.8.2015 22:40:07)

Taman rekov ke se pofalam deka napravivme cekor napred i eve pak sme na staro. Ednas se pomocka vnoksir pa vide deka bilo poubavo negoli vgakji i posle sam ai kazuvase ili ke potrca kaj noksirot i si zavrsuvase rabota. Sega poslednive 2-3 dena zastude i ne go ostavam gol mu stavam i pantoloni i ete vcera i deneska pak e po staro.




Melanija RR -> RE: Одвикнување од пелени (23.8.2015 22:34:39)

marchi колку е тврдоглав[sm=smiley36.gif] незнам што да те советувам.освен со награда и казна во смисол со некоја играчка, или величење колку е супер во нокшир да се мочка...нема назад издржи.А ти тт и ти се смее кога ќе направи беља а ти се нервираш?Пробај по ладно ,да седи на нокшир додека не се вратиш или нека седи 10-15мин.Незнам што друго




marchi -> RE: Одвикнување од пелени (24.8.2015 20:40:51)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

marchi колку е тврдоглав[sm=smiley36.gif] незнам што да те советувам.освен со награда и казна во смисол со некоја играчка, или величење колку е супер во нокшир да се мочка...нема назад издржи.А

pa taka i se motiviravme da pocneme,prvo so placenje posle so kupuvanje posle interesno bilo...dobro iskreno dete e za pocetok normalno deka nekogas ke se zaboravi.no stom vekje sme pocnale ke bide rabotata




marchi -> RE: Одвикнување од пелени (19.10.2015 17:38:06)

Веќе од поодамна го совладавме мокрењето во нокширче но за какање... Многу тешко. Не знам како би го излажала повеќе. :-(




mommy_angels RR -> RE: Одвикнување од пелени (20.10.2015 8:31:27)

Ги оставивме преку ден многу одамна,ама преку ноќ сеуште нема шанси.Моето дете е од тешките пијачи на течности,па не знам што ќе правиме со пелените преку ноќ.Инаку сеуште мака мачиме со немањето време за мочкање,па последователно на тоа подмочување на гакичките пред шолја.




Snowhite RR -> RE: Одвикнување од пелени (20.10.2015 9:10:03)

Леле ова ми е болна тема со Јана значи ме изнамачи. Се одвикнавме не носиме, ама многу грешки прави, особено за какање, не кажува, откако в гаќи ќе се покака тогаш ќе се соблечи, ако ја сетам јас да ја седнам добро, ако не, сама мноогу ретко кажува и тоа и тогаш вели ми се мочка и ако мочкала пред тоа, ќе помислам дека ме лаже, оти и тоа го прави многу пати лаже, и нема да ја седнам и ќе се покака в гаќи. Или ќе кажи, ќе ја седнам ќе покака малку и готово ќе речи и ајде браво ќе ја облечам и по 5 мин, пак ќе се покака ва гаќи, зашто претходно не се дозавршила и втроиот пат нема време да седни.
Ноќе нема шанси, немам ни пробано, кај денски прави грешки па уште ноќе да ја оставам без пелена. Само неколку пати се има случено да стани со сува пелена, а да ја разбудувам ноќе, не знам малку е лошка, можи после да не ми спија, а сега па и вреќа носи за спиење зимава нема ни шанси да ја станувам да мочка в нокшир, тек ко ќе затопли ќе пробувам навечер да и ја тргнам пелената. Се случува некогаш сама да се разбуди ноќе или на сабајле порано и да речи ми се мочка и тогаш ја носам иако носи пелена.




marchi -> RE: Одвикнување од пелени (22.10.2015 21:10:24)

I nie nokje sme so pampers, sto e sigurno sigurno e :-D samo ete problem so karanjeto. Znae koga mu se kaka ke kaze ama nikako ne saka da sedne na noksir sam si vika sakam vgakji




vezilka RR -> RE: Одвикнување од пелени (18.8.2016 23:14:55)

Јосиф експресно се одвикна од пелените. Првиот ден беше катастрофално, ниѕу еднаш не погоди да се измочка во нокшитот, се во гаќи. Наредниот ден тотална спротивност, ниту еднаш не згреши. Со какањето имавме малку проблем, не сакаше во нокшир, ниту во пелена оти демек веќе ги фрлил, и едо пет, шест дена какаше в гаќи, па си фати ритам. Тргнавме пелените и од денското спиење. Е сега имам дилема за навечер. Сакам и тие да ги тргнам оти во 90% вадиме суви пелени сабајле. Ама сега од први ќе тгне у градинка и се си мислам од траума да не почне ноќе да мочка. Па ако му ги тргнам предходно да не треба да му ги враќам па да направам поголема збунка. Да ги вадам или да чекам прво да почне со градинка?




sandriana RR -> RE: Одвикнување од пелени (22.8.2016 14:55:21)

Ама сега од први ќе тгне у градинка и се си мислам од траума да не почне ноќе да мочка. П

Сметам дека сега е право време за да ги тргнете сосема пелените. Дур не почнал во градинка. Доволно е 10тина дена да влезе во штос и сосем да ги заборави пеленките.
Пиши како ќе постапите и што ќе успе.
Кај Илина веќе е развиен осет кога ќе изврши нужда во пелената и кажува дека веќе завршила работа. Проблем е што не сум доволно време дома, да го искористам моментов да се одвикне од пелени. Наутро, веднаш седнува на шоља/нокшир и си мочка, некогаш ја фаќам на време и за голема нужда.
Веројатно ќе не најде пролет дур да ги откачиме, како сум јас неажурна.




nataly86 -> RE: Одвикнување од пелени (23.8.2016 11:47:30)

Ние ги трганвме пелените денски [sm=bravo.gif] само за нокно спиење ставаме...девојцето ја вади сува а маското водена..инаку брзо се откачивме и во градинка супер кога тргнаја ниту еднаш не згрешија....јас се плашев како ке биди пошто нова учителка нова училница плус без пелени ама супер...изгледа ние повеке се плашиме од што треба




Hopeful RR -> RE: Одвикнување од пелени (23.8.2016 16:24:50)

nataly86, браво [sm=bravo.gif]

Колку години наполнија твоите, како одеше процесот? Знам дека со близнаци е бааги специфично, па иако моите се 15 месеци, психолошки се спремам за моментот минимум година дена унапред [sm=smiley36.gif]




elenak -> RE: Одвикнување од пелени (24.8.2016 10:11:56)

J ќе полни 5 год во декември и со какање не сме ни имале проблем, мислам во пелена се нема искакано од кога беше бебе. Ама со мочкањето не знам што да правам веќе. Пелени денски не носи веќе 2 години а од лани летоска ги тргнавме и ноќе демек голема е веќе. И уште нема осет, моча во кревет и спие, ако не ја сетам може и цела ноќ мокра да спие, до толку е трупче на спиење. Стануваме по два пати и јас и мм за да се измочка а она спиејќи на нокшир завршува работа. И нема никаков ред, значи некогаш може и за еден саат откако ќе заспие да е измочана, некогаш па така седи и нема да се измоча, па до сабајле сува да е. Мачење е ова не знам што да се прави, џабе збориме, она не е ни свесна дека го прави тоа. Пробав и со убаво и со закани за казни и со казни, нема ефект. Гледам и сама дека несвесно прави, денски немаме никаков проблем ама ете, ноќе... Не знам дали е време да бараме помош кај бајачки, кај доктори или да си перам,пеглам и да си чекам да помине само од себе.




mommy_angels RR -> RE: Одвикнување од пелени (24.8.2016 18:42:35)


ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak

J ќе полни 5 год во декември и со какање не сме ни имале проблем, мислам во пелена се нема искакано од кога беше бебе. Ама со мочкањето не знам што да правам веќе. Пелени денски не носи веќе 2 години а од лани летоска ги тргнавме и ноќе демек голема е веќе. И уште нема осет, моча во кревет и спие, ако не ја сетам може и цела ноќ мокра да спие, до толку е трупче на спиење. Стануваме по два пати и јас и мм за да се измочка а она спиејќи на нокшир завршува работа. И нема никаков ред, значи некогаш може и за еден саат откако ќе заспие да е измочана, некогаш па така седи и нема да се измоча, па до сабајле сува да е. Мачење е ова не знам што да се прави, џабе збориме, она не е ни свесна дека го прави тоа. Пробав и со убаво и со закани за казни и со казни, нема ефект. Гледам и сама дека несвесно прави, денски немаме никаков проблем ама ете, ноќе... Не знам дали е време да бараме помош кај бајачки, кај доктори или да си перам,пеглам и да си чекам да помине само од себе.

Еве сум сестро [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif] И јас сум на истата мака.А е 4.5 а ноќе уште знае да се помоча.Исто многу цврст сон има и не ни знае дака мочкала.Еве надеж ми дава што понекогаш ќе се разбуди и ќе побара да мочка,но сепак мислам дека инцидентите се пречести [sm=smiley13.gif] .Секаде кај што читав пишува дека со разговори со лекар треба да се почне некаде пред да тргнат на училиште.Како и да е ,тоа ќе помине со време,но не сакам детето да ми има трауми од срам и стрес.Не е ни до арно,ни лошо,едноставно мора да го надраснат тоа,некои дечиња порано,а некои како нашите-подоцна.Викаат било наследно,ако еден од родителите страдал од ноќно мокрење ,шансите да наследи детето се 60/70%.Е бидејќи и јас и мм сме биле исти,детево нема да е на комшиите[sm=smiley1.gif].Јас само се надевам дека ќе се одвикнат помали,поради нивно добро,а ние ќе си переме ,тоа ни е работа [sm=smiley36.gif]




elenak -> RE: Одвикнување од пелени (25.8.2016 18:16:47)

Сега ме утеши[sm=smiley36.gif] Баш прееска имав другарка на гости со пола година помала ќеркичка од мојата и кога ми кажа дека малата станува ноќе сама, си оди во купатило, си завршува работа и се враќа на спиење се подзамислив искрено. Тоа научна фантастика е за нас, до пубертет кај и да е ќе не биде.[sm=smiley1.gif]




Melanija RR -> RE: Одвикнување од пелени (2.10.2016 2:02:23)

Мислам дека е до осетот на детето ,па затоа воопшто некои и порано некои покасно се одвикнуваат од пелена. И кај двете велите цврсто спијат тоа по мене е моментот и не чуствуваат. Сигурно има некоја тактки совет од некој со тоа искуство.
М уште пред да се одвикне од пелени тој ноќе немочаше во пелена. И реално многу е чудно на 20м да немоча ноќе. Ок да навечер непише млеко само малку вода и толку, па веројатно и тоа имало влијание но ете страшен осет има. И за две капки кажува дека му се моча.Сега на 3 год и месец ,последниов месец знае да ме викне да го стнама да мочка на нокшир ќе си поправиме мабет и се враќа и си заспива.
Секое дете си има некоја посебност било за нас добра или не [sm=smiley1.gif] ете М е некогаш страшно непослушен и кавгаџија[sm=smiley36.gif]




sandriana RR -> RE: Одвикнување од пелени (10.10.2016 20:14:24)

И наполни 2 години во Септември и некако ИЧ не и се слуша за одвикнување од пелени.
МОжеби јас не сум/бев доволно упорна периодов кога очекував напредок на оваа тема, но решив да не форсирам. Таа е дете што од малечко многу и чисто зборува, и разбира што значи мочкање и какање, и каде тоа се прави, но едноставно не и се напушта зона на комфорт за да вади пелени.
Веќе ја префрлија од јасли во градинка (мала група), каде полека ги оспособуваат за без пелени, но таа упорно одбива да се вклучи во процесот. Учителките/негователките се пожалија дека ги игнорира или ги манипулира - на пр.:кога оди цела група во вц, таа им вели дека не и се мочка/кака, а веднаш потоа ќе си заврши потреба во пелена.
Дома кажува за какање - ама откако ќе заврши во пелена, вели-какана сум, слечи ме.
И така изгледа ќе чекам пролет да запнам да ја одвикнувам, ако во меѓувреме не се смилува да се одвикне сама [sm=smiley1.gif]




игор -> RE: Одвикнување од пелени (9.1.2017 18:53:09)

Почитувани пријатели !!!
Нов сум на странава и овде сум како загризен родител кој бара решение за проблемот на неговото дете.
Мојот син има 4 ипол години и сеуште не е одвикнат од пелени , имаме и помала ќерка која е 14 месеци.
Незнам веќе каде да се обратам , бевме и на детски психијатар од каде добивме и дијагноза F 98.1 неорганска енкопреза.
Дали некој од вас имал сличен проблем и дали може некој да ме упати како да го решиме проблемот.
Благодарам многу однапред , за секој покажан интерес.




Страница: <<   < Претходна страница  31 32 33 34 [35]