|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  31 32 33 34 [35]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Одвикнување од пелени
22.8.2015 22:40:07   
marchi
Taman rekov ke se pofalam deka napravivme cekor napred i eve pak sme na staro. Ednas se pomocka vnoksir pa vide deka bilo poubavo negoli vgakji i posle sam ai kazuvase ili ke potrca kaj noksirot i si zavrsuvase rabota. Sega poslednive 2-3 dena zastude i ne go ostavam gol mu stavam i pantoloni i ete vcera i deneska pak e po staro.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 851
   RE: Одвикнување од пелени
23.8.2015 22:34:39   
Melanija RR
marchi колку е тврдоглавuser posted image незнам што да те советувам.освен со награда и казна во смисол со некоја играчка, или величење колку е супер во нокшир да се мочка...нема назад издржи.А ти тт и ти се смее кога ќе направи беља а ти се нервираш?Пробај по ладно ,да седи на нокшир додека не се вратиш или нека седи 10-15мин.Незнам што друго

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 852
   RE: Одвикнување од пелени
24.8.2015 20:40:51   
marchi

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

marchi колку е тврдоглавuser posted image незнам што да те советувам.освен со награда и казна во смисол со некоја играчка, или величење колку е супер во нокшир да се мочка...нема назад издржи.А

pa taka i se motiviravme da pocneme,prvo so placenje posle so kupuvanje posle interesno bilo...dobro iskreno dete e za pocetok normalno deka nekogas ke se zaboravi.no stom vekje sme pocnale ke bide rabotata

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 853
   RE: Одвикнување од пелени
19.10.2015 17:38:06   
marchi
Веќе од поодамна го совладавме мокрењето во нокширче но за какање... Многу тешко. Не знам како би го излажала повеќе. :-(

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 854
   RE: Одвикнување од пелени
20.10.2015 8:31:27   
mommy_angels RR
Ги оставивме преку ден многу одамна,ама преку ноќ сеуште нема шанси.Моето дете е од тешките пијачи на течности,па не знам што ќе правиме со пелените преку ноќ.Инаку сеуште мака мачиме со немањето време за мочкање,па последователно на тоа подмочување на гакичките пред шолја.

(Одговор на членот lide78)
Непосредна врска до пораките: 855
   RE: Одвикнување од пелени
20.10.2015 9:10:03   
Snowhite RR
Леле ова ми е болна тема со Јана значи ме изнамачи. Се одвикнавме не носиме, ама многу грешки прави, особено за какање, не кажува, откако в гаќи ќе се покака тогаш ќе се соблечи, ако ја сетам јас да ја седнам добро, ако не, сама мноогу ретко кажува и тоа и тогаш вели ми се мочка и ако мочкала пред тоа, ќе помислам дека ме лаже, оти и тоа го прави многу пати лаже, и нема да ја седнам и ќе се покака в гаќи. Или ќе кажи, ќе ја седнам ќе покака малку и готово ќе речи и ајде браво ќе ја облечам и по 5 мин, пак ќе се покака ва гаќи, зашто претходно не се дозавршила и втроиот пат нема време да седни.
Ноќе нема шанси, немам ни пробано, кај денски прави грешки па уште ноќе да ја оставам без пелена. Само неколку пати се има случено да стани со сува пелена, а да ја разбудувам ноќе, не знам малку е лошка, можи после да не ми спија, а сега па и вреќа носи за спиење зимава нема ни шанси да ја станувам да мочка в нокшир, тек ко ќе затопли ќе пробувам навечер да и ја тргнам пелената. Се случува некогаш сама да се разбуди ноќе или на сабајле порано и да речи ми се мочка и тогаш ја носам иако носи пелена.

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 856
   RE: Одвикнување од пелени
22.10.2015 21:10:24   
marchi
I nie nokje sme so pampers, sto e sigurno sigurno e :-D samo ete problem so karanjeto. Znae koga mu se kaka ke kaze ama nikako ne saka da sedne na noksir sam si vika sakam vgakji

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 857
   RE: Одвикнување од пелени
18.8.2016 23:14:55   
vezilka RR
Јосиф експресно се одвикна од пелените. Првиот ден беше катастрофално, ниѕу еднаш не погоди да се измочка во нокшитот, се во гаќи. Наредниот ден тотална спротивност, ниту еднаш не згреши. Со какањето имавме малку проблем, не сакаше во нокшир, ниту во пелена оти демек веќе ги фрлил, и едо пет, шест дена какаше в гаќи, па си фати ритам. Тргнавме пелените и од денското спиење. Е сега имам дилема за навечер. Сакам и тие да ги тргнам оти во 90% вадиме суви пелени сабајле. Ама сега од први ќе тгне у градинка и се си мислам од траума да не почне ноќе да мочка. Па ако му ги тргнам предходно да не треба да му ги враќам па да направам поголема збунка. Да ги вадам или да чекам прво да почне со градинка?

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 858
   RE: Одвикнување од пелени
22.8.2016 14:55:21   
sandriana RR
Ама сега од први ќе тгне у градинка и се си мислам од траума да не почне ноќе да мочка. П

Сметам дека сега е право време за да ги тргнете сосема пелените. Дур не почнал во градинка. Доволно е 10тина дена да влезе во штос и сосем да ги заборави пеленките.
Пиши како ќе постапите и што ќе успе.
Кај Илина веќе е развиен осет кога ќе изврши нужда во пелената и кажува дека веќе завршила работа. Проблем е што не сум доволно време дома, да го искористам моментов да се одвикне од пелени. Наутро, веднаш седнува на шоља/нокшир и си мочка, некогаш ја фаќам на време и за голема нужда.
Веројатно ќе не најде пролет дур да ги откачиме, како сум јас неажурна.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 859
   RE: Одвикнување од пелени
23.8.2016 11:47:30   
nataly86
Ние ги трганвме пелените денски user posted image само за нокно спиење ставаме...девојцето ја вади сува а маското водена..инаку брзо се откачивме и во градинка супер кога тргнаја ниту еднаш не згрешија....јас се плашев како ке биди пошто нова учителка нова училница плус без пелени ама супер...изгледа ние повеке се плашиме од што треба

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 860
   RE: Одвикнување од пелени
23.8.2016 16:24:50   
Hopeful RR
nataly86, браво user posted image

Колку години наполнија твоите, како одеше процесот? Знам дека со близнаци е бааги специфично, па иако моите се 15 месеци, психолошки се спремам за моментот минимум година дена унапред user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот nataly86)
Непосредна врска до пораките: 861
   RE: Одвикнување од пелени
24.8.2016 10:11:56   
elenak
J ќе полни 5 год во декември и со какање не сме ни имале проблем, мислам во пелена се нема искакано од кога беше бебе. Ама со мочкањето не знам што да правам веќе. Пелени денски не носи веќе 2 години а од лани летоска ги тргнавме и ноќе демек голема е веќе. И уште нема осет, моча во кревет и спие, ако не ја сетам може и цела ноќ мокра да спие, до толку е трупче на спиење. Стануваме по два пати и јас и мм за да се измочка а она спиејќи на нокшир завршува работа. И нема никаков ред, значи некогаш може и за еден саат откако ќе заспие да е измочана, некогаш па така седи и нема да се измоча, па до сабајле сува да е. Мачење е ова не знам што да се прави, џабе збориме, она не е ни свесна дека го прави тоа. Пробав и со убаво и со закани за казни и со казни, нема ефект. Гледам и сама дека несвесно прави, денски немаме никаков проблем ама ете, ноќе... Не знам дали е време да бараме помош кај бајачки, кај доктори или да си перам,пеглам и да си чекам да помине само од себе.

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 862
   RE: Одвикнување од пелени
24.8.2016 18:42:35   
mommy_angels RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak

J ќе полни 5 год во декември и со какање не сме ни имале проблем, мислам во пелена се нема искакано од кога беше бебе. Ама со мочкањето не знам што да правам веќе. Пелени денски не носи веќе 2 години а од лани летоска ги тргнавме и ноќе демек голема е веќе. И уште нема осет, моча во кревет и спие, ако не ја сетам може и цела ноќ мокра да спие, до толку е трупче на спиење. Стануваме по два пати и јас и мм за да се измочка а она спиејќи на нокшир завршува работа. И нема никаков ред, значи некогаш може и за еден саат откако ќе заспие да е измочана, некогаш па така седи и нема да се измоча, па до сабајле сува да е. Мачење е ова не знам што да се прави, џабе збориме, она не е ни свесна дека го прави тоа. Пробав и со убаво и со закани за казни и со казни, нема ефект. Гледам и сама дека несвесно прави, денски немаме никаков проблем ама ете, ноќе... Не знам дали е време да бараме помош кај бајачки, кај доктори или да си перам,пеглам и да си чекам да помине само од себе.

Еве сум сестро user posted image user posted image И јас сум на истата мака.А е 4.5 а ноќе уште знае да се помоча.Исто многу цврст сон има и не ни знае дака мочкала.Еве надеж ми дава што понекогаш ќе се разбуди и ќе побара да мочка,но сепак мислам дека инцидентите се пречести user posted image .Секаде кај што читав пишува дека со разговори со лекар треба да се почне некаде пред да тргнат на училиште.Како и да е ,тоа ќе помине со време,но не сакам детето да ми има трауми од срам и стрес.Не е ни до арно,ни лошо,едноставно мора да го надраснат тоа,некои дечиња порано,а некои како нашите-подоцна.Викаат било наследно,ако еден од родителите страдал од ноќно мокрење ,шансите да наследи детето се 60/70%.Е бидејќи и јас и мм сме биле исти,детево нема да е на комшиитеuser posted image .Јас само се надевам дека ќе се одвикнат помали,поради нивно добро,а ние ќе си переме ,тоа ни е работа user posted image

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 863
   RE: Одвикнување од пелени
25.8.2016 18:16:47   
elenak
Сега ме утешиuser posted image Баш прееска имав другарка на гости со пола година помала ќеркичка од мојата и кога ми кажа дека малата станува ноќе сама, си оди во купатило, си завршува работа и се враќа на спиење се подзамислив искрено. Тоа научна фантастика е за нас, до пубертет кај и да е ќе не биде.user posted image

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 864
   RE: Одвикнување од пелени
2.10.2016 2:02:23   
Melanija RR
Мислам дека е до осетот на детето ,па затоа воопшто некои и порано некои покасно се одвикнуваат од пелена. И кај двете велите цврсто спијат тоа по мене е моментот и не чуствуваат. Сигурно има некоја тактки совет од некој со тоа искуство.
М уште пред да се одвикне од пелени тој ноќе немочаше во пелена. И реално многу е чудно на 20м да немоча ноќе. Ок да навечер непише млеко само малку вода и толку, па веројатно и тоа имало влијание но ете страшен осет има. И за две капки кажува дека му се моча.Сега на 3 год и месец ,последниов месец знае да ме викне да го стнама да мочка на нокшир ќе си поправиме мабет и се враќа и си заспива.
Секое дете си има некоја посебност било за нас добра или не user posted image ете М е некогаш страшно непослушен и кавгаџијаuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 865
   RE: Одвикнување од пелени
10.10.2016 20:14:24   
sandriana RR
И наполни 2 години во Септември и некако ИЧ не и се слуша за одвикнување од пелени.
МОжеби јас не сум/бев доволно упорна периодов кога очекував напредок на оваа тема, но решив да не форсирам. Таа е дете што од малечко многу и чисто зборува, и разбира што значи мочкање и какање, и каде тоа се прави, но едноставно не и се напушта зона на комфорт за да вади пелени.
Веќе ја префрлија од јасли во градинка (мала група), каде полека ги оспособуваат за без пелени, но таа упорно одбива да се вклучи во процесот. Учителките/негователките се пожалија дека ги игнорира или ги манипулира - на пр.:кога оди цела група во вц, таа им вели дека не и се мочка/кака, а веднаш потоа ќе си заврши потреба во пелена.
Дома кажува за какање - ама откако ќе заврши во пелена, вели-какана сум, слечи ме.
И така изгледа ќе чекам пролет да запнам да ја одвикнувам, ако во меѓувреме не се смилува да се одвикне сама user posted image

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 866
   RE: Одвикнување од пелени
9.1.2017 18:53:09   
игор
Почитувани пријатели !!!
Нов сум на странава и овде сум како загризен родител кој бара решение за проблемот на неговото дете.
Мојот син има 4 ипол години и сеуште не е одвикнат од пелени , имаме и помала ќерка која е 14 месеци.
Незнам веќе каде да се обратам , бевме и на детски психијатар од каде добивме и дијагноза F 98.1 неорганска енкопреза.
Дали некој од вас имал сличен проблем и дали може некој да ме упати како да го решиме проблемот.
Благодарам многу однапред , за секој покажан интерес.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 867
Страница:   <<   < Претходна страница  31 32 33 34 [35]
Страница: <<   < Претходна страница  31 32 33 34 [35]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?