ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Наше секојдневие



Порака


BEBICA -> ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (10.3.2010 10:23:48)

Првото црвено јајце има магиска моќ



Црвеното јајце е симбол на Велигден.
Првите три јајца се вапсуваат на Велики четврток пред изгрејсонце за да не ги види сонцето и затоа, според верувањата, не се расипуваат со години
Старите адети кажуваат дека в зори на Величетврток треба да се вапса барем едно црвено јајце.
- Првото вапсано јајце му се наменува на Господ и се нарекува Господово јајце.
- Второто е за домаќинот на семејството.
- Третото за бериќет и за стоката.
За првото јајце се верува дека има магиска моќ, па затоа неговото место е под иконата. Во народните преданија се вели дека со него се лекуваат одредени болести. Обичаите велат дека домаќинката не треба да биде гладна кога започнува со вапсувањето на јајцата. Треба да касне макар еден залак леб, зашто, наводно, доколку вапсува на празен стомак, таквите јајца не носат радост, туку би можело оној што ги вапсува да биде несреќен и болен... Сепак, и во вапсувањето јајца, како и во сите други нешта што се работат, секогаш е најважна добрата мисла. Така, штом излезат првите сончеви зраци на Величетврток, домаќинката (или кој било што ги вапсува јајцата) ги буди најблиските и со првото јајце им поминува по лицата со зборовите: црвено, бело, дебело! Инаку, вапсувањето на јајцата за Велигден е еден од најасоцијативните обичаи за самиот празник, што, всушност, претставува симбол на животот и на раѓањето, а црвената боја, со која најчесто се бојат јајцата, ја претставува Христовата крв.
Тој обичај, според преданието, потекнува од чинот на Марија Магдалена, која по Христовото страдање тргнала во Рим за да го проповеда евангелието. Кога излегла пред царот Тибериј, му подала црвено јајце и рекла: "Христос воскресе". Оттогаш, спроти Велигден, христијаните ги бојат јајцата и со тоа го одбележуваат Христовото воскреснување.

[image]http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/b/b5/Jajca.jpg[/image]


Исто така ме интересира како изгледа вашата Велигденска трпеза.Многумина претендираат за Велигден на својата трпеза имаат јагнешко месо.


Исто така дали имате некоја посеба декорација за Велигден?
Еве неколку велигденски декорации кои може да ви послужат како испирирација или да ви дадат идеја при уредувањето на вашиот дом за велигденските празници:


[image]http://www.sezadomot.com.mk/Novi_sodrzini_%2005.11/veligden_dekoracija21.jpg[/image]
















caci20 -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (10.3.2010 10:28:09)

Jas otkako sme sami sama si farbam jajca. Stanuvam vo 4 sabajle i pred izgrejsonce gi farbam. Si kupuvame ukrasi sekoja godina po nesto novo. Zajcinja, cokoladni jajca i sl. I majka mi mi praka po posta po nesto bidejki tamu ima poubavi raboti.
Inaku gotvime zajacko i jagnesko, moeto najomileno. Pravime blago, najcesto milibrod.
Ovaa godina vo edna kosnicka resiv da zasadam pcenica od sega pa do veligden da nikne i tamu da si gi stavam poubavite jajca.




BEBICA -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (10.3.2010 10:33:27)

caci ovde vo BG obavezno se ima pcenica za leigden is e stava jajca i toa e mnogu ubava idea.
Eve edna takva
[image]http://www.uredidom.com/Portals/0/CLANCI_FOTO/Uradi_sam/uskrs/jaje_01.jpg[/image]




mother 29 -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (10.3.2010 10:36:30)

моја омилена тема..јас го обожавам Велигден,посебно вапцањето на јајца..си  носи некоја магично чувство ,самиот празник..инаку сакам само црвени јајца (не дека не ми се убави и другите) ама најубаво ми е кога има полно црвени на едно место ,во една кошница..
инаку ова година ,сама ке си вапцам и ке станам пред изгрејснце....ги ставам во плетнена кошница со слама поставена,сите црвени (самоо такви и  ке вапцам)..убавина..погледнете[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
[image]http://cache.daylife.com/imageserve/07iFg5GabP47Q/610x.jpg[/image]
Велигден е спој на верата и традицијата.
Почнува на Велики четврток уште пред изгрејсонце кога домаќинките ги бојадисуваат првите три црвени велигденски јајца.

Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем Христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта. Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а воедно ја симболизира и христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Така, бојата на јајцето не потсетува на крвта христова и спасението.
За Велики петок - денот на страдањата и смртта на Исус Христос, црквата пропишува најстрог пост, денот да помине без јадење и пиење, освен за немоќните и старите.

Веста за воскресението в сабота на полноќ ќе ја објават свештениците и архиереите на богослужбите во сите цркви и манастири на Македонската православна црква во земјава и во странство.





BEBICA -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (10.3.2010 10:37:17)

Jas za Veligden ovaa godina ke farbam jajca vo prrodni boi.Na primer za crvena- cveklo, za zelena- spanak, za zolta- luspite od kromidot
Na trpezata ke imame jagnesko meso i svinsko plus mojte ke mi bidat za Veligden, dve vrsti na blago baklava i torta.
Salati sezonska i salata so makaroni.
I da nezaboravam sarma od lozov list so kajmak.

Dekoracijata sekoja godina ja zbogativam so zajcinja jajca i nekoi mali detali.




mother 29 -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (10.3.2010 10:44:17)

сега ова год .на 4 април (недела ) се пага Велигден така?




BILJANA_G -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (10.3.2010 10:49:35)

Da Mother Veligden e na 4 April nedela.
Inaku i jas jajcata gi farbam na Veliki cetvrtok stavam rano kaj 4 casot pred da bizgree sonceto gi farbam.A isto i si gi stavam site veligdenski ukrasi,a i sekoja godina si kupuvam po nekoe novo ukravce.Na site decinja sto mu davam jajce za Veligden ,mu go davam vo nekoe ukravce za jajce.




BEBICA -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (10.3.2010 10:49:39)

Da da mother na 4 april.Jas edvajcekam.Mnogu go sakam Veligden cela taa energija sreka me obzena tie denovi.




caci20 -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (10.3.2010 10:55:01)

I jas nekako poveke go sakan Veligden. Moze zasto e prolet, moze zasto decata se raduvaat na jajcata . Ovaa godina so katolicite ke slavime ist den




BEBICA -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (10.3.2010 10:56:04)

[image]http://www.coolinarika.com/repository/images/_variations/3/0/305a805217e9cb58c94e6d8e969612ca_content_large.jpg[/image]


Mozebi nesto vakvo da napravam za Veligden.Milibrod




BILJANA_G -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (10.3.2010 10:59:40)

Bebice ne sumnjam u tebe znam deka nesto ubavo ke izmajstoris.




Adrijana -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (10.3.2010 10:59:54)

I mene mi e velikden eden od najubavite praznici, do sega samo 2 pati imam jas vapcano jajca, ednas sama ednas so sestra mi. Eve kako izgledaa koga jas za prv pat sama vapcav[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
[image]http://photos-g.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc3/hs053.snc3/14097_357866800981_705285981_3659031_7090321_n.jpg[/image]




arh_diz -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (10.3.2010 11:43:34)

Za mene Veligden e eden od najubavite praznici. Ovaa godina ke dojde snaa mi so malite ke mi go razubavat uste poveke praznikot




mami -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (10.3.2010 12:19:02)

Ми беше омилен празник се додека не се омажив..сега за Велигден не правам апсолутно ништо...свеки си станува уште во 3 да вапца јајца, после цел ден се спрема во кујна, а јас само сакам да излезам од дома, кога веќе немозам од кожава зошто на тие денови сум посебно нервозна...
Ама ако, следната година, здравје ке бидеме некаде сами па ке може на раат да си украсувам и фарбам, како што си замислувам секоја година




profesorica -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (10.3.2010 12:29:21)

многу го сакам велигден како празник.

откако се омажив сама вапцам црвени јајца во четврток па во сабота.ги ставам во кошница(имам една како со зајче)( Дамјан многу и се радува)

а за трпезата обично сме кај баба на мм, значи таму се собираме цела фамилија и таму се кршиме со јајца.секој носи јајца од дома и сите си бираме по едно од туѓите.






Cacko -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (10.3.2010 12:52:11)

sama si gi vapcam jajcata u cetvrtok pred razdenuvanje i mnooogu sakam da ukrasuvam ,a za rucek ne praam nisto posto se zbirame familijarno kaj moite,a mama bogami znae da me pogodi[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




riba79 -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (10.3.2010 13:04:56)

Najubav praznik definitivno[sm=bravo.gif].na veliki cetvrtok vapcuvam 3 crveni jajca a sto se odnesuva na samiot den Veligden odime na rucek kaj svekrvata koja sprema i janesko i svinsko..i mnogu drugi dodatoci kako soleni taka i blagi.




natasha -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (11.3.2010 9:46:20)

Go obozavam ovoj praznik,so zadovolstvo se podgotvuvam i sekoja godina stanuvam rano nautro za adet da ofarbam 3crveni jajca,a potoa i ostanatite vo tekot na denot, vo razni boi i sari.Senadevam deka i ovaa godina ke bide taka,samo sto nekako mn rano se paga,pa ke treba da pocnam poleka,poleka da se pripremam so nabavka na boja,slikicki itn




vezilka RR -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (11.3.2010 10:29:33)

Јас пред неколку години имав еден неуспешен обид за фарбање јајца и после мајка ми ги префарбуваше :) Сега не знам кога ќе соберам храброст пак да се обидам а и не знам дали ќе имам простор да се „изражавам“ со свекрва ми..




nadica -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (11.3.2010 10:37:24)

бидејќи сме во заедница заедно со свекрва ми ги фарбаме јајцата ама годинава можеби и сама ќе ги фарбам
инаку уште од мала сум се мешала и помагала ма мајка ми и баба ми па ми е задоволство да се спремам за големи празници како велигден




ananikol -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (12.3.2010 18:03:00)

Sekoja godina kaj nas Velicetvrtok e golem i poseben den.Na toj den mi se rodi sinceto.
Porano praktikuvavme samo destina crveni da isfarbame utroto a ostanatite gi boevme site zaedno vo tekot na denot,ni bese pointeresno.Sega obicno mm mi pomaga posle polnok da gi isfarbame,a po nekoja godina izgleda ke se vratime na istiot nacin so bebusko.




BILE.F -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (20.3.2010 21:47:08)

И јас на велики четврток, пред изгрејсонце вапцам неколку јаца, а наредниот ден останатите!
Ги сакам христијанските празници, и велигден ми е еден од омилените!
3-4 години уназад сама вапцам и украсувам, а оваа година вака фамилијарно, планирам да вапцам повеќе, да купам кошнички и да ги украсам за внучињата!
Многу сакам да декорирам и да готвам, посебно за празниците!
Богатата трпеза споделена со саканите ме прави најсреќна!




ripce -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (20.3.2010 22:05:36)

Велигденско декорирање на домот

Велигденските празници се време за славење и пријатно релаксирање покрај членовите на семејството и пријателите. Задоволството ќе биде потполно доколку домот пригодно го декорирате со предмети и детали кои се поврзуваат со овој ден.


[image]http://www.sezadomot.com.mk/Novi_sodrzini_%2005.11/veligden1.jpg[/image]


Освен со религиозното и историското значење, велигденските декорации се поврзани со елементите на будење на пролетта, ведрите бои и доброто расположение. Токму од тие причини, пригодното уредување на домот создава пријатна и ведра атмосфера, истакнувајќи ја посебноста на овој ден во годината.

Нежно жолтата, зелената, розевата и сината боја се дел од боите кои се пригодни за декоративните елементи. Шаренилото добиено со играта со бои создава особеност и ведрина. Пролетното време во кое природата повторно оживува и создава свое богатство на бои претставува вистински мотив и извор на инспирација при декорирање на домот.



[image]http://www.sezadomot.com.mk/Novi_sodrzini_%2005.11/veligden6.jpg[/image]


[image]http://www.sezadomot.com.mk/Novi_sodrzini_%2005.11/veligden2.jpg[/image]

[image]http://www.sezadomot.com.mk/Novi_sodrzini_%2005.11/veligden5.jpg[/image]


Декоративниот елемент, израснат од пролетните мотиви е велигденското дрво, кое може да биде изведено и украсено на различни начини. Природните гранки може да ги украсите со цвеќе, ленти, ѕвончиња, фигурички и сл.


[image]http://www.sezadomot.com.mk/Novi_sodrzini_%2005.11/veligden13.jpg[/image]


Гранките може да бидат направени и од пластика или метал, па така на неа може да се закачат вапсани јајца, зајчиња и други предмети кои ги развеселуваат децата.


[image]http://www.sezadomot.com.mk/Novi_sodrzini_%2005.11/veligden8.jpg[/image]


[image]http://www.sezadomot.com.mk/Novi_sodrzini_%2005.11/veligden3.jpg[/image]


Доминантен елемент во велигденското декорирање се веќе спомнатите вапсани јајца. Техниките за нивно боење и конечните ефекти се навистина различни, а оние кои што се посветени на изработката на вапсани јајца може да направат и вистински уметнички дела, кои ќе го пронајдат своето место во декорирањето на масата, венчињата, свеќникот ...


[image]http://www.sezadomot.com.mk/Novi_sodrzini_%2005.11/veligden9.jpg[/image]


[image]http://www.sezadomot.com.mk/Novi_sodrzini_%2005.11/veligden10.jpg[/image]


[image]http://www.sezadomot.com.mk/Novi_sodrzini_%2005.11/veligden11.jpg[/image]


Кошарите исполнети со вапсани јајца се одличен декоративен елемент, кој може да го поставите во било кој дел од домот. Поставена на комодата во влезниот простор ќе ги развесели гостите кои ни доаѓаат во посета, на трпезариската маса ќе го направи обедувањето посвечено, а во дневната соба ќе ги нагласи велигденските мигови во кои уживате со семејството.

Декорацијата на детската соба треба да биде прилагодена на нивната возраст. Мотивите со цвеќе, пилиња и шарени вапсани јајца ќе ги развеселат, а шаренилото со бои е она што сигурно ќе ги привлече и ќе ја поттикне нивната активност и фантазија. За нив Велигден е посебен ден, а тоа чувство ќе им го потврдите преку веселите бои.

Велигденската трпеза треба да биде свечена и пригодно декорирана. Велигденскиот ручек е навистина посебен настан кога цветните аранжмани, украсните свеќи во вид на вапсани јајца, како и доминантната ведра боја на чиниите, чашите или салветите дополнително го истакнуваат. Ситните детали како што се цветните букети положени покрај секоја чинија ќе ги израдува оние кои се присутните на велигденската трпеза.


[image]http://www.sezadomot.com.mk/Novi_sodrzini_%2005.11/veligden7.jpg[/image]


[image]http://www.sezadomot.com.mk/Novi_sodrzini_%2005.11/veligden12.jpg[/image]


[image]http://www.sezadomot.com.mk/Novi_sodrzini_%2005.11/veligden4.jpg[/image]


Свечениот амбиент и свежината на пролетта се императив на велигденските декорации. Многу од нив можете и сами да ги изработите, користејќи ја вашата креативност, фантазија и волја.





April -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (20.3.2010 22:51:46)

Во Веро има многу убави велигденски декорации и ситници...не сум прошетала на друго место, а сигурно насекаде има...




Maca25 -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (20.3.2010 23:16:44)

Јас оваа година за прв пат ќе фарбам јајца. Едвај чекам!!! Планирам да купам монистра па некои и да ги декорирам. Видов дека во Веро има преубави декорации за велигден, а исто така и во Sewa карши тренд во центар. 




Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>