AnnaMolly RR -> RE: Беби рецепти (26.6.2012 10:07:33)
|
Еве еден од поомилените рецепти на Филип. Месото прво свари го убаво да омекне. Исечкај на коцки компир, морков и кромид. Стави го зеленчукот во тавa, стави малку вода и зејтин, вегета и пола лажичка црвен пипер. Врз зеленчукот стави го месото и покриј ја тавата со фолија. Стави ја во рерна да се пече. Многу е вкусно, Филип се дави во ова. Ама црвениот пипер е задолжителен, му дава многу убав вкус на зеленчукот [sm=smiley1.gif] Може да се прави со секакво месо, свинско, пилешко, телешко...
|
|
|
|