AnnaMolly RR -> RE: Беби рецепти (7.7.2012 15:39:17)
|
Јас вака правев спанаќ (исто го правам и сега, единствената разлика сега е што ставам плус црвен пипер). Го кинам спанаќот поситно. Ставам маслиново масло во тенџерче, пропржувам кромид, го пропржувам спанаќот, го пропржувам оризот, ставам вода и 1/4 мала лажица вегета. Откако ќе биде сварен оризот и ќе испари водата, значи готово е. Тогаш ставам едно матено јајце озгора и го ставам во рерна додека се зготви јајцето. После со кисело млеко или јогурт е милина за јадење. Да напоменам дека го готвам на рингла, на двојка, само кога ќе ставам јајце го потпекувам во рерна едно 10 минути. Инаку, да напоменам дека и јас во се ставав вегета. И сега ставам вегета, не сол.
|
|
|
|