RE: Беби рецепти (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Дохранување со густа храна



Порака


@Mila@ -> RE: Беби рецепти (3.11.2012 21:43:54)

Mamicki moze da mi kazete kako pripremate tarana za bebushkite,koj soodnov voda testenini i sto sto ja kombinirate tnx, sakam utre da mi pravam za dorucek pa da ne kesperimentiram.pozz




elenak -> RE: Беби рецепти (3.11.2012 22:03:22)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Fiao RR

Здрав бебе чоко-пудинг / Бебе после 10 месеци

Бидејќи се изначитав еден куп гадости за готовите пудинзи, решив да најдам рецепт за здрав, а многу вкусен пудинг и рецептот го адаптирав за бебе.

- 1 банана
- 1 лажица какао
- пола лажица мед
- 100 мл вода (додавајте по потреба, внимавајте да не стане премногу ретко)
- 2-3 ливчиња од свежо нане (колку за вкус на минт)

Ставете се во блендер и блендирајте додека не добиете кремаста смеса. Потоа пудингот ставете го во фрижидер, да отстои некое време колку да згусне. Во овој рецепт можете да уживате и Вие и Вашето бебе [sm=smiley27.gif]

Фиао овие твои чудни рецепти секогаш излегуваат вкусни, ова дефинитивно мора да се проба. Како сум го пропуштила, дури сега го видов [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] А баш завчера кога и правев грав се мислев дали да и ставам свежо нане и се откажав, мислев да не и мириса јако. Инаку и ние не сме пробале мед, ваљда може да го заменам со малку кафеав шеќер?




Natuska85 -> RE: Беби рецепти (3.11.2012 23:01:43)

Еве еден рецепт од мене[sm=smiley1.gif].Неколку китки карфиол малку обарени. Секоја китка посебно се м'цка во матено јајце па во презла.Сите заедно се редат во тавичка претходно премачкана со маклу зејтин.Сето ова се става во рерна и се пече некои 20тина минути.Вкусно и за [sm=duda.gif] и за мама[sm=smiley36.gif].




elenak -> RE: Беби рецепти (4.11.2012 11:10:56)

Испробан рецептот за чоко-пудингот на Фиао. Превкусно е [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] Имаме здрава и вкусна ужинка за денес.




Fiao -> RE: Беби рецепти (5.11.2012 10:45:30)

Некаде читав дека нането во поголеми количини не е баш препорачливо за бебешки, така да тоа онака ставајте го само колку да добие вкус, не претерувајте со него. Многу ми е мило што ве бендиса пудингот [sm=bravo.gif], слободно може и без мед, малку повеќе банана не е страшно, но шеќер јас не би додала никако... или веднаш ќе треба да го извадиме од „здрав“ оброк[sm=smiley13.gif]
ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak

ИЗВОРНА ПОРАКА: Fiao RR

Здрав бебе чоко-пудинг / Бебе после 10 месеци

Бидејќи се изначитав еден куп гадости за готовите пудинзи, решив да најдам рецепт за здрав, а многу вкусен пудинг и рецептот го адаптирав за бебе.

- 1 банана
- 1 лажица какао
- пола лажица мед
- 100 мл вода (додавајте по потреба, внимавајте да не стане премногу ретко)
- 2-3 ливчиња од свежо нане (колку за вкус на минт)

Ставете се во блендер и блендирајте додека не добиете кремаста смеса. Потоа пудингот ставете го во фрижидер, да отстои некое време колку да згусне. Во овој рецепт можете да уживате и Вие и Вашето бебе [sm=smiley27.gif]

Фиао овие твои чудни рецепти секогаш излегуваат вкусни, ова дефинитивно мора да се проба. Како сум го пропуштила, дури сега го видов [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] А баш завчера кога и правев грав се мислев дали да и ставам свежо нане и се откажав, мислев да не и мириса јако. Инаку и ние не сме пробале мед, ваљда може да го заменам со малку кафеав шеќер?






Fiao -> RE: Беби рецепти (5.11.2012 10:59:36)

Најдобриот зелен смуди до сега!

- 25-30 зрна од розево грозје (не знам како се викаше сортата, но знам дека е без семки, има розе боја, превкусно е и гроздовите се многу густо исполнети, нема простор меѓу зрната)
- 3-4 гранчиња магдонос (се разбира дршката ја фрлате, се користат само листовите)
- 1 банана
- 1 жолто, благо јаболко
- 1 китка спанаќ = 10 средна големина листови
- вода по потреба
- 1 голема лажица мелена плазма

Зрната од грозјето се сечат на половина и се чистат од семки, нема потреба да ги лупите. Магдоносот убаво одвоен од дршките, се користат само листовите, бидејќи од дршките може да боли меше. Јаболкото убаво го мијам и го лупам поради тоа што пазарските јаболки се прскани, еден период кога имав домашни непрскани ги ставав со се лушпата. Спанаќот исто така убаво измиен, јас ги користам само листовите. Вода по потреба
за да може убаво да врти блендерот и доколку ви искочи потечно, слободно ставете повеќе плазма, ќе го згусне. Се заедно се блендира и се крка! [sm=smiley36.gif]
*Од оваа доза има и за бебе и за мама [sm=smiley1.gif], соодносот е тој на мерките, ако сакате само за бебе, направете половина од ова.

Превкусно!
Добар апетит за бебешките и за мама или тато [sm=smiley36.gif]





Kockicka -> RE: Беби рецепти (5.11.2012 11:03:22)

thx Fiao na receptite go probavme i nie zelenoto smudi so spanaka kruska i banana maf go napravivme :) denes e na red pudingot :)




elenak -> RE: Беби рецепти (5.11.2012 12:26:30)

Леле абе убаво си се израдував јас оти ми се погоди пудингот и мене лично ептен ми се бендиса, ама изгледа моево дете не сака банана [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] Досега неколку пати имав пробано да и дадам и секогаш ми прави фаци како да и се повраќа ама мислев не е гладна. Ќе касне малку и нејќе после. Ама дефинитивно вчера кога пробав да и дадам од пудингот сфатив оти до бананата е. Во неколку комбинации истото ми го прави, значи не ја сака никако. Пудингот си го изеде тато а мене ми беше толку мака[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] Ќе мора за нас некои рецепти без банана [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Инаку јас го правев со мед и полека ќе почнеме да си јадеме, немаше реакција од тоа што го изеде (сепак проба 3-4 лажички).




Fiao -> RE: Беби рецепти (5.11.2012 12:39:16)

Само што ми кажа мајка ми сортата на грозјето е дренок. Инаку во дренокот има семки максимум до 3 во зрно, а од него има и друга некоја варијанта хамбург ли се викаше незнам, тоа е исто на вкус и изглед ама во него нема семки. Кое и да го ставите нема да згрешите [sm=smiley1.gif]
ИЗВОРНА ПОРАКА: Fiao RR

Најдобриот зелен смуди до сега!

- 25-30 зрна од розево грозје (не знам како се викаше сортата, но знам дека е без семки, има розе боја, превкусно е и гроздовите се многу густо исполнети, нема простор меѓу зрната)
- 3-4 гранчиња магдонос (се разбира дршката ја фрлате, се користат само листовите)
- 1 банана
- 1 жолто, благо јаболко
- 1 китка спанаќ = 10 средна големина листови
- вода по потреба
- 1 голема лажица мелена плазма

Зрната од грозјето се сечат на половина и се чистат од семки, нема потреба да ги лупите. Магдоносот убаво одвоен од дршките, се користат само листовите, бидејќи од дршките може да боли меше. Јаболкото убаво го мијам и го лупам поради тоа што пазарските јаболки се прскани, еден период кога имав домашни непрскани ги ставав со се лушпата. Спанаќот исто така убаво измиен, јас ги користам само листовите. Вода по потреба
за да може убаво да врти блендерот и доколку ви искочи потечно, слободно ставете повеќе плазма, ќе го згусне. Се заедно се блендира и се крка! [sm=smiley36.gif]
*Од оваа доза има и за бебе и за мама [sm=smiley1.gif], соодносот е тој на мерките, ако сакате само за бебе, направете половина од ова.

Превкусно!
Добар апетит за бебешките и за мама или тато [sm=smiley36.gif]







Fiao -> RE: Беби рецепти (5.11.2012 12:51:07)

elenak малку е тешко овие зелените смуди кои се многу здрави да се изведат без банана, бидејќи вкусот им е многу јак и мирисот на зелените листови, а бананата тоа го ублажува... Не би знаела што да те советувам, јас стално ги правам со банана... Ај може ќе смислам нешто [sm=smiley2.gif]
ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak

Леле абе убаво си се израдував јас оти ми се погоди пудингот и мене лично ептен ми се бендиса, ама изгледа моево дете не сака банана [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] Досега неколку пати имав пробано да и дадам и секогаш ми прави фаци како да и се повраќа ама мислев не е гладна. Ќе касне малку и нејќе после. Ама дефинитивно вчера кога пробав да и дадам од пудингот сфатив оти до бананата е. Во неколку комбинации истото ми го прави, значи не ја сака никако. Пудингот си го изеде тато а мене ми беше толку мака[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] Ќе мора за нас некои рецепти без банана [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Инаку јас го правев со мед и полека ќе почнеме да си јадеме, немаше реакција од тоа што го изеде (сепак проба 3-4 лажички).






elenak -> RE: Беби рецепти (5.11.2012 13:30:43)

Епа ние смуди го папаме со јаболко и кајсија. Имам смрзнати кајсии наши домашни па така комбинираме.
Ај сега и од мене еден рецепт што тукушто го изручкавме:
две кајсии
пола јаболко
сок од една мандарина
1-2 зрна аронија
пола лажичка ленено семе
пола лажичка мед
Сето ова откако ќе се изблендира може да се комбинира со било какви житарки (корнфлекс, овесни, оризови снегулки) а ние го јадевме со плазма оти малку ни се киселки мандарините [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




anaana -> RE: Беби рецепти (5.11.2012 13:33:24)

od kolku meseci moze ova da se dava?
nie za edna nedela ke pravime 8




Fiao -> RE: Беби рецепти (5.11.2012 19:19:38)

Батат со блитва (ручек за после 6м.)

- 1 помал батат (благ компир, лила)
- 1 морков
- 1 чешне лук
- 1 поголем лист блитва

Бататот заедно со морковот и лукчето ги ставив на пареа 15 мин. Потоа ги ставив во блендер и додадов свеж лист блитва. Сето тоа исмиксирано го искркавме за час! [sm=smiley1.gif]




Ikana -> RE: Беби рецепти (5.11.2012 20:00:26)

Ајде и јас еден рецепт да споделам [sm=smiley36.gif]

- 200 мл кравјо млеко
- 2 рамни лажици гриз (се вари млекото и го додавате гризот и мешате на тивок оган додека не згусне)
- 1 банана
- половина зелено јаболко (излупено)
- многу малку ванилин шеќер (со прстите земете малку од ќесичката и додадете го на гризот)
Се ова во блендер, оладете го малку и спремно за кркање.




amateuress -> RE: Беби рецепти (5.11.2012 20:13:04)

одамна не сум ја отворила темава, а тука прекрасни рецепти да ти имало [sm=bravo.gif]

еве и еден бајаги едноставен од мене:

3/4 лупено јаболко
3/4 банана
200 мл кисело млеко (може и јогурт, ама нели киселото е поздраво)
2-3 лажици мелена плазма/лино

нешто како овошен јогурт доаѓа, ама заради бисквитите ептен е добро, јас кога му правев на малиот и братучетка ми беше тука и проба - многу вкусно и се виде, па и направив, па и на мм му се бендиса и така сите по дома, и домашни и гости, си јадат бебешка храна (јас сум комуналец, метам тоа што ќе остане [sm=smiley36.gif])




Pepelaska * -> RE: Беби рецепти (6.11.2012 8:16:22)

ИЗВОРНА ПОРАКА: @Mila@

Mamicki moze da mi kazete kako pripremate tarana za bebushkite,koj soodnov voda testenini i sto sto ja kombinirate tnx, sakam utre da mi pravam za dorucek pa da ne kesperimentiram.pozz


Јас ја варам 1:3 значи колку што ставам тарана, со истото
( филџан или тањирче) ставам 3 такви вода, малку сол , и масло.
Можеш со сирење.
Ние пошто не јадеме сирење му ставам зденка или абц, а некогаш и рендано јајце ( заради камуфлажа да го изеде) тарана ни е омилено јадење.[sm=smiley36.gif]




lilicka -> RE: Беби рецепти (6.11.2012 8:56:51)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Fiao RR

Батат со блитва (ручек за после 6м.)

- 1 помал батат (благ компир, лила)
- 1 морков
- 1 чешне лук
- 1 поголем лист блитва

Бататот заедно со морковот и лукчето ги ставив на пареа 15 мин. Потоа ги ставив во блендер и додадов свеж лист блитва. Сето тоа исмиксирано го искркавме за час! [sm=smiley1.gif]

Бататот е премногу здрав ептен.....испробано во се.....и зелениот и портокаловиот......многу често и правам ручече со него а рецептов е испробан[sm=smiley20.gif]




SkCura77 -> RE: Беби рецепти (7.11.2012 22:18:01)

Тавче со мешан зеленчук (за над 1 год)

1/2 модар патлиџан, 1/2 тиквичка
корен и лист од целер, 1 пашканат
2 моркова, 2 помали компира
1/4 страк праз исечкан на тркалца

Тавчето се премачкува со путер. Се става претходно излупениот и исечкан на коцки зеленчук.
Се долева вода, се ставаат зачини по вкус и се пече 45 мин.
Се сервира топло, со малку павлака или кисело млеко.
Може да се додаде и варено/ печено пилешко, телешко или мисиркино месо.
Син ми ова го обожава... Наздравје нека ви е! [sm=smiley1.gif]




Fiao -> RE: Беби рецепти (8.11.2012 18:42:34)

Интегрален ориз со свежа блитва

Еве еден многу интересен рецепт кои искочи случајно, комбинирајќи ги состојките кои ми беа останати во фрижидерот.[sm=smiley1.gif]

- 3 средни листови блитва
- 80гр мелен интегрален ориз
- 1 жолчка
- 1-1,5 лажица кисело млеко
- 1 чешне лукче
- малку сол
- 1 мала лажичка маслиново масло

Интегралниот ориз и лукчето се варат, да стане како каша (може лукчето да се вари настрана или да се изренда во оризот). Ова заедно со 1 варена жолчка се става во блендер, се наросува малку сол и 1 лажичка маслиново масло и се блендира. Откако малку ќе се излади се додаваат и листовите исчистени од рачките (свежи) во блендерот и повторно се блендира. Откако сето ова ќе се помеша додавате лажица кисело млеко кое му дава одличен шмек.
Ангелина ова го јадеше денес и се направи тупан! Мислам дека изеде тањир од кој најверојатно и јас ќе се најадев [sm=smiley36.gif]




elenak -> RE: Беби рецепти (9.11.2012 22:32:01)

Денес малку експериментирав. Сварив какао со млекце (1 лажичка какао и околу 150-160 мл млеко) без шеќер. Во тоа ставив мелена плазма (отприлика колку да згусне). Кога се олади бидејќи имаше грутчиња го изблендирав заедно со пола јаболко. Резултатот беше чоколаден пудинг со вкус на јаболко, ммммм[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley14.gif[/image] Признавам дека лапнав 2-3 лажички, не му одолеав[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley9.gif[/image] Ама и на госпожата и се допадна, па така ние ќе си јадеме домашен пудинг со отсуство на банана[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Планирам да и направам и со други овошја, мислам дека со вишни би било исто така вкусно.




Kockicka -> RE: Беби рецепти (10.11.2012 17:18:36)

Mamicki dajte nekoj predlog za vecera so zolcka od jajce ?Na pocetokot go jadevme so kisleo mlekce no mi rekoa deka se namaluva kolicestvotot na zelezo pa prodolzive vo zelencukovi ili ovosni kasi ,no nekako denes ovosje imame jadeno mnogu a za zelencuk mi e kasno za vecera [sm=smiley13.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Беби рецепти (10.11.2012 17:59:12)

Гриз со жолчка. Свари си го нормално гризот. Откако ќе биде готов додај една жива нематена жолчка, убаво измешај и врати на рингла една минутка, додека не почне да ти прска гризот. Ова беше едно од омилените јадења на син ми кога беше помал.




Maca25 -> RE: Беби рецепти (10.11.2012 18:06:01)

Палента со жолчка
банана со жолчка

јас вака и давав на ќерка ми.




Bilence2 -> RE: Беби рецепти (12.11.2012 1:39:01)

Pire, kompir, mleko i zolcka se svareno.




janamic -> RE: Беби рецепти (21.11.2012 13:46:44)

Mamicki moze da mi kazete nekoi recepti...bebushot ima 5ipol meseci




Страница: <<   < Претходна страница  31 32 [33] 34 35   Следна страница >   >>