Fiao -> RE: Беби рецепти (27.12.2012 17:32:56)
|
Прекрасна и многу здрава домашна чорба (може и од 6 месеци) Инспирирана од еден приватен муабет со Beatris RR на тема здрава вечера за бебе, таа ми рече дека многу често на малата и правела зеленукови супи. Епа еве денес еден преубав рецепт за домашна ултра здрава чорба, се разбира може да се даде и за ручек и за вечера. А доколку немате идеа за Вашиот ручек, тогаш направете до ова само во поголема количина. Бидејќи ова беше чорба за целата фамилија јас ќе ги пишам дозите зголемени: - 3л вода - 3 поголеми компири - 1 помал пашканат - 4-5 моркови - 1/2 целер - 1/2 китка магдонос - 1/2 од листовите на целерот - 1/2 од паковањето на фиде без јајца Водата ја ставаме на посилна температура да почне да врие. Во неа ги сецкаме на коцкички веќе излупените компири. Пашканатот, целерот и морковите јас лично ги преферирам рендани, значи ги рендате и ги ставате во тенџерето. Откако убаво ќе се сварат компирите, го додавате фидето да поврие 5-10 макс. На крајот супата ја исклучувате. Во меѓувреме го миете магдоносот и листовите целер и ги ставате во сецко (процесор, раката на тато, како и да го викате [sm=smiley1.gif]). Откако ќе се иситнат ги додаваме во топла, но не врела супа (со цел да ги задржиме сите нивни витамини). На крај за бебе (зависно од возраста) можете да го изблендирате сето тоа, а во вашето да си додадете лимон, малку сол и малку маслиново масло - ладно цедено (во малку изладена супа, бидејќи маслиновото на висока температура се расипува и наместо корисно, станува штетно). Јас веќе од неа јадам репете, а штом ќе стане А и она ова ќе си вечера [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|