RE: Беби рецепти (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Дохранување со густа храна



Порака


sandriana RR -> RE: Беби рецепти (25.2.2014 10:41:05)

Кажете ми за овошна каша дали овошјето да го варам или рендам па блендирам, и дали со водата што се вари или ќе ја пушти ,или подобро со АД млекото.

Јас лично, секогаш овошните каши ги правев само од свареното овошје - значи овошјето ако е покрупно, исечкано на парчиња, обарено дур мекне, па во блендер. Ако има потреба, додавав од водата во која се варело.




Felly RR -> RE: Беби рецепти (25.2.2014 15:08:07)

Доколку сакаш со свежо овошје може да свариш ориз или гриз (доколку имате пробано) па да изрендаш во него јаболко, или да изгмечиш банана.


За размена на идеи и мислења околу приготвувањето на овошјето, погледнете ја и темата Свежо или кашичка.




Felly RR -> RE: Беби рецепти (26.3.2014 21:12:37)


ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicka26

dali znae nekoj da mi kaze recepti za kasicki ovosni i za zelencuk za sedum meseci bebce,i dali mozi da se dava supi i corbi moeto ima 7meseci i 1nedela cekam odvas nekoj recept pozz do site mamicki





emaaaa -> RE: Беби рецепти (26.5.2014 1:17:38)

jas bi gi zamolila site poiskusni mamicki da mi kazat nekoj recept za bebe od 5 meseci




sandriana RR -> RE: Беби рецепти (26.5.2014 11:45:01)

Драга емааа, покрај рецептите што ги имаа споделено нашите мајки низ страниците наназад на оваа тема, еве и ОВДЕ неколку соодветни рецепти за доенчиња.
Ви посакувам успешно воведување на густа храна [sm=smiley1.gif]




Ilina87 -> RE: Беби рецепти (26.5.2014 12:06:17)

На таа возраст Emaaaa јас давав само овошје, варено и блендрирано, морков од зеленчук и ориз. На пример: морков и јаболко варени и блендирани, круша, банана пасирана со варено јаболко, потоа можеш да свариш ориз да го измешаш со адаптирано млеко и една банана пасирана.




Doris D -> RE: Беби рецепти (18.9.2014 15:47:28)

Bebenceto ima 5 meseci i edna nedela.Pocnav so dopolnitelna ishrana i toa so jabolko nekolku dena pa so krusa.Ve molam kazete sto da dadam sledno i sledno kako za pocetok.Inaku pocnav so 3-4 lazicki pa do 10 no bebevo golta kolku ke mu dadam:-) a go ranam edna nedela taka da nezna m kolku da prodolzam da mu davam.Ve molam pisete ve cekam
[sm=smiley1.gif]




Felly RR -> RE: Беби рецепти (18.9.2014 16:36:20)

Дорис во темава ќе најдеш многу рецепти за таа возраст, но исто така за се што те интересира ново, пиши ни во темата Прва нова храна <<<--- KLIK - таму ќе го префрлам и овој пост.
Штом веќе си ручкате една цела недела може и да му зголемиш на количиња. Те очекуваме и на другите теми. ДОбредојде. [sm=smiley31.gif]




sandriana RR -> RE: Беби рецепти (18.11.2014 13:05:31)


ИЗВОРНА ПОРАКА: sonc90

zdravo zenski...ke ve zamolam za sovet t.e. recept...nie imame 4 i pol meseci i uste ne sum pocnala so dohrana zaso gledam deka moeto mleko ja zasituva megjutoa koga ke pocneme sakam da znam kako da gi pogodam kasickite,potocno gustinata...eve vie kazete mi kako otprilika gi spremavte jabolkite,bananite....a i uste ova za onie koi imale takvo iskustvo,zemav baby first pap na nestle...da go podgotvam kako sto pisuva na upatstvoto ili so poveke ili pomalce lazici od sto pisuva?izvinete na "glupavive" prasanja ama stvarno vrska nemam koja gustina treba da mi bidat kasickite...fala mn odnapred [sm=smiley1.gif]


ИЗВОРНА ПОРАКА: deluxe RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: sonc90

zdravo zenski...ke ve zamolam za sovet t.e. recept...nie imame 4 i pol meseci i uste ne sum pocnala so dohrana zaso gledam deka moeto mleko ja zasituva megjutoa koga ke pocneme sakam da znam kako da gi pogodam kasickite,potocno gustinata...eve vie kazete mi kako otprilika gi spremavte jabolkite,bananite....a i uste ova za onie koi imale takvo iskustvo,zemav baby first pap na nestle...da go podgotvam kako sto pisuva na upatstvoto ili so poveke ili pomalce lazici od sto pisuva?izvinete na "glupavive" prasanja ama stvarno vrska nemam koja gustina treba da mi bidat kasickite...fala mn odnapred [sm=smiley1.gif]




Za ovosni kasicki od jabolko,morkov,banana I dr.koga im pravev na decata moi,najcesto gi varev (jabolko,morkov,tikva ,krusa)bez da dodavam seker,potoa ke go izvadev od tecnosta jabolkoto i ke go izblendirav.Ne dodavav voda,samo gustinata od plodot.Da ne e mnogu tecno,no isto taka da ne stoi gusto(kako puding)
Gotovite kasicki prigotvuvaj gi kako na upatstvoto[sm=smiley1.gif]


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Овошните каши не се густи, особено ако ставиш јаболко или крушка. Тиквата е малку погуста. Но штом ќе ти се чини густичко, измолзи си малку од твоеро млкце и немаш гајле, хихи ќе папка бебе милкшејк.


ИЗВОРНА ПОРАКА: AneLav RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: sonc90

zdravo zenski...ke ve zamolam za sovet t.e. recept...nie imame 4 i pol meseci i uste ne sum pocnala so dohrana zaso gledam deka moeto mleko ja zasituva megjutoa koga ke pocneme sakam da znam kako da gi pogodam kasickite,potocno gustinata...eve vie kazete mi kako otprilika gi spremavte jabolkite,bananite....a i uste ova za onie koi imale takvo iskustvo,zemav baby first pap na nestle...da go podgotvam kako sto pisuva na upatstvoto ili so poveke ili pomalce lazici od sto pisuva?izvinete na "glupavive" prasanja ama stvarno vrska nemam koja gustina treba da mi bidat kasickite...fala mn odnapred [sm=smiley1.gif]

Обично кашите кога се спремаат по упатството или се премногу густи или се премногу течни ќе си видиш од прилика. А ако не сакаш друго млеко да ставаш во нив можеш и со овошно сокче. Јас на пример бидејќи моите беа на адаптирано млеко имаше едни 7-житарки од милупа им ги правев со овошен сок а пишуваше со млеко да се прават. Ако го вариш овошјето за припрема на овошните кашички ставај малку од водичката во која се варени па ќе добиеш некоја густина што според тебе ќе може бебето да ја голтне. Поубаво е на почеток да се малку потечни. Јас овошните каши ги правев со тоа што ги блендирав јаболчиња банани и во нив понекогаш додавав по една две лажици житарки, понатаму можеш и мелени бисквити да ставаш во овошјето. Во зима кога немаше многу овошје имав домашни компотчиња од праски, дуњи, кајсии, круши па и со тие ги мешав житарките и понатака бисквити мелени ставав. Тиквата вари ја и можеш со бабана и јаболко да ја мешаш. Тиква измешана со бисквити и млеко е како чоколино , многу е вкусна. Прашувај се што ти треба и јас не знаев што како треба ба РР-ајките многу ми помогнаа. Тука сме за тебе. Поздрав!!





sonc90 -> RE: Беби рецепти (20.11.2014 16:19:36)

znaev deka ke mi izlezete vo presret pa zatoa prvo vas ve prasav...fala vi mn zenski [sm=rozica.gif]




Ki4iko -> RE: Беби рецепти (28.11.2014 22:34:11)

Млечна каша со оризови снегулки

Потребно: 220 мл. млеко, 1 кафена лажичка шеќер, 6 супени лажици оризови снегулки.

Подготовка: Млекото и шеќерот се варат се додека не зоврие. Штом зоврие се трга на страна, малку да се излади и се прелеваат оризовите снегулки. Се меша убаво за да се добие еднолична смеса без грутчиња.

Млечна каша со пченкарно брашно

Потребно: 200 мл.млеко, 4 кафени лажички пченкарно брашно, 2 кафени лажички шеќер.

Подготовка: Млекото со шеќерот се мешаат и се варат. Во подлабока чинија растворете го пченкарното брашно со млеко. Кога млекото што се вари ќе зоврие постепено му се додава раствореното пченкарно брашно. Постојано се меша за да нема грутчиња. Се вари 15-тина минути.




Ki4iko -> RE: Беби рецепти (28.11.2014 22:35:04)

ЗЕЛЕНЧУКОВИ КАШИ

Каша од морков и ориз

Потребно: 50 гр. морков, 1 лажици ориз, 100 мл. млеко, 1 лажичка масло (5 мл.)

Подготовка: Морковот се мие, се лупи, се сецка на кругчиња и со оризот се ставаат во врела вода да се вари. Кога ќе омекнат целосно, се додава млекото и маслото. Се вари уште 3-5мин. Се пасира или миксира, за поголемо доенче се ситни со вилушка.
Оваа каша може да се приготви со ориз наместо со пченкарен гриз. Во тој случај на полусварениот морков се додава пченкарниот гриз и се вари уште 10-15мин. со постојано мешање.
Може да комбинирате со мелено месо, бела риба или тврдо варена жолчка во зависност од возраста на доенчето.

Каша од спанаќ или блитва

Подготовка: 50 гр. спанаќ, 1лажица оризови снегулки или пченкарно брашно, 100 мл. млеко, 1мало лажиче маслиново масло.

Подготовка: Спанаќот се чисти од рачките и се мие под млаз вода. Оставете да одстои 20-30мин. во вода со сол или лимонов сок, за поубаво да се измие од нечистотии. Се плакне и се става да се вари во врела вода. Кога ќе падне на дното тогаш е сварен. Се цеди, се пасира, се додава млекото и маслото или маргаринот и се вари уште малку на умерена температура. За да се згусне се додаваат оризовите снегулки.
Доколку го подготвувате со пченкарно брашно тогаш оставете да се вари уште 10-15 мин. со повремено мешање.
За постари доенчиња може да се додаде мелено месо, бела риба, жолчка или џигер.




Ki4iko -> RE: Беби рецепти (28.11.2014 22:35:48)

Овошна каша од јаболко

Потребно: едно поголемо јаболко.

Подготвување: Јаболкото се мие, се лупи и сецка на парчиња. Во вода, на умерена температура, се остава малку да се вари колку да омекне. Се пасира. Се остава да се олади и се послужува.
На доенче со навршени 5 месеци во кашата може да се додаде една кафена лажичка лимонов сок и шеќер (жолт), а подоцна и мед,




Ki4iko -> RE: Беби рецепти (28.11.2014 22:36:14)

Овошна каша од банана и пченкарни снегулки

Потребно: 100 мл. вода, 50 мл. вода, 4 лажици (околу 15 гр.) пченкарни снегулки и 80 гр.банана.

Подготовка: Млекото и водата да зовриат и веднаш се прелеваат пченкарните снегулки. Бананате се лупи, пасира и се додава во топлата кашичка. Се меша убаво и се служи.




Ki4iko -> RE: Беби рецепти (28.11.2014 22:36:41)

Овошна каша од суви сливи

Потребно: 100 гр. суви сливи, 300 мл. вода, една кафена лажичка мед и една кафена лажичка сок од лимон.

Подготовка: Сувите сливи се мијат со топла вода и се оставаат во вода да одстојат околу 30-тина минути. Се цедат и повторно се мијат. Се вадат семките и се ставаат да се варат во 300 мл. вода. Штом ќе омекнат се пасираат, се додава медот и лимоновиот сок.
Кашата се препорачува кога доенчето има опстипација (затвор).




Ki4iko -> RE: Беби рецепти (28.11.2014 22:37:23)

Пилешко/телешко месо со макарони за 7+

70 гр. пилешко или телешко месо
пола морков
пола компир
макарони без јајца
малку лимон и м.масло
се вари месото околу 40 мин. (телешкото малку повеке) заедно со морковот и компирот. одкога ке се свари зеленчукот и месото во истата вода се додаваат и макароните. потоа се миксираат месото и зеленчукот и се додаваат макароните. се додава и 1 лажиче маслиново масло и неколку капки лимонов сок.




Ki4iko -> RE: Беби рецепти (28.11.2014 22:37:54)

Тестенини со доматен сос (7+) - ова важи за тестенини без јајца, а и секако доматите се даваат нешто подоцна оти се тешки за стомакот.
Се динста малку кромид на путер, измешан со малку вода, се додаваат лупени и сецкани (или рендани домати), малку шеќер (да се наутрализира киселоста кај доматите - детето нема да јаде ако е многу кисело), па се вари густ сос. Се додава малку сол, малку оригано (колку за мирис) и се меша со сварени пасирани макарони или шпагети. Може да се додаде и несолено сирење, или несолено крем сирење (8+).




Ki4iko -> RE: Беби рецепти (28.11.2014 22:38:12)

Компир со блитва и жолчка (8+)
Се вари еден компир исечен на коцки во малку млеко. Се додаваат неколку листа исчистена, измиена и сецкана блитва. Кога убаво ќе се свари, се меша со една тврдо варена жолчка (може и помалку, зависи колку јаде детето). Може да се додаде и кисело млеко.




Ki4iko -> RE: Беби рецепти (30.11.2014 20:15:47)

Kasicka od leka

100 gr morkov , neseckan
25 gr celer, neseckan
1/2 supena lazica maslo
50 gr leka
100 gr kompiri , izlupeni, iseckani
350 ml supa od pile ili zelencuk ( moze i voda )

dinstajtegi morkovite i celerot vo malku voda i maslo okolu da omeknat. Dodajteja lekata i komoirite, pa nalejtesupa ili voda . Ostavete da povrie pa namalete ja temeraturata i varete na tivok ogan okolu 25-30 min . Stavete vo blender i napravete kasicka

Dobar apetit




Ki4iko -> RE: Беби рецепти (30.11.2014 20:16:04)

Супа со тиква
80г тиква
бел дел од праз
2 гранчиња магдонос
3 супени лаж млеко
Празот и магдоносот се мијат со вода во кој е доден сок од лимон. Тиквата се чисти од семки и жили.Сето ова се вари во 1/2л ладна вода тивко 20 мин со затворен капак. Исцедете и испасирајте со миксер. Додадете го млекото и варете иште 12 минути.




Ki4iko -> RE: Беби рецепти (30.11.2014 20:16:28)

Компот од круши со ванила
2 зрели круши
малку ванила
1 кафено лаж сок од лимон
1 суп лаж вода
Крушите се лупат, им се вадат семкте и се сечат на 8 дела. Парчињата заедно со водата, сокот од лимон и ванилата се ставаат во тенџере и се варат на средна јачина 20 минути. Компотот се употрбува топол.




Ki4iko -> RE: Беби рецепти (30.11.2014 20:16:51)

Телешки џигер со моркови
40 гр телешки џигер
3 средни моркови
2 гранчиња магдонос
неколку капки сок од лимон
путер
Морковите се счат и вријат во вода 20 мин, магдоносот се додава 2 мин при крај. Џигерот се става одпосле и се вари 4 минути. Сето тоа се цеди и пасира со миксер.На крај се додава путерот и неколкуте капки лимон.




Ki4iko -> RE: Беби рецепти (30.11.2014 20:17:27)

Со навршена 1година

Филет од риба-лист со печурки и спанаќ
40г филет од риба-лист
50г спанаќ
2шампињони
малку сол
путер-на дното од кафено лажиче
Спанаќот измијте го и исечете го покрупно. Измите ги шампињоните и исечете ги. Филетата од риба-лист, спањакот, путерот, шампињоните (предходно посолени) ставете ги во фолија за печење. Печете во загреана рерна 6-7мин. Кога ке биде готово дајте неколку капки лимонов сок.




Ki4iko -> RE: Беби рецепти (30.11.2014 20:17:45)

Колач од јајце со ориз
1суп лаж карго ориз
40г спанаќ
1јајце
малку сол ипутер
Ставете го оризот во посела вода што врие и варете го 40мин. Исцедете го. Исчистете го спанаќот и исецкајте го ситно, измешајте го со оризот. Додајте го јајцето - посолете.
Печете во мал порцелански сад, 20мин на умерена тем. Одкако ке биде готов колачот додајте го путерот.




Ki4iko -> RE: Беби рецепти (30.11.2014 20:18:57)

Спанаќ со компир (од 4 м)

Потребно е:
1-2 компири
100гр спанаќ
0.5 гр сол
малку путер (или маслиново масло)

Од спанаќот земете го само лисјето, добро измијте го и исечкајте го. Компирите излупени исечкајте ги на тенки кругови. На дното од садот редете компир-спанаќ-компир и потоа полејте студена вода малку над зеленчукот. Посолете и варете на тивок оган 15-20 мин. Потоа може да се изблендира или изгмечи со вилушка. На крај се додава путерот.




Страница: <<   < Претходна страница  37 38 [39] 40 41   Следна страница >   >>