Bethany -> RE: Беби рецепти (25.12.2014 21:33:58)
|
Sonc90 па нормално е тоа на почетокот, допрва почнувате. Не очекувај да ти јаде цели оброци. Башка и за неа е сето тоа ново, имај трпение. Ехеее колку ќе ти треба и за понатаму :) Пробај следно морков со тиква, таа е така благичка, или уште поубаво со благ компир- багет, тоа е здраво и вкусно. Син ми не сакаше компир поради лепливоста, текстурата. А за зајачко месо, јас никако не би дадела. Вие уште не пробавте зеленчуци, па зајачко месо. Не знам, никогаш не јадев тоа и немам намера, ама веднаш ме асоцира на нешто тешко и жилаво. Башка што е дивеч. Остави тоа за некое друго време. За бебе од месо само телешко за почеток, и тоа не право месо, туку за почеток со водичката во која се варило, со бујонот. И никако маргарин. Може малку од путер или маслиново масло. Така јас му ставав на син ми.
|
|
|
|