Rossana -> RE: Беби рецепти (5.6.2010 16:42:48)
|
Сок од кајсија, праска Овошјето се мие и лупи. Се отстранува семката, се става во соковник и се цеди. Може да се дава во комбинација со претходно воведените овошја. Влијание на столицата ја омекнува. Сок од цреши, вишни, сливи Овошјето се мие, се вадат семките и се цеди во соковник. Кога се воведуваат во исхраната се даваат поединечни, а подоцна може и да се комбинираат со другите воведени овошја. Влијание на столицата: ја омекнува. Сок од цвекло Цвеклото се мие, се лупи и се цеди во соковник. На почеток давајте го резреден со превриена вода и тоа само неколку лажички. Подоцна количината зголемете ја околу 50-100мл. Давајте го само или во комбинација со морков и јаболко. Сок од боровинки, јагоди, киви, ананас Овошјето се мие, лупи и се цеди во соковник. При воведувањето се подготвува поединечно, а подоцна во комбинација со другите воведени овошја. Сок од малини Овошјето измијте го под млаз вода. Ставете го во чинија и врз него ставете една мала лажичка шеќер (жолт). Оставете да одстои. Вака приготвено пушта повеќе сок. Малината нека одстои десетина минути. Се пасира и цеди. На почеток се дава поединечно, а подоцна може да се комбинира со цеден сок од јаболко. Сок од капини Капината измијте ја под млаз вода. Се реди во чинија и ставете една мала лажичка шеќер (жолт). Оставете да одстои. Вака приготвена капината пушта повеќе сок. Капината нека одстои 30-тина минути минути. Се пасира и цеди. На почеток се дава поединечно, а подоцна може да се комбинира со цеден сок од јаболко. Сок од рибизли Овошјето измијте го под млаз вода. Ставете го во чинија и зашеќерете со една мала лажичка шеќер (жолт). Оставете да одстои дваесетина минути. Се пасира и цеди. На почеток се дава поединечно, а подоцна може да се комбинира со цеден сок од јаболко. Сок од лимон Лимонот се мие, се лупи, се сече на парчиња и се цеди во соковник. Ако користите цедалка за таа немена, лимонот пресечете го на половина. Додадете малку мед или шеќер (жолт или кафен). Сок од портокал, мандарина, грејпфрут Овошјето се мие, се лупи, се сече и се цеди во соковник, или во цедалка. На почеток дадете го поединечно, а подоцна во комбинација со друго овошје. Сок од грозје Измијте го грозјето и оставете да отстои во вода 20-30 мин. Се вадат зрната и се цеди во соковник. При воведувањето давајте го поединечно и разреден со превриена вода, а потоа неразредено и во комбинација со други воведени овошја. Сок од лубеница Лубеницата се мие, се одстранува кората , се вадат семките и се цеди во соковник. Сок од дуња Дуњата се мие, лупи и се сецка на парчиња. Варете ја дуњата во 250-300мл. вода на умерена температура, а кога ќе омекне се процедува. Сварената дуња се пасира, се зашеќерува со една мала лажичка шеќер (жолт) или мед и се меша со течноста во која се вареше. Оставете да се олади. Додадете една мала лажичка лимон. Послужете. Сок од домати Доматот се мие, му се одстранува лушпата и се цеди во соковник. Се дава поединечно, разреден со превриена вода, а подоцна неразреден.
|
|
|
|