Anushka -> RE: Беби рецепти (21.9.2010 13:46:40)
|
Лукас, порано по шестиот месец се` беше дозволено да се воведува во исхраната на бебињата. Но, со оглед на зголемените алергиски реакции кај новата популација (21ви век е век на алергии), не се препорачува ништо индустриско до годинка-две. Значи, ниту АБЦ ниту мешано сирење. Или домашно направен кефир, кравјо сиренце (под услов да не е алергичен бебушот на лактоза) или ептен ако мора - јогуртче. Тестенините после 7ми, 8ми месец може, ама внимавај од реакција на глутенот. Значи, преферирај мајчино млеко, гриз, ориз, кефир, домашна тарана и сл. Сепак, ова не значи дека твоето малецко нема супер да ги прифати и тие производи кои ти ги споменуваш, ама на покасна возраст може да јави алергии.
|
|
|
|