Нема свадба?! (Целосна верзија)

Форум >> [Партнерство] >> Свадби, крштевки, годишници ...



Порака


mami -> Нема свадба?! (30.6.2009 9:21:15)


Понекогаш нештата не функционираат онака како што сме ги замислиле. Еден од тие примери е венчавката, која од најсреќниот момент од нашиот живот лесно може да се претвори во вистински пекол. Сепак постојат определени знаци кои можат да ни посочат дека бракот нема да успее уште пред да започне.

Невестата не му дозволува на младоженецот да учествува во планирањето на свадбата

Во овој случај нештата тргнале лошо уште од самиот почеток. Вообичаено браковите во кои жената доминира во планирањето на „големиот ден “ траат многу кратко бидејќи партнерот се чувствува помалку вреден. Тие не се во состојба за заедничко донесување решенија. 
 Свекрвата зборува во името на зетот

Кога ќе се замеша мајката на младоженецот, ситуацијата станува навистина интересна бидејќи никој не може да го сака нејзиното „мало синче“ како што може таа. Одеднаш се излегува од контрола и венчавката не ја водат младите туку нивните родители.

Невестата троши половина од буџетот за свадбата на својот фустан

Свадбите се скапи манифестации и прашањата поврзани со парите може да бидат особено чувствителни. Кога невестата зад грб троши големи суми пари на фустан или пак на поскап цветен аранжман значи дека не ги почитува одлуките кои што ги донеле заедно со партнерот. Ниту оваа ситуација не верува добар брак.

Невстата полудува поради ергенската забава

Некои жени се подготвени да ја откажат венчавката ако нивниот младоженец реши да прави ергенска вечер со машко друштво во стриптиз клуб. Доколку жената не може да му верува на својот партнер пред бракот, што ќе се случи кога ќе станат маж и жена?
[image]http://vesti.mt.net.mk/images/svadba_znaci21.jpg[/image]
Младиот пар се кара пред организаторот на венчавки

Без разлика колкава е љубовта помеѓу две личности, кога се планира голем настан нормално е да дојде до расправии. Сепак кога тие се случуваат пред организаторот на венчавки нештата се алармантни. Тоа значи дека во суштина партнерите не можат да се поднесат еден со друг.




mami -> RE: Нема свадба?! (9.7.2009 12:14:42)

некоја го направила ова, или некој??? или знаете ли ваков случај, баш би сакала да ги чујам коментарите од засегнатите страни




Еца -> RE: Нема свадба?! (10.7.2009 10:48:30)

Мами мила заборави еден многу битен момент, кога еден од партнерите ќе изневерат пред бракот.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

Да ова се има случено на мојот татко, значи се било договорено, бовчите купени, спакувани, денот во црква закажан, но татко ми дознава дека дотичната не е само негова.Кога бил 100% сигурен и ја фатил на дело
(а таа немала поима) решил да и приреди едно изненадување.Не се појавил на закажаниот термин. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image]

Нормално срамот за неа бил многу поголем, отколку да се карал и пред време да ја раскинел свршувачката. Со мајка ми бил само три недели, се земале и не можам да ви опишам каков брак имаат. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] Животот е чудо и чуда прави[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley2.gif[/image]






Еца -> RE: Нема свадба?! (10.7.2009 13:04:22)

Е да морам и ова да ви го напишам.Одамна еднаш јас бев може трета година гимназија со дотичната(бившата на татко ми )се сретнавме на исто место и во муабет таа ми вика, леле колку си убава, дрн дрн, а чија си ти? Луѓе мои кога и кажав како попарена излезе од просторијата, смени фаца, абе што да ви кажувам.А јас само што не пукнав од смеење,одам дома и кажувам и баш убаво се изнасмеавме.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




mami -> RE: Нема свадба?! (10.7.2009 13:06:56)

да да Елена во право си, го заборавив тој момент...
а баш интересно така што сте се насмеале[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]којзнае таа како се чувствувала[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Еца -> RE: Нема свадба?! (10.7.2009 13:09:38)

Требала да мисли на време и со главата, никој не и е крив[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley15.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley14.gif[/image]




mami -> RE: Нема свадба?! (10.7.2009 13:11:55)

баш така..мислам тие луге никако неможам да ги сфатам- спремаш свадба на една страна а ваму кај друг/а одиш...па зошто тогаш сакаш да се мажиш????




hristijana -> RE: Нема свадба?! (10.7.2009 13:25:11)

Elena mi iznasmea i kaj nas go imalo ova cekanje pred oltari .




mami -> RE: Нема свадба?! (25.9.2009 11:09:43)

според мене, најважно е двајцата да учествуваат во подготовките, инаку нема смисла..па тоа е почеток на нивниот заеднички живот- значи заедно треба да се подготвува, ако тоа не го прават нема поента свадбата




mina_m -> RE: Нема свадба?! (12.11.2009 5:10:25)

jas poznavam edna osoba sto se nasla po nekakva sreka ili nesreka na ergenska vecer,cela vecer bila so idniot mladozenec,a naredniot den tipot ja otkazal toj den svadbata da se ozeni so negovata dolgogodisna devojka i posle nekolku dena si se ozenil so novava devojka.

i uste eden primer mnogu smesen[sm=jezicek.gif]
imase edna poznanicka dolga vrska negde okolu 12 god bea zaedno i im pukna tikvata i sekoj na svoja srana,ama potoa tipkava si fatila nov decko komsija na ovoj bivsiot nejzin vo ista zgrada razlicen sprat.i so noviov decko pravat svadba i posle svadba si odat doma mladive i taa zamaena ili zaboravena mesto da si vleze vo stanot na mazot i taa po greska kaj bivsiot[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif],i normalno posle toa se ostavija




profesorica -> RE: Нема свадба?! (12.11.2009 7:46:12)

Mina_m е овие твоиве приказни се баш онака како гром од ведро небо и резултат-не се случува брак.

Инаку Јас вакви работи само на филм сум гледала.




mina_m -> RE: Нема свадба?! (12.11.2009 8:31:55)

ne be src vakvi gafovi vo sk gi ima na tonovi[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]




mami -> RE: Нема свадба?! (14.11.2009 16:51:43)

Во денешно време не ме изненадува ништо...денес разводот и прекинувањето долга врска или за еден ден стапување во брак се сосема нормална работа




daniel -> RE: Нема свадба?! (14.11.2009 18:33:28)

pa da veke razvodot e sekojdnevie..




@Mila@ -> RE: Нема свадба?! (26.5.2010 16:51:45)

i jas sum vo edna taka situacija "status quo" svadba...a se e spremno zakazano...sega samo se ceka doticnata "svekrva "da se vrazumi i da svati deka sin i ke se zeni ??!?!??!i deka treba da se pojavi na svadbata bez razlika na se sto se slucuva vo zivotot.




Julie1 -> RE: Нема свадба?! (26.5.2010 16:55:44)

Lele i vakvi raboti se slucuvaat, tolku sebicni ludge ima. Nisto ne me cudi dodusa! @Mil@ ti ne razmisluvaj na toa, ke vidis ke se pojavi, sega samo saka da bide centar na vnimanie, ako ne drugo od radoznalost kako ke bide ke se pojavi!




Bitolcanka -> RE: Нема свадба?! (27.5.2010 0:38:04)

И јас мислам исто пријателке. Сака да привлече внимание, да биде забележана. Некои луѓе се способни да глумат и жртви само за да дојдат до посакуваната цел [sm=zmeden.gif] Потсети се на драмата "Бегалка" и татко и' на Ленче. На свадбата не се појави, но по раѓањето на внучето неговото срце-камен омекна и заборави на гордоста и алчноста - се смири и со ќерката и зетот. Верувам дека така ќе биде и кај вас, со твојата свекрва. Разговарај со твојот сакан и ако е потребно одете заедно кај неа, помолете ја, дајте и' до знаење дека ви значи многу да е со вас сега во подготовките за свадбата и на денот на вашиот најубав момент. Речете и' дека сакате заедно да ја делите радоста во најзначајниот настан од животот. Ако ви е тешко да се соочите лично пратете и' писменце и опишете и' како се чувствувате, колку ви е тешко без нејзината согласност и помош. Голема е веројатноста да се премисли или барем за миг да се замисли. Извести не' што се случи. Топли поздрави и бакнежи од нас [sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]




tnade -> RE: Нема свадба?! (18.4.2011 2:32:16)

ufff me pogodivte, kaj mene bese slicna situacija... imav dolga vrska koja ne uspea, a koja vsusnost i ne bese vrska vo vistinska smisla na zborot, se gledavme dva pati godisno iako dvajcata bevme na 5 km oddalecenost. Mm e 12 god. postar od mene i moite bea protiv nasata vrska, a da ne zboram za brak, no jas i mm otidovme kaj niv i im kazavme deka ke se zememe. Sledese tri meseci lutenje, drn, drn i koga dojde vreme za svadba tatko mi vika jas svadba ne pravam.... imavme vencavka vo crkva, maticno, restorant, no samo so rodninite na mm, od moja strana bea samo majka mi, sestra mi, zet mi i TATKO MI, koj cela vecer ja pomina pred restorant. Za mene svadba nemase toa bese vencavka....




newmom -> RE: Нема свадба?! (18.4.2011 23:27:00)

Nie ne pravivme svadba poradi mnogo nesta.Prvin poradi pari,potoa jas bev bremena veke 8 meseci,taka pravivme vencanje vo crkva samo so najbliskite.I ni bese ubavo




veckasr -> RE: Нема свадба?! (30.4.2011 23:28:57)

i nie ne pravevme svadba poradi smrtta na tatko mi pocekavme edna godina da pomine i potoa se vencavme vo crkva so najbliskite i se registriravme so mm




dostickage -> RE: Нема свадба?! (2.6.2011 14:02:28)

nie ne pravevme svadba prvo poradi toa sto doticnite nemaa pari i lazea za toa taka sto nie nemavme pojma.nie barame restoran i kazuvame so sme videle a oni su kjutat.posle koga sfativme so mm kolku e saat rekovme deka nema da pravime svadba oni se nalutija pa me prokolnaa i  na kraj morase radi niv da ja otkazuvame vekje zakazanata vencavka vo crkva.Na kraj edvaj se pojavija na registracija ona u edna smrdliva bluza a on u edna smrdliva kosula i u eden smrdliv djemper so by the way ja nosea istata kombinacija koga dojdoa da mui go popravat sporetot doma kaj nas.ama iskreno moze da mi se fatat[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




riba79 -> RE: Нема свадба?! (2.6.2011 17:26:11)

dostickage,a sto sakaa oni? i kako be te prokolnala lele svasta ima po ovoj narod ccccccc[sm=hudicek1.gif]




dostickage -> RE: Нема свадба?! (3.6.2011 8:46:57)

uste ne znam sto sakaat :))))Toa ti e kje ucis,kje se oibrazuvas,fakultet,postdiplomski,rabota,moral pred se i se toa za so cel da bideme podobri lugje i na kraj kje dojdat nekoi necivilizirani tipovi nepismeni i bez troska moral i kje plukaat po se sto si gradel cel zivot.Ja vikam za niv treba da se vrati vremeto na inkvizicijata kaj sto palele zivi lugje po plostadi:)))Ne veruvav deka do tolku ima svasta po narod se dodeka ne vidov...




temjana -> RE: Нема свадба?! (3.6.2011 9:14:44)

ауууу нецивилизираност, едноставно некои луѓе не требало да излезат од пештерите[sm=smiley36.gif] Ние планираме наредна година да направиме свадба па и дете да имаме дај боже до тогаш пак ке биде весело, ионака не планирам свадба свадба туку повеќе како коктел забава на отворено со кетеринг и неколку бенда да свират, сакам да уживам во мојата забава и затоа не ме интересираат туѓите мислења, што ќе кажеле роднините од село бог да чува и да брани[sm=smiley36.gif] Ако се прашувам јас, нив не би ги ни поканила бидејќи нема да ми го испочитуваат дрес кодот и ќе ми з[sm=smiley35.gif]се. Поканите барем да биле нормални, мм им рече не им праќаме покани ќе им пратиме смс порака[sm=smiley36.gif] Имаме една година да си легнат на брашното, бидејќи јас не попуштам а во крајна линија секако сами планираме да си ја платиме свадбата така да никој нема право да ми се меша, не во овие години [sm=jezicek.gif]




dostickage -> RE: Нема свадба?! (3.6.2011 9:38:08)

lele ova sto go kazuvas mi e idealen koncept za svadba.BRAVO!!!!
a za tie od pesterite ama ic da ne mu se sekiras,samo ignore.
inace kumovite moi na svadbata imaa pokani sto gi napravija samite.imaa edna slika so nivni karikaturi ,gi skeniraa i gi printaa na specijalna hartija.najubavi i najoriginalni pokani sto nekogas sum gi videla.

p.s.ne me cackaj za dress kodot da ne ti kazam ja kakvi dojdoa ovie "najpametnive" kaj mene na registracija.so djempercinja za na pazar...
baba i na edna drugarka vika pusti onakvo nek smrdi[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>