Ikana -> RE: Нема свадба?! (13.9.2012 23:33:48)
|
Сигурно го кажал во афект, и сега е исплашен дека те повредил и затоа не се јавува, можеби чека ти да му се јавиш. Не знам, вакво нешто не ми се случило па да можам да кажам, но сепак остани смирена, најважно е тоа за бебето и за твоето здравје. Смири се, свадба е само тривијалност, што воопшто сте се мачеле не знам, сега да организирате таква фрка, кога ти не можеш да мрдаш, а најважно ти е здравјето сега, не свадбата, извини на искреноста. Иди регистрирај се, заврши работа, удри потпис, почасти твоите и неговите, и правац дома, па здравје кога ќе го крштевате бебето, и свадба направете, барем ние така направивме и многу ни беше убаво. Имавме 70 гости, имаше од пиле млеко, кој што сакаше доби, сите весели, со сите се видовме, ние венчани, бебето крстено и сите дома среќни. Друга работа, ни фотограф немав на свадбичето ми мое, ама знаеш како сме си поминале....по маси цел ресторан качен беше, вечер што никогаш нема да ја заборавам....дефинитивно беше храна за душа нашиот најубав ден, а не материјал за покажување. Тој што беше си знае како си поминал [sm=smiley36.gif]. Па и Бога ми, доста пазев со избор на гости, гледав да ми бидат само тие луѓе што навистина ги сакам, а не ојлевци дојлевци, колеги и петко станко од тук и там[sm=jezicek.gif]
|
|
|
|