mamicki -> RE: Абортус - да или не? (11.4.2012 21:34:05)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: amateuress ама муабетите од си го бараше (за ќотек или силување) и ако имала редовни заштитени односи (треба да не му веруваш на партнерот, па за секој случај, да не ти ги дупне кондомите, да ги користите само твоите?!!) како тоа не очекувала да забремени, мене ми се несфатливи. Ок е, не несфатливи, можеби се неприфатливи за твојот начин на поимање, можеби и за мојот начин на поимање, но тоа е неважно. Важно е дека секој кој е сексуално активен мора да знае дека е потенцијален родител и да има изградено став околу тоа- подготвен е за родителство, иако тоа не е токму она што во моментот го посакува за себе, подготвен е за родителство и работи на таа тема, или воопшто и никако не е подготвен за родителство, и да се однесува во склад со тоа. Инаку, околу девојката за која што зборуваше Беатрис... не 18, 118 години да имам, на крај на памет не би ми паднало да склучам брак со човек кој е подготвен на толkу долни измами! И друго, ако родителите на девојчето се моќни, материјално, не треба ни секунда да се двоумат: нему- клоцата во задник, а бебето, ако е тоа и волја на ќерката, убаво би било да си го роди и да го чува, не е тоа никаква трагедија, напротив, новиот човек е радост.
|
|
|
|