RE: Абортус - да или не? (Целосна верзија)

Форум >> [Партнерство] >> Семејство и партнерски односи



Порака


anaana -> RE: Абортус - да или не? (29.5.2013 13:40:12)

nastrana set_o ova so zakonov.
jas mislam deka tatkoto na toj embrion ima pravo da znae deka zenata koja go nosi negovoto nerodeno dete (koe vo toj moment e seuste fetus) planira da go abortira.
bidejki od edna strana tocno toa e moe telo moja rabota, jas trpam promeni vo tekot na bremenosta (dali fizicki dali psihicki ne navleguvam), megjutoa otkoga ke se rodi deteto site sme na stavot deka deteto e zaednicko a ne samo na majkata.
znaci tatkoto od sam pocetok e roditel na toa dete, ubavo bi bilo da e izvesten deka barem imal sansa da stane tatko.
ova verojatno treba da ostane na etikata i moralot na samata devojka, deka e ispravno da mu kaze na maskoto deka e bremena no deka ne go saka toa dete. sepak i maskoto ima pravo da znae.

moe pravo e jas da odlucuvam sto so moeto telo, tocno, no vo moeto telo ima nesto sto ne nosi samo moi geni, ne znam.

sekogas se gleda na najlosata varijanta, od tipot siluvana zena pa ostanala bremena. sekako za nea e dozvolen abortus. ili mazot pijanica pa ne dozvoluva i sl..
megjutoa eve da gi zememe sekojdnevnite raboti i sekojdnevnite situacii koi ne vklucuvaat samo nasilstvo. tuku i ljubov i normalni seksualni odnosi... od koi ete dali po greska ili po teorija na slucajnost izleguva bebe... posakuvano ili ne dobro e dvajcata da odlucat. ne samo zenata.

ova si e moe mislenje, mozebi ke bide ostro osuideno.
moeto mislenje za abortus sigurno go imam dadeno nekade pogore i toa e DA, megjutoa pak smetam deka deteto uste vo utrobata na majkata ima i tatko, koj na nekoj nacin treba da znae sto se slucuva so toa bebe

e sega ne navleguvam dali e ispravno ili ne zenata da abortira so pismena dozvola od mazot, bidejki tuka imame dosta komplikacii, sto vo slucaj bremenosta da e nesakana, neplanirana pa mazov ne dava soglasnost. toa e nekako noz so dve ostrici.





vezilka RR -> RE: Абортус - да или не? (29.5.2013 13:57:55)

Само едно инфо..протестот заврши. На седницата беше усвоен дневниот ред каде стои точката дека овој закон ќе се носи по иѕна постапка. Седницата ќе продолжи или во петок или во понеделник.




Viktori -> RE: Абортус - да или не? (29.5.2013 14:01:53)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany RR

Виктори, па кој кажаа дека јас не верувам дека и тоа е живот?
За абортусот кажав дека не може да се забрани бидејќи секако ќе го има, кој сакал ќе направи. Па доаѓа од два зла, помалото.
Во тие претходни постови што ги наводив тие исклучоци, ги наводив бидејќи беше муабет дали е нешто во законот од порано или не... Се правдам, ама не сметам дека сум хипокритична...
А исто така и не живеам и не гледам се ко теорија на завера да е, што стекнувам впечаток дека некои живеат така.





впечатоците твои се најмалку битни, инаку овој тип на буцкање е карактеристичен за тебе, ама мене не ми смета ич, дури интересна си ми. [sm=smiley36.gif]
хипокризијата се гледа ви поддршката на еден тип абортуси, а забрана на други затоа што 2 страни го браниш законот. Значи не си ваљда луда да браниш нешто што не поддржуваш...

Плус и ставот во законот - декае у реду едно убиство годишно, повеќе не чини... = хипокризија и лажен морал.




vezilka RR -> RE: Абортус - да или не? (29.5.2013 14:30:23)

Ма каков ист закон бре..прочитајте го само член 6!




Bethany -> RE: Абортус - да или не? (29.5.2013 14:30:37)

Виктори, драго ми е што сум ти барем интересна. [sm=smiley1.gif]

А има логика твоето прашање, ама ако се гледа тек на дискусијата во мојата глава и она што јас дискутирам мене ми има смисла.
Беше ми поента дека законот всушност и не е променет нешто од што беше, па не гледав зошто толкава галама.
Ниту во еден пост не кажав дека нешто подржувам ниту претходниот ниту новиот закон, извлеков само една ставка и ја посочив ко измена, дека и не е лоша измена. Ама како тргна текот на дискусијата може звучеше другачије...












Viktori -> RE: Абортус - да или не? (29.5.2013 14:46:04)

АААе па изгледа јас погрешно сум го протолкувала твоето постирање на темава за законот, пошо не сум ти у глава нели. [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




deluxe -> RE: Абортус - да или не? (29.5.2013 15:08:01)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori


Se preripuva osnovnoto pravo na zenata - vladeenje nad sopstvenoto telo. I se izednacuvaso rob kupen na pazar.
I idiotizam e da se poddrzuva takvo nesto. Ti licno mozes pro sto sakas da bides, se dodeka ne branis uskratuvanje na ostanatite da bidat pro sto sakaat. So zakonot se krati pravo na zenata zatoa sto za nejzinata odluka treba da se prasaat uste nekolkumina. No respect,

Па ако користи абортус како средство за контрацепција тоа и доаѓа ко да е роб на сопствено тело, бидејќи телото не чинат само физички потреби туку една индивидуа има и разум за да биде доволно информирана дека постојат и други средства за заштита, па ни сама не мора да проаѓа кроз физички и ментални трауми..
Па за тие што го користат како контрацептивно средство можеби и треба нешто како надворешна контрола. Оти ако имаш права, не значи да бидеш и несовесен, туку напротив.
А што на пример со правата на нероденото дете? Ќе рипнете дека тоа уште не е живот, ама се зависи кој како и од кој агол посматра. Јас на пример верувам дека е живот и тоа е мое мислење. А едно нешто можеш од десет страни да посматраш.
Јас се фатив од овој аспект и не кажувам дека абортусот воопшто и може да се забрани бидејќи кој сака тој ќе направи, ако е забранет само полошо ќе биде и по здравјето и смртноста ќе се зголеми, на крај секој си има избор. само си кажав дека не ми е јасно зошто толку голема галама за нешто што е исто, а од друг аспект ако се посматра може да биде и добро, па некој нека и нарече дека бранам жените од самите себе...

А можам многу нешта да наречам дека е идиотизам ама не правам бидејќи јас не знам се, не можам никогаш да ја согледам целосна вистинита слика, ама можам да имам свое мислење кое е добиено и подложно променама од зависност од понатамошни добиени факти и ситуации....
И не подржавам ниту лева ниту десна партија, само размислувам наглас...


И пак се сведува на исто. Ти верувај во што сакаш. Работата е што ти веруваш, а таа има фактички проблем. Што треба да има право да си го реши.

И не ми терај морални муабети и права, затоа што си мнооогу хипокритична. Ми збориш за живот? Зар бебе од силување треба да се абортира? Зошто не си негов адвокат? Зар е оно криво? Зошто не си адвокат на ембрионите со деформитети, па се бориш да се извадат и тие дозволи од законот? Или од една страна не треба да се абортира бла бла бла, од друга страна може бла бла бла.

Нека овозможат бесплатна контрацепција, па нека забранат абортус слободно. И јас сум про лајф генерално, ама сум против камшик!






Што е проблемот со бесплатна контрацепција?? Некој треба да ти подари кондом за ти да имаш заштитени односи, и да не останеш бремена?? или треба некој да те потсети да испиеш таблета денеска (немој молим те) тоа е се до човечката психа. Значи ние сме возрасни и свесни за послеиците од сексот [sm=jezicek.gif] и секој знае дека треба да се внимава ,нормално да не доје до абортуси после . Е сега тоа што Бетани го наведе како пример за Абортусот како средство за контрацепција ,се сложувам има и такви умови кои не му ја мислат што ке биде ,си знаат тие одиш абортираш и готова работа !! како да се измиле заби (тоа нив така му иде),е токму тие треба да се контролираат ,кај нив треба да се превземе советување и едукација.
А уствари колку кошта контрацепцијата??? не сум во тек?? КОндоми = 70 ден. Контрацептивни апчиња = 200 ден(пр.зедов нз точно ) иии ??
Доколку би биле бесплатни мислиш дека нема да има абортуси?? хехехехехее
Треба да работи свеста како кај жените ,така и кај мажите за последиците од не користење на контрацепција.
Не кревај прашина за џабе[sm=smiley1.gif]




Beatris -> RE: Абортус - да или не? (29.5.2013 15:13:12)

Делукс, читаше или ти фалат постови, или рипаше редови??? Сфаќам дека промените зимаат залог ама бре како успеа да ја извлечеш поентава од муабетот???




emidz -> RE: Абортус - да или не? (29.5.2013 15:14:29)

Интересна фотка со доста силна порака! [sm=smiley36.gif]

https://fbcdn-sphotos-c-a.akamaihd.net/hphotos-ak-ash3/8449_567354016632120_569772625_n.jpg

Ќе пробам и поинаку да ја постирам, прво да се научам хехе




deluxe -> RE: Абортус - да или не? (29.5.2013 15:19:32)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Beatris

Делукс, читаше или ти фалат постови, или рипаше редови??? Сфаќам дека промените зимаат залог ама бре како успеа да ја извлечеш поентава од муабетот???



На неколку места прочитав ... АКО БИЛЕ БЕСПЛАТНИ КОНТРАЦЕПТИВНИТЕ СРЕДСТВА...[sm=smiley1.gif]
Е од тука извлеков заклучок,како да тоа е пресудно, и цела галама ои на таа насока,демек треба на плави картони да бидат тие средства хеххехехехех па така нема да има абортуси




rina13 -> RE: Абортус - да или не? (29.5.2013 15:20:04)

Многу добра поента има сликава,само жалосно што и многу жени го осудуваат аботусот и ги напаѓаат оние кои тоа го извршиле. Испаѓа работава дека сме на почеток на 20век кога треба прво жените да ги убедуваме самите да сфатат дека некои права треба да ги уживаат,а потоа борбата да ја префрлимае на релација мажи жени.




Viktori -> RE: Абортус - да или не? (29.5.2013 15:22:38)

ИЗВОРНА ПОРАКА: deluxe RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori


Se preripuva osnovnoto pravo na zenata - vladeenje nad sopstvenoto telo. I se izednacuvaso rob kupen na pazar.
I idiotizam e da se poddrzuva takvo nesto. Ti licno mozes pro sto sakas da bides, se dodeka ne branis uskratuvanje na ostanatite da bidat pro sto sakaat. So zakonot se krati pravo na zenata zatoa sto za nejzinata odluka treba da se prasaat uste nekolkumina. No respect,

Па ако користи абортус како средство за контрацепција тоа и доаѓа ко да е роб на сопствено тело, бидејќи телото не чинат само физички потреби туку една индивидуа има и разум за да биде доволно информирана дека постојат и други средства за заштита, па ни сама не мора да проаѓа кроз физички и ментални трауми..
Па за тие што го користат како контрацептивно средство можеби и треба нешто како надворешна контрола. Оти ако имаш права, не значи да бидеш и несовесен, туку напротив.
А што на пример со правата на нероденото дете? Ќе рипнете дека тоа уште не е живот, ама се зависи кој како и од кој агол посматра. Јас на пример верувам дека е живот и тоа е мое мислење. А едно нешто можеш од десет страни да посматраш.
Јас се фатив од овој аспект и не кажувам дека абортусот воопшто и може да се забрани бидејќи кој сака тој ќе направи, ако е забранет само полошо ќе биде и по здравјето и смртноста ќе се зголеми, на крај секој си има избор. само си кажав дека не ми е јасно зошто толку голема галама за нешто што е исто, а од друг аспект ако се посматра може да биде и добро, па некој нека и нарече дека бранам жените од самите себе...

А можам многу нешта да наречам дека е идиотизам ама не правам бидејќи јас не знам се, не можам никогаш да ја согледам целосна вистинита слика, ама можам да имам свое мислење кое е добиено и подложно променама од зависност од понатамошни добиени факти и ситуации....
И не подржавам ниту лева ниту десна партија, само размислувам наглас...


И пак се сведува на исто. Ти верувај во што сакаш. Работата е што ти веруваш, а таа има фактички проблем. Што треба да има право да си го реши.

И не ми терај морални муабети и права, затоа што си мнооогу хипокритична. Ми збориш за живот? Зар бебе од силување треба да се абортира? Зошто не си негов адвокат? Зар е оно криво? Зошто не си адвокат на ембрионите со деформитети, па се бориш да се извадат и тие дозволи од законот? Или од една страна не треба да се абортира бла бла бла, од друга страна може бла бла бла.

Нека овозможат бесплатна контрацепција, па нека забранат абортус слободно. И јас сум про лајф генерално, ама сум против камшик!





Што е проблемот со бесплатна контрацепција?? Некој треба да ти подари кондом за ти да имаш заштитени односи, и да не останеш бремена?? или треба некој да те потсети да испиеш таблета денеска (немој молим те) тоа е се до човечката психа. Значи ние сме возрасни и свесни за послеиците од сексот [sm=jezicek.gif] и секој знае дека треба да се внимава ,нормално да не доје до абортуси после . Е сега тоа што Бетани го наведе како пример за Абортусот како средство за контрацепција ,се сложувам има и такви умови кои не му ја мислат што ке биде ,си знаат тие одиш абортираш и готова работа !! како да се измиле заби (тоа нив така му иде),е токму тие треба да се контролираат ,кај нив треба да се превземе советување и едукација.
А уствари колку кошта контрацепцијата??? не сум во тек?? КОндоми = 70 ден. Контрацептивни апчиња = 200 ден(пр.зедов нз точно ) иии ??
Доколку би биле бесплатни мислиш дека нема да има абортуси?? хехехехехее
Треба да работи свеста како кај жените ,така и кај мажите за последиците од не користење на контрацепција.
Не кревај прашина за џабе[sm=smiley1.gif]


делукс, нешто во врска со темава имаше да кажеш или јас нешто не дочитувам?

И јас знам колку е контрацепција и колку чини, туку иди кажи на луѓе што живеат со неколку деца, 200 евра плата и немаат ник делукс на форум. Освен тинејџерки, најверојатно и тие се ранлива категорија. И Да, сакам да имаат жените право на ефтина контрацепција во согласност со стандардот во земјава. Нешто е погрешно? Наместо да фрлам со камења по други жени, ете јас сакам нешто подобро да направат. Проблем? Поента? Мислам дека има да. Ако сакаш да ги заштитат жените, ете им шанса. Контрацептиви на позитивна листа нека им биде прв чекор. А не еднаш годишно е ок убиство, за повеќе ќе се прашаме.






emidz -> RE: Абортус - да или не? (29.5.2013 15:31:51)

Ајде вака..

Поздрав со сите силни жени [sm=bravo.gif]

[img]http://www4.slikomat.com/13/0529/44d-8449-5.jpg[/img]




deluxe -> RE: Абортус - да или не? (29.5.2013 15:32:27)

Хеххехехе Делукс да да !!! тука сум јас со вас цело време, Уствари јас читам низ форумов се некој си кажува по нешто ,и гледам некој само скока в место ,сака да каже ама не знае како[sm=smiley1.gif] и на крај ти врти дека : Контрацепцијата ти е уствари најголемиот проблем на светов и на веков [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]. Тие Тинејџерки што ги кажа ,и тие семејства што имаат плиток џеб,треба да размислат пред да направат чекор дека тоа има последици,а ако не им мисли мозокот кондомите ќе си стојат во аптека на рафтовите[sm=jezicek.gif], не можи некој со сила да им донесе до кревет (повелете кондоми ). Значи ПОЕНТАТА е :не кревај прашина за џабе . Разбери дека се е до свеста не луѓето,а не е до контрацепцијата проблемот или до парите како што кажа емек мала платата па ај сега деца ке си правиме хехеххехе.А ајде колку кошта еен абортус штом веќе пресметуваш??или и тој да оди со сини картони...[sm=zmeden.gif]
поззз Виктори,без нервози плиссс[sm=smiley1.gif]




rina13 -> RE: Абортус - да или не? (29.5.2013 15:47:16)

Дека контрацепцијата е скапа тоа е факт. Реалноста девојки е дека луѓето кај нас земаат по 9000плата. Па незнам дали во приоритети им се таблети и презервативи или леб и сметки. Мора да бидат бесплатни или со некоја симболична цена. Тоа е еден вистински начин  на решавање на проблем со несакана бременост. Абортусот треба да остане во доменот на право на избор тука не министер, не влада ни свети петар нема право да се меша.




Calypso -> RE: Абортус - да или не? (29.5.2013 16:12:52)


ИЗВОРНА ПОРАКА: deluxe RR

Хеххехехе Делукс да да !!! тука сум јас со вас цело време, Уствари јас читам низ форумов се некој си кажува по нешто ,и гледам некој само скока в место ,сака да каже ама не знае како[sm=smiley1.gif] и на крај ти врти дека : Контрацепцијата ти е уствари најголемиот проблем на светов и на веков [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]. Тие Тинејџерки што ги кажа ,и тие семејства што имаат плиток џеб,треба да размислат пред да направат чекор дека тоа има последици,а ако не им мисли мозокот кондомите ќе си стојат во аптека на рафтовите[sm=jezicek.gif], не можи некој со сила да им донесе до кревет (повелете кондоми ). Значи ПОЕНТАТА е :не кревај прашина за џабе . Разбери дека се е до свеста не луѓето,а не е до контрацепцијата проблемот или до парите како што кажа емек мала платата па ај сега деца ке си правиме хехеххехе.А ајде колку кошта еен абортус штом веќе пресметуваш??или и тој да оди со сини картони...[sm=zmeden.gif]
поззз Виктори,без нервози плиссс[sm=smiley1.gif]


За ова болдираново морав да искоментирам - наместо да прават небулози со закониве против абортус, може фино лепо да поработат на подигање на свеста со воведување на сексуално образование во училиштата уште од десет години ако има потреба, а освен тоа и да се овозможи подостапна контрацепција - и кондомите да бидат поевтини, како и пилулите за контрацепција. Значи, има начин да се избегне абортусот, но не на ваков начин со закони и комисии, и што ти јас знам. Јас сум против абортус, поточно јас не би го направила тоа. А онаа жена која има силна и реална причина да го направи тоа, не ја осудувам, секој има право на избор, така? Тоа ни се ускратува, правото на избор, нашето право да одлучуваме самите што ќе правиме со нашето тело. Мене ме нервира тоа што мислат дека вака ќе овозможат подигање на наталитетот, а всушност само ќе дојде до пораст на нелегалните абортуси.




kikicka -> RE: Абортус - да или не? (29.5.2013 16:17:44)

Јс незнам зошто толку викате дека кондомите се скапи кога се колку кутија цигари! Па мајке му малборото е скапо ама деците купуваат!




Calypso -> RE: Абортус - да или не? (29.5.2013 16:21:53)

Ееееее... кикичке, можат со марлборото да даваат кондоми гратис ако се поевтини (10ден. парче на пример).
Шегата настрана, кондомите се релативно скапи за наш стандард, пред се за тинејџерите. Ама од друга страна, тука е моментот на срам, посебно кај женските - леле, што ќе си мислат ако купам кондом. Е што де?




Melanija RR -> RE: Абортус - да или не? (29.5.2013 16:31:16)



Се гледаат промените ,но ќе се стигне и да се среди форумот , и да секој може својата порака да ја уреди[sm=smiley36.gif]

Така што живоста ќе се среди ,не се секирајте само дискутирајте си како до сега во рамки на темата
[sm=smiley1.gif][sm=smiley31.gif]

Ќе видиме што ќе донесе продолжението на седницата,Овие работи не треба да се партиски ,туку лични човекови права ,ако се има право за сексуална,верска определба зошто не би имало и право на абортус .Може да се регулираат начините за да нема голема злоупотреба. А и мајките да посветат повеќе време на ќерките




Рингишпил -> RE: Абортус - да или не? (29.5.2013 16:44:50)

Жени - или ќе ве убие егото или ќе го убиете вие.

А на темата: се чувствувам како во Кина да живеам. Не станува збор за мое лично убедување за абортусот туку за обид да се протне загрозување на човечко право, макар и во ваква минимална форма со комисии и потписи и присуство на сопруг ...




anaana -> RE: Абортус - да или не? (29.5.2013 17:15:19)

А на темата: се чувствувам како во Кина да живеам. Не станува збор за мое лично убедување за абортусот туку за обид да се протне загрозување на човечко право, макар и во ваква минимална форма со комисии и потписи и присуство на сопруг ...


bas preska citav statija za nastan koj za zgrozil Kina. na nekoja i ja prekinale bremenosta vo 7mi mesec. uzas. se zaradi politikata da se ima edno dete...
i bas ova sto abortusov i so vakvi odredbi nalikuva na kina (samo vo obratna smisla) kaj niv e politika edno dete, vo ruralni moze i dve ako prvoto e devojce.
kaj nas e ragjaj kolku mozes kako mozes. samo ragjaj :)))




Felly RR -> RE: Абортус - да или не? (29.5.2013 17:43:58)

Жени, смирете се и вратете се на темава. Мене конкретно екстерново ме мачи, ама не стасав да си пишам од бришење офтопици. Ќе ми остане маката, не можам да си ја кажам [sm=smiley1.gif]




Pepelaska * -> RE: Абортус - да или не? (29.5.2013 23:16:12)

море читајќи вака на темава, добив инспирација за нов предлог закон [sm=smiley36.gif]

А да се се донесе закон да раѓаат деца шмизлите што се вработени по министерства нормално со партиска книшка, а 90 % од нив не се во брак и веројатно не размислуваат за деца, а земаат државни плати додека мајки на три деца работат во маркети до полноќ и во смени за некои си 5 -6000 и тоа на црно[sm=hudicek1.gif]




kikicka -> RE: Абортус - да или не? (29.5.2013 23:20:49)

[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif] Samo teshko deka tvojot predlog zakon ke dojde do ushite na toj sto treba!
ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska *

море читајќи вака на темава, добив инспирација за нов предлог закон [sm=smiley36.gif]

А да се се донесе закон да раѓаат деца шмизлите што се вработени по министерства нормално со партиска книшка, а 90 % од нив не се во брак и веројатно не размислуваат за деца, а земаат државни плати додека мајки на три деца работат во маркети до полноќ и во смени за некои си 5 -6000 и тоа на црно[sm=hudicek1.gif]





niki -> RE: Абортус - да или не? (29.5.2013 23:44:06)

aman ovaa vlada, ke se svesti li narodov da ne ja glasa veke ednas, da se stavi kraj na debilni zakoni
namesto da se resava sostojbata na zivive gragani koi edvaj prezivuvaat tie se bavat so aborutusi, demek tolku mnogubrojni se, toa zenite vo mk nisto drugo ne praat samo na abortus odat pa aj da gi zauzdame uste malku, natalitetot ke go spasuvame
da ne e tragicno bi bilo smesno




Страница: <<   < Претходна страница  16 17 [18] 19 20   Следна страница >   >>