amateuress -> RE: Абортус - да или не? (30.5.2013 14:09:41)
|
во право е јами мами, најголем дел сме горе-долу на иста страна, ама мислам дека е многу битен начинот на кој се размислува. освен тоа ако некој се изјаснува како про-лајф, тоа значи дека е ПРОТИВ абортус. и едно е иронија, а друго е промашен обид за шега со кој се напаѓа група што не реално не треба да е посочена во муабетов. јас конкретно не сум вработена државно, а имам силна левичарска, либерална идеологија, иако не се идентификувам (и не припаѓам) на ниту една политичка партија. работам во главно како хонорарец, иако имам постојана работа (во приватна фирма) што за жал е малку платена. значи на никаков начин не сум профитирала партиски. и да, милион пати сум видела како некој со полоши квалификации и способности од моите, добива работни места (голем дел државни) за кои јас би била посоодветна. сум видела како и супер-спремни луѓе стапуваат во партија, затоа што не можат поинаку да се снајдат, и потоа многу добро си работат. она што не е во ред во постот е што се прозиваат конкретно ЖЕНИ вработени со партиска книшка, без да се потенцира дали се соодветни или не за работата, и се предлага на нивно место да се стави некој само затоа што има многу деца???[sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif] мислам WTF???? значи, веќе пишав за многудетните семејства треба социјална помош, а не да се напаѓаат тие што по било која основа решиле да немаат деца. логиката на муабетот е тотално бесмислена. од друга страна муабетот за контрацепција држи вода, иако не е во прилог на зголемување на наталитетот, а нали тоа ќе ја спаси државата. вчера случајно ја фатив сторијата на тв и си мислам дека на владава најмногу во прилог и се токму вакви семејства, затоа што се толку блиску до дното што би направиле се'' за една векна леб. и да, сметам дека е многу неодоговорно во вакви услови да донесеш 8 деца на свет. и да, пак ќе повторам дека ова се решава единствено со добра сума на социјална помош и функционална економија што ќе овозможи вработување. Голем број гледачи на Канал 5 се јавија за да донираат што можат, зашто на осумте гладни усти им е потребно буквално се, почнувајќи од залче леб. Решен е и најголемиот проблем на семејството. Деветгодишната Марина, која има срцева мана, за чија операција се потребни две илјади евра, ќе биде однесена во Скопје на операција на Детската клиника каде што ќе ја оперира тим од американски детски кардиохирурзи. Денеска, во посета на семејството во селото Црешнево, на триесет километри од Македонски Брод, ќе дојдат и претставници од Центарот за социјални работи со цел да ја утврдат фактичката состојба. Таткото Велче и мајката Маја се невработени, а единствен приход им се четирите илјади помош што ги добиваат за лекување на малата Марина. извор: Канал 5
|
|
|
|