RE: Абортус - да или не? (Целосна верзија)

Форум >> [Партнерство] >> Семејство и партнерски односи



Порака


vezilka RR -> RE: Абортус - да или не? (14.7.2009 15:37:35)

...реков дека нема веќе да пишувам на темава, ама морам нешто да кажам. Последици од абортусот може да настанат само ако тој се изведува во несоодветни услови и со несоодветни техникии методи...пеким знаеме дека такви има по нашиве болници. Меѓутоа во истите тие болници се изведуваат и породувањата, арно ама никој не сака да не „предупреди“ за последиците кои притоа може да настанат, кои патем речено се истите како и при абортусот. Сега скоро една жена почина по породувањето, но никој не сака да зборува за тоа.

Јас мислам дека конечно треба да се стегне обрачот околу надлежните по ова прашање, за да поведат повеќе сметка за унапредување на условите, и методите за извршување и на двата зафати со цел да се подобри квалитетот на животот, а не само да се удира по совеста на жените.

И морам да кажам дека прашањето „Абортус, за или против?“ содржи морална дилема, а не медицинска...






katence -> RE: Абортус - да или не? (15.7.2009 0:09:36)


sekoj si ima svoi pricini zatoa ne osuduvam




Лејди -> RE: Абортус - да или не? (13.8.2009 0:51:54)

Болна тема за сите што направиле абортус меѓу кој и јас.
Никој не ме познава па лесно ми е да си ја отворам душата.
Имав 19 години кога останав бремена.
Секогаш, па и тогаш имавме односи со заштита.
Веројатно презервативот бил пукнат, што се случило до ден денеска незнам.
Јас тоа бебе не го посакував.
Бев студентка, се грижев за својата иднина, не се чувствува подготвена да родам и да бидам мајка.
Денеска ќе патев а со мене и моето дете.Најдобро решение тогаш беше абортусот.
Тоа и го направив. Грижата на совест ќе ја имам додека сум жива.
Со таа разлика што кога ќе бидам мајка ќе знам како да одгледам и воспитам едно дете, сето ова немаше да го знам ако родев кога неочекувано останав бремена.

Непромислено, нездраво и лудо е во денешно време да останеш бремена на толку контрацептивни средства.
Но случај како мојов?!

Не сум силувана, немам здравствени проблеми, сум се штитела и да ми се случи бременост?

Поголема трагедија за една девојка од оваа нема.

Немам намера да променам нечиј став.
Само сакам да кажам дека не секогаш причината поради која девојките-жените абортираат е негрижа, здравстени проблеми и силувања.

АПЕЛ до сите кои се интимни и сексуално активни, сеуште не родиле, а тоа уште не им ни во план.
По секој однос проверувајте го презервативот.

Таа занемарливост мене ме чинеше многу!!!






Aleksandra -> RE: Абортус - да или не? (13.8.2009 0:58:17)

Mnogu ti blagodarime Lejdi na tvojata iskrenost sto ja podeli so nas[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Aleksandra -> RE: Абортус - да или не? (13.8.2009 1:09:11)

Jas licno sum protiv abortusot i jas bev 19 godini i bremena prva godina na fakultet i bez nikoj pozadi mene pa se omaziv i rodiv i prodolziv na faks i pocnav da rabotam.
Ako veke ima nekoi anomalii na plodot koj sto se mnogu seriozni i ako doktorot preporaca deka treba da se abortira bi abortirala ili  veke ne daj boze nekoja e siluvana togas mora toa da se napravi, ma da sega ima tableti sto deluvaat do 72 casa od zacnuvanjeto i pravat nesto za da se isfrli plodot vo rok od nekloku saati
Bog da cuva.....




nadica -> RE: Абортус - да или не? (13.8.2009 1:10:34)

teska tema no jas mislam deka niedna devojka/zena ne bi se odlucila na abortus ako ima drugo resenie mislam deka abortusot e posledniot izbor[sm=zmeden.gif][sm=smiley13.gif]




big_mama817 -> RE: Абортус - да или не? (13.8.2009 10:18:49)

jas sum za abortusot




Leonida -> RE: Абортус - да или не? (13.8.2009 11:25:44)

Moram i jas da pisam nesto na ovaa tema.
Navistina abortusot e licen izbor na samata zena. Veruvajte deka ona najdobro si znae dali treba da go rodi toa dete ili ne. Postojat mnogu pricini.
Jas imav abortus pred 2 god. Prikaskata e sledna:
Bev vo vrska okolu godina ipol so decko koj na pocetokot ni bese super, no kako pominuvase vremeto poleka svakjav deka sme razlicni vo mnogu raboti. Veke pri krajot mi stana jasno deka ne bi mozela so nego da si go prodolzam zivotot, a ko za belja togas i ostanav bremena. Mu kazav, bevme mnogu zbuneti i ne znaevme koj bi bil vistinskiot izbor. Mnogu razmisluvav i vo dvete nasoki i kako pominuvaa denovite se poveke mi se gadese od pomislata da se omazam za nego i da ziveeme zaedno. Izborot bese ostaven na mene. On mi rece deka bi sakal da se zememe iako ne se custvuva seuste spremen. Sakam samo da vi napomenam deka voopsto ne bese seriozen za svojata idnina i znaev deka dokolku ostanam so nego, pa i imame dete ke trebase cel zivot jas da bidam onaa dvizecka sila vo semejstvoto, bez nikakva poddrzka od nego, tuku naprotiv. Iskreno da vi kazam navistina go napraviv vistinskiot izbor. Znaev deka postoi rizik, znaev deka pretstavuva eden vid na ubistvo i veruvajte deka toj period mi pretstavuvase pekol. Mnogu zalev sto moram da go abortiram ,no od druga strana znaev deka ako ne go napravam toa ,deteto, zaedno so nas, ke ziveese mnogu nezdrav zivot i vo nezdrava semejna okolina.
Sega sum taze mazena, za covek koj go obozavam i navistina i dvajcata od prv moment znaevme deka sme eden za drug. Bremena sum vo 20-ta nedela, i sum mnogu srekna sto togas go napraviv toj izbor, bidejki ova dete ke raste vo navistina mnogu mnogu ljubov.
Sakav da vi ja raskazam mojata prikaska i da vi kazam deka sekoja zena sto abortirala, znae zosto go napravila toa i do krajot na zivotot go nosi so sebe.
Zatoa jas ne gi obvinuvam, ednostavno ne me interesira koja kao odlucila.






Еца -> RE: Абортус - да или не? (13.8.2009 18:02:13)

Секоја чест на постовите Лејди и Леонида,никој не може да каже НИКОГАШ, додека не се случи, затоа млади девојки убаво пазете се, убаво размислувајте и секогаш кога носите одлука не дозволувајте никој и ништо да ве разубеди.Вие најдобро занете што и колку можете!




profesorica -> RE: Абортус - да или не? (5.10.2009 16:01:16)

Јас сум дефинитивно против абортус.
Познавам два случаи на дечко и девојка кои што направиле дете, абортирала, што поради тоа што несакал типот, што поради тоа што двајцата одлучиле дека не се спремни за бебе[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] и си продолжиле со врската како ништо да не било.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] не ми се јасни ваквите парови.




niki -> RE: Абортус - да или не? (5.10.2009 16:08:18)

Е што ти се чудни, де? Едноставно не сакаат да имаат дете или во тој момент не биле спремни за тоа.
Ако на пр. биле на сред студии тогаш или невработени или, или, или..... Секој за себе си знае, зар мора секоја бременост да заврши убаво. Се понеле неодговорно, не бил моментот и го донеле најдоброто решение за нив во тој момент.
Зошто да донесеш на свет едно невино суштество кое не го сакаш?




vezilka RR -> RE: Абортус - да или не? (5.10.2009 16:13:11)

и по стоти пат..потребни се кампањи за сексуално образование и капањи за пристап до контрацептивни средства..




niki -> RE: Абортус - да или не? (5.10.2009 16:23:54)

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka

и по стоти пат..потребни се кампањи за сексуално образование и капањи за пристап до контрацептивни средства..


Кога јас бев ученичка уште во седмо оделение имавме сексуално образование, кампањи, до кондоми пристап има насекаде. Она што јас сметам дека треба е домашно воспитување, неможе сексот дома да се третира како табу тема, а да се очекува некоја кампања да го воспитува детето.
И погоре професорица што зборува во врска луѓето биле и останале, тие не се деца ни средношколци па за нив сексуално образование. Се знаат и се имаат научено, денес сите можни медиуми сексуалноста и контрацепцијата на долго и на широко ја обработуваат, ама тоа не допира до луѓето баш поради тоа што од дома не се разговара. Кога семејството третира некоја тема во стилот тоа нема нам да ни се случи, таков став и децата завземаат и после ќе направат глупост и ќе го кривиме општеството што немало кампањи.
Ајде ви се молам.




ostoun -> RE: Абортус - да или не? (5.10.2009 16:31:59)

Абортусот е право на личен избор јас не би направила ако нема некои медицински индикации за тоа




elle -> RE: Абортус - да или не? (5.10.2009 16:54:21)

Абортусот никако не смее да се забране со закон. Ако некоја жена одлучила да абортира таа ке го направи тоа на нелегален начин што може да биде уште по фатално за нејзиниот живот и здравје.Бременоста можеби нема да ни се случи баш тогаш кога ние сакаме.На некои парови им се случува непланирано, а некои долго се обидуваат да забременат.се на се бременоста не зависи од нас кога господ ке ти подари таков дар одлучи се дали ке го прифатиш.





kiki_riki -> RE: Абортус - да или не? (5.10.2009 21:24:33)

јас лично бременоста ја сметам за дар од бога, и сум против абортус, ако за тоа нема ептен јака причина, но и мислам дека не смеат со закон да го забранат правото на избор, а за средината не треба да се замараме сепак секој живее за себе. Мајка на една моја другарка велеше: на ќерка ми не и посакувам да биде самохрана мајка, меѓутоа ако дојде во ситуација да остане бремена а партнерот не сака да ја подели одговорноста тогаш сум за тоа да роди, детето ќе биде мое внуче и ништо не ми значи фактот дека нема да пишува име на таткото во изводот, сепак татко е многу повеќе




mami -> RE: Абортус - да или не? (6.10.2009 11:14:10)

по којзнае кој пат ке си кажам- дефинитвно против...




big_mama817 -> RE: Абортус - да или не? (6.10.2009 11:30:22)

јас сум за абортус иако знам дека многу од вас нема да се сложат со оваа мое мислење сепак мислам дека абортусот е право на избор на секоја жена




ripce -> RE: Абортус - да или не? (31.10.2009 8:24:06)

ме тангира моментот затоа што некој се мачи со години и години да има бебе и неможе а некоја го направила по грешка и го убива(мене тоа ми е убиство на човечки живот) подобро да го роди па ако не го сака, и нема услови да го чува нека го даде на посвојување- ке усреќи некој кој ја нема нејзината среќа


целосно ја подржувам мами! и јас сум за абортус само од медицински оправдани причини. Подобро бебе во "незгодно време", отколку никогаш бебе




malemale -> RE: Абортус - да или не? (9.11.2009 14:43:37)

Доста тешко прашање а уште потежок одговор за жал [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]Сепак не би се одлучила на абортус без разлика какви и да се условите во кои се наогам.




mother 29 -> RE: Абортус - да или не? (9.11.2009 14:47:12)

 
јас не сум имала  а и не сакам никогаш да ми се случи!скраја било!

имам комшика таа абортираше пред некој месец..ееееј луге мува не ја лазеше, јас повеке ја мислев отколку таа,и ми се чини уште ја мислам!брее




zami -> RE: Абортус - да или не? (9.11.2009 15:59:39)

za / protiv

Jas imam abortirano pred tri godini vo petta nedela.
Sin mi imase Rubeola. Pedijatarot koga ni kaza deka sin mi ima Rubeola slednoto prasanje bese dali imal kontak so nekoja bremena (JAS)
Rubeolata e edinstvena zarazna bolest koja vlijae vrz plodot ili potocno na negoviot nerven i mozocen razvoj.
Dvajca ginekolozi mi kazaa deka nema nikakvi problemi i deka bez griza moam da rodam.
Majkami koja e med.sestra i gi znaese opasnostite od prviot den, ne sakase da rtizikuva i da mi kaze deka sum prelezala ili ne.
Me pratija na ispituvawe na klinika ( za dali imam prelezano Rubeola) i tamu mi vikaat rezultati po dve nedeli.( a jas vo petta nedela)
I jas utredenta torbiceto i na klinika.
Doktorkata na klinika sto me primi prvo me iskara zosto sakam da abortiram, ama koga i ja kazav pricinata bese A e pa dobro togas.
Pred da abortiram bese edna nedela ni na nebo ni na zemja, dusa nemav vo mene, a posle abortusot, mi padna kamen od dusata.
Ne zalam, iako po malku pocnuvam da se somnevam vo posledicite.




biljana16 -> RE: Абортус - да или не? (9.11.2009 21:23:58)

Jas sum definitivno protiv.
Dodeka bev studentka imav edna dolga vrska. Ednas  mi kasnese 2 dena i celata se ispaniciv. Mu kazav na xxxxx  i toj mi rece ako si bremena sekako ke abortiras. Mene toa mnogu me povredi no sepak bev odlucena da go poslusam. Za sreka ne bev bremena i posle toa so saati pocnav da razmisluvam na ovaa tema. Posle nekolku godini se omaziv  i dolgo vreme ne mozevme da imame dete. Togas mnogu se pokajav sto taka sum razmisluvala. Sega konecno sum bremena. Zatoa sega smetam deka abortusot e ubistvo i deka ako nema nekoja poseriozna pricina  (zdravstvena) ne smee da  abortira. Pozdrav do site.




Палешка РР -> RE: Абортус - да или не? (27.11.2009 16:04:59)

Абортус - НЕ!

Абортусот е најпопуларна метода за прекин на несакана бременост меѓу Македонките. Наместо да побараат контрацептивни средства или на друг начин да се заштитат од непланирана бременост, девојките и жените во земјава забременуваат, па потоа бараат начин да ја сменат таквата состојба.

Податоците од Републичкиот завод за здравствена заштита покажуваат дека во 2005 година се регистрирани вкупно 6.436 абортуси, што претставува 28,3 абортуси на 100 породувања. Бројката за прекини на бременост минатата година е речиси приближна, но точните статистики се уште не се готови. Од РЗЗЗ велат дека во 2005 година во советувалиштата за планирање на семејство се издадени вкупно 12.286 контрацептивни средства, од кои 56 отсто се за орална контрацепција, а 28 проценти се други локални средства.
Она што загрижува е дека само 9,9 отсто од вкупно регистрираните први посети на гинеколог се од девојчиња на возраст до 19 години. Тоа значи дека жените над оваа возраст на гинеколог одат дури кога ќе имаат некаков проблем или дури откако ќе забременат.
Некористењето на услугите за планирање на семејството во рамките на диспанзерите за жени на адолесцентната популација укажува на фактот дека за оваа популација ваквите сервиси се недоволно атрактивни или несоодветни за користење.
Во 2005 година, објаснуваат од РЗЗЗ, стапката на смртност на мајки - родилки изнесува 13,3 на 100.000 живородени.
Во Македонија годишно се извршуваат околу 30.000 абортуси. Точната бројка, велат лекарите, не се знае, зашто само една третина од нив се вршат во легални медицински установи. Особено се алармантни бројките на абортуси во внатрешноста на земјава. Статистичарите предупредуваат дека ако продолжи таквиот тренд, за 10 години дури 90 отсто од жените ќе имаат сериозни здравствени проблеми како последица на абортусот.

Јавна тајна е дека најголем број од девојките, сакајќи да ја скријат својата несакана бременост, одат во приватни и нерегистрирани амбуланти. Во нив операциите на „чистење“ најчесто ги вршат нестручни лица и можни се компликации. Не се ретки случаите што завршуваат фатално или, во подобрата варијанта, животот на пациентката се спасува со нејзино итно префрлање во медицинска установа.

Во Центарот за хумана репродукција потврдуваат дека се намалува општата бројка на извршени абортуси, но наспроти тоа, расте процентот на млади девојки под 18 години што се решаваат на овој чекор. За половина година на Клиниката за гинекологија абортирале повеќе од 300 жени, од кои една третина се помлади од 18 години, а другите се меѓу 30 и 35 години.

- Бременоста се пресметува во недели и оваа операција е дозволена до десеттата недела. Пациентките со наполнети 16 години потпишуваат изјава дека самите сакаат да ја прекинат бременоста, но мора да донесат и согласност од нивните родители. Во последните две години е се поголем бројот на адолесцентки кои се решаваат насилно да ја прекинат бременоста - вели Слободан Здравевски, приватен гинеколог од Скопје. Причина за тоа, според него, се незрелите години, неподготвеноста за брак, за породување и за одгледување на детето. Голем број од нив се уште се ученички во основно или во средно образование. Од Центарот велат дека во сите здравствени установи каде што законски е дозволено да се изведуваат операции за прекин на бременоста се води точна евиденција за операции за прекин на бременоста. Но, во приватните и во нелегалните ординации не постои таква евиденција, зашто пациентките инсистираат на дискреција и на анонимност.

Законот дозволува абортуси само до 10-та недела на бременоста, а од 10-та до 13-та недела абортусот треба да го одбори комисија од интернисти, социолози и гинеколози. За по 13-та недела, жената мора да има силни аргументи, а за тоа решава комисија од втор степен. По овој период абортусот е забранет и се смета за злосторство.

Лекарите, пак, што вршат абортус во немедицинска установа се соочуваат со затворска казна од шест месеци до три години. Сепак, во практиката во подем е бројот на жени што абортираат во приватните гинеколошки ординации, не мислејќи на своето здравје, туку на забелешките на соседите. Бројките на абортуси во помалите гратчиња во земјава се особено алармантни, како и последиците од нестручно изведен абортус.




Еца -> RE: Абортус - да или не? (30.11.2009 1:29:09)

Во прилог едно прекрасно видео кое би требало секоја жена, маж да го погледнат. Без разлика на се треба многуубаво да се размисли пред да се реши една жена на абортус.

Видеото го покажува развојот на бебето во стомакот.
Можете да погледнете дека бебињата во стомакот се живи суштества.

КЛИК





Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>