arh_diz -> RE: Абортус - да или не? (7.12.2009 19:10:15)
|
Да разграничиме уште на старт, овој пат ќе се задржиме на свесното прекинување на бременоста и последиците кои може да се јават во процесот. И обичната рана, доколку дозволиме да се инфицира, може да на донесе компликации. Така и абортусот е медицинска интервенција, која сама по себе носи одреден ризик. Фактори кои ги зголемуваат шансите за компликации: Староста на жената, здравствената состојба на пациентот, во кој стадиум е бременоста, техниката на зафатот, стручноста на гинекологот... Рани компликации: Инфекции- висока температура, болки во стомакот и појава на непријатен мирис на вагиналниот секрет. Ако не се излечи, инфекцијата може да предизвика сериозни заболувања, стерилитет, сепса и смрт. Долготрајното крварење - прекумерното крварење може да биде знак на заостанато ткиво, перфорација или неможност матката да се собере. Доколку забележите сериозно крварење известете го докторот. Заостанато ткиво - лекар кој го изведува абортусот не може да ја види внатрешноста на матката, па може да се случи во матката да остане извесна количина на ткиво од плодот. Значи заостанатото ткиво е силно крварење кое може да трае повеќе од две недели, исфрлање на парчиња од згрутчена крв, грчеви или можни знаци на бременост. Понекогаш се даваат лекови кои предизвикуваат контракции на мускулите на матката и го исфрлаат остатокот од ткивото. Компликација од Анестезија - локалната анестезија може да предизвика зуење во ушите, пецкање на дланката и стапалата, и се чувствуваат празнини во главата. Сериозни алергиски реакции се ретки. После будењето, после општата анестезија, често се јавува малаксаност, тешкотии и дезориентација. Неуспешен абортус (продолжување на бременост) - многу ретко се случува абортусот да биде неуспешен, односно жената да продолжи со бременоста. Привремениот прекин на бременоста се случува во ситуации кога плодот е целосно неотстранет, или не е утврдено дека постои вонматерична бременост. Доцни компликации: Најчесто настануваат после еден месец од бременоста, па дури и покасно во животот. Се работи за стерилитет кај жената, пореметување на менструалниот циклус, доколку жената со негативен Rh фактор не примила заштита после абортусот, станува Rh сензибилна.
|
|
|
|