princessa -> RE: Слабеење (25.2.2014 10:50:57)
|
Најновото научно истражувања донесе неверојатни вести. Можете да ги намалите килограмите изграјќи го легендарниот Тетрис. Вистинскиот класик меѓу игрите - тетрис, кој настана во далечната 1984 година, може да ви помогне не само при симнување на вишокот килограми, туку и во текот на процесот на одвикнувањето од пушење и конзумирање алкохолни пијалоци. Научниците тврдат дека е доволно само три минути дневно да се помине во играње на Тетрис за да може мозокот некое време да „заборави“ на грицките, цигарите или алкохолот. А во пракса тоа изгледа така што во текот на сложувањето на тетрис формата, мозокот ја губи врската со визуализацијата на храна и пороците од кои лицето сака да се ослободи. Сето ова е потврдено при изведувањето експеримент врз испитаниците, во состав на истражувањето спроведено на Универзитетот Плимут. Половина од испитаниците ја добиле играта и веднаш почнале да играат, додека другата половина чекале подолго време играта да се вчита. Овие првите, кои веднаш почнале да играат, почувствувале 24 отсто помала желба за пороците, за разлика од оние другите испитаници. - Желбата за нешто, обично трае неколку минути. Доколку во тие неколку минути мозокот го занимаваме со Тетрис, желбата се намалува. Но, доколку мозокот мисли само за објектот на желбата, таа, секако се зголемува и се потешко може да се одолее на тоа што мозокот го визуализира, тврди професорот Андраде.
|
|
|
|