Julie1 -> RE: слабеење (9.4.2009 23:31:56)
|
Еве еден добар текст објавен од wellnessmk na MKD-RSS: Зошто се дебелееме? Ова се најчестите случаи во кои многумина се пронаоѓаат себеси: - Внесуваме премногу калории преку висококалорична храна што содржи премногу масти и токсини(пестициди, адитиви, конзерванси);
- Не ги внесуваме сите неопходни витални хранливи материи;
- Тоа доведува до неурамнотежена исхрана = премногу калории + недостиг од неопходни хранливи материи;
- Недостигот од витални нутриенти телото го „чита" како глад. ПОСЛЕДИЦА: метаболизмот се забавува, телото складира енергија во масните ткива и жртвува мускулно ткиво, а апетитот расте;
- Јадеме сè повеќе и добиваме вишок масни наслаги.
ТОГАШ ПОЧНУВАМЕ ДИЕТА! [image]http://www.wellnessmk.com/images/stories/wellness/dieta_krug.gif[/image] Ќе ослабеме и потоа пак ќе ги вратиме килограмите. Како резултат на овој т.н. „јо-јо" ефект, расте индексот на телесна маса (в. слајд бр. 3), доаѓа до сè поизразено нарушување на телесната композиција (соодносот меѓу масното и мускулното ткиво во телото, в. слајд бр.3) и на целокупната рамнотежа во организмот. Препознајте се во следниот круг на ситуации: КОНСТАТИРАМЕ ДЕКА СМЕ СЕ ЗДЕБЕЛИЛЕ ПОЧНУВАМЕ ДИЕТА: прескокнуваме оброци, не вечераме, држиме „монодиета", итн. УШТЕ ПОВЕЌЕ СЕ ЗГОЛЕМУВА НЕДОСТИГОТ ОД ХРАНЛИВИ МАТЕРИИ – губиме килограми, но стануваме нервозни, нерасположени СЕ ЈАВУВА ПРВИН „МАЛА", А ПОТОА И „ГОЛЕМА" ГЛАД – појава на замор и стрес „Е, НЕ МОЖАМ ПОВЕЌЕ!ДОСТА БЕШЕ,СЕ ОТКАЖУВАМ!" ПОЧНУВАМЕ ПОВЕЌЕ ДА ЈАДЕМЕ И КИЛОГРАМИТЕ ПОЧНУВААТ ДА СЕ ВРАЌААТ („ЈО-ЈО") Поради современиот начин на исхрана и животните навики, со годините ни станува сè потешко повторно да се решиме на нова диета, зашто сме веќе свесни: сега килограмите сè потешко се симнуваат, а сè полесно се враќаат. Оваа појава е особено изразена во средните години (со настапувањето на менопаузата кај жените и андропаузата кај мажите), и голем е бројот на луѓето кои, кога ќе навлезат во ова животно доба, веќе никогаш не успеваат да ја достигнат својата идеална телесна тежина.
|
|
|
|