Еца -> RE: Советувања за бремени жени (9.1.2010 17:31:36)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica Баш зборував со една идна мајка и ме праша дали знам нешто за предавања во државна болница.Јас моментално не сум во тек па некој ако има сознанија нека сподели ве молам!!! ИЗВОРНА ПОРАКА: ripce Јас посетував, вакви предавања кои се организираат кај нас во здравствен дом... тоа се 3-4 часа и на секој од часовите си има одредено за што ќе се зборува. интересни се предавањата, не кажуваат ништо ново, најголем дел од тоа трудниците го знаат... каква е анатомијата на женските органи, каде е сместен плодот, кои се фазите на породување, имаше исто такви големи топки за вежбање на трудниците (на кои ние за жал не вежбавме, со објаснување дека е мала просторијата во која се одржуваат предавањата ) , ни го покажаа начинот на вдижување-изсишување кои треба да се практикува за време на породувањето... тој час кога зборувавме за фазите на породување ми беше најинтересен зашто имаше и макети и сликовито можевме да видиме како всушност излегува плодот... повеќето трудници кои ги посетуваат ваквите предавања очекуваат дека предавањата ќе и го олеснат породувањето, нормално и јас истото го очекував, ама мора да бидам искрена и да признаам дека не ми помогна многу при породувањето... немојте да ме сфатите дека имам нешто против предавањата... мој совет е да ги сфатите како релаксација, време и простор за дружење со личности кои се наоѓаат во иста ситуација како и вас, можност да научите нешто што дотогаш можеби сте го пропуштиле, зашто верувам дека најголем дел од информациите трудниците ги веќе прочитале дали од книги,интернет или од некое стручно лице.
|
|
|
|