vezilka RR -> RE: Советувања за бремени жени (19.10.2010 0:14:24)
|
Епа нашиве не се толку обемни де [sm=smiley36.gif] Се во некоја скратена форма. Се состојат од 5 часа. Обработуваат неколку теми..Положба на бебето во стомакот, што ти треба за во болница, прво, второ и трето родилно време, матични клетки, техники на дишење при породување, час посветен на бебето, односно хранење и бањање и разговор со анестезиолог и педијатар. Мислам дека тоа беше од прилика. Ние до сега поминавме два часа, ни останаа уште три.
|
|
|
|