Еца -> RE: Габични инфекции (25.12.2009 21:18:25)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца Полово пренослива болест, предизвикана од Ureaplasma urealyticum и Mycoplasma Hominis, - Тоа се транзиторни микроби на урогениталната слузокожа кај сексуално активни лица - При поволни услови опортунистичките микроби предизвикуваат инфекција на бартолиниевите жлезди, вагината, грлото на матката, јајцеводите, мочниот канал кај жени и мажи и , простатата и епидидимусот. - Се пренесува преку сексуални активности, посебно при повторни сексуални односи со инфицирани партнери, - Голем број на партнери го зголемува ризикот за инфекцијата - Бремена жена може да ја пренесе инфекцијата на новороденчето за време на раѓањето преку родилните патишта Манифестација кај жени: најчесто не дава никакви симптоми, а доведува до воспаление на вагината, цервиксот-грлото на матката, може да се прошири и да доведе и до пелвична инфламаторно заболување, кое се манифестира со воспаление на матката и јајчниците. Симптомите се слични како и при кламидија инфекција. Кај мажи: Најчесто се манифестира при уретрит-воспаление на мочната цевка, со: печење или свраб во мочниот канал со слузав ретко гнојав, беличаст или жолтеникав исцедок од пенисот, кој најчесто се јавува само наутро во вид на една капка. Покрај тоа може да доведе и до воспаление на простатата, како и на епидидимусот. Тие ( предизвикувачите ) имаат способност да се прикачат на сперматозидите поради што овие ја губат својата подвижност и виталност, што преставува причина за намалена можност за оплодување на јајце клетката-забременување. Покрај неопходниот лекарски преглед ( кај уролог т.е гинеколог ) постојат одредени лабараториски анализи со кои може да се утврди дијагнозата, и тоа: - примерок од секретот од инфицираните органи (цервикс, вагина, мочен канал ), со што директно се докажува кламидијата. - Друг тест е преку примерок од урина ( кој се применува кога постои воспаление на простатата и пореметувања во спермата ) - Преку серолошка метода ( се зема венска крв, во која се докажуваат антителата). Кај маж, нелекуваната може да даде воспаление на тестисите и нивните канали што би довело и до стерилитет. Не се поштедени ни простатата нити мочниот канал. Кај жени, нелекувана предизвикува Карлична воспалителна болест ( Pelvic inflammatory disease ) што не секогаш дава симптоми, или може да биде многу тешка со треска, висока температура, стомачна болка, а ги зафаќа внатрешните генитални органи и води до стерилитет или вонматерична бременост, спонтан абортус,смрт на плодот, мртвородено. - Се лекува со антибиотици 1 до 2 недели, исто како и при кламидија инфекција - Двата партнера треба да се лекуваат иако едниот или двајцата немаат никакви симптоми, во спротивно постои можност за повторна инфекција. - Додека трае лекувањето двата партнера треба да апстинираат или да користат кондом. Единствен начин да се спречи е - Користење кондом при секој сексуален однос - Ограничување на бројот на сексуални партнери - Сексуална апстиненција - Лекување на двата партнера ( доколку постои инфекција ) ИЗВОРНА ПОРАКА: karla Elena kako sto vekje mnogu dobro si opisala gore, se raboti za dve sosema razlicni infekcii, kolku sto jas imam slusnato, so isto poteklo no napagjaar razlicna regija. Jas na pr. ureaplazmata ja imav dobieno (kako sto mi objasni dr) preku urinarnite kanali, bidejki dolgo vreme imam problem so cistit na istite, no za zal dosega ne mi bila otkriena bidejki na obicna proverka na urinokultura ne javuva tuku samo preku mikrobioloski bris. okolu mikoplazmata ne sum mnogu zapoznaena no znam deka e nesto pokomplicirana infekcija od ureaplazmata a clamidijata e na najvisoko mesto po shtetnost na plodot i reproduktivnite organi voopsto.
|
|
|
|