|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Вакцинирање на детето
2.11.2009 22:06:42   
mami
уште од самиопт почеток кога се појави грипот ми изгледаше на опасна измишљотина која некоја фармацевтска куќа си ја користи за свои потреби и за сметка на многу животи низ целиот свет, и затоа велам- Не, нема да го вакцинирам, зошто никој не ми гарантира дека после таа инекција детето ке ми остане нормално или дека таа вакцина ке го заштити од грипот...

(Одговор на членот kapsarovb)
Непосредна врска до пораките: 126
   RE: Вакцинирање на детето
3.11.2009 10:31:28   
niki
ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

уште од самиопт почеток кога се појави грипот ми изгледаше на опасна измишљотина која некоја фармацевтска куќа си ја користи за свои потреби и за сметка на многу животи низ целиот свет, и затоа велам- Не, нема да го вакцинирам, зошто никој не ми гарантира дека после таа инекција детето ке ми остане нормално или дека таа вакцина ке го заштити од грипот...



Се сложувам со ова и не само што ми изгледа туку верувам дека е така, но невакцинирањето не не заштитува од грипот, ниту од алчноста на  големите фармацевтски куќи. Тие ги држат картите во раце. Ако вирусот е пуштен од лабараторија, за да си ги исполнат своите цели лесно може да го испуштат од контрола и соочени со опасноста од заболување да не натераат да се вакцинираме. Да бидеш паметен, никако неможеш и колку повеќе читаш и се информираш се повеќе збунет излегуваш. И иако сум неверник, ќе се повикам на онаа реченица: „Господ нека ни е на помош“ бидејќи веќе никој ништо не ти гарантира.

Овде мене уште никој не ме повикал да ја вакцинирам ќерка ми и веројатно нема да го направиме тоа сеуште, но мм работи на аеродром и доаѓа во контакт со луѓе од целиот свет, дека нема да се зарази од грипов, нема гаранција. Летоска беше хоспитализиран еден кој слета на аеродромот и сите во паника што биле во контакт со него отидоа да примат тамифлу, безбеден или не, со ризици или без, кога си во опасност гледаш да се спасиш.


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 127
   RE: Вакцинирање на детето
3.11.2009 12:17:59   
oli_naum
Zdravo na site ova mi e prv pat kade pisuvam vo forumite na ringeraja. Imam 28 godini i sum vo 20 ta nedela. site ovie informacii vo odnos na vakcinite za svinskiot grip me uzasnuvaat. jas  navistina ne znam sto  ke se pravi. Dali trudnicite se bezbedni, dali decata se bezbedni ne znam. Sega za sega ne sum potpolno ubedena deka vakcinite se dobri za da ja primam, a navistina sum zagrizena za sostojbata. Samo da se nadevame deka nema tolku mnogu da se rashiri kaj nas zatoa sto ni vakcina ni lekovi ne ke ne spasat so nasava sostojba vo zdravstvoto. pozdrav do site pa ke kontaktirame.user posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 128
   RE: Вакцинирање на детето
3.11.2009 12:20:03   
profesorica
ИЗВОРНА ПОРАКА: oli_naum
Samo da se nadevame deka nema tolku mnogu da se rashiri kaj nas zatoa sto ni vakcina ni lekovi ne ke ne spasat so nasava sostojba vo zdravstvoto.


потпис!!!


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот oli_naum)
Непосредна врска до пораките: 129
   RE: Вакцинирање на детето
5.11.2009 12:18:03   
mother 29
ПОСЛЕДНО 51 ЗАПОЛЕНИ ОД ВИРУСОТ.ПОСЛЕДНО СКОПЈАНКА КОЈА НЕМАЛА ДОПИР СО СТРАНСТВО?!user posted image

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 130
   RE: Вакцинирање на детето
5.11.2009 12:20:27   
Еца
Добро  луѓе ајде смирете се малку, па и од обичниот грип се умира.Се работи за грип. Нема потреба од паника. Мислам ништо не се постигнува со неа. А колку што слушам нашето здрасрво е подготвено да се справи со овој грип.user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 131
   RE: Вакцинирање на детето
6.11.2009 12:45:32   
BEBICA
Vakcinata protiv svinskiot grip sodrzi 2 mnogu opasni sostojci-ednata od niv se vika thimerosol. Vo negoviot sostav e 50% ziva. Thimerosol se vrzuva za receptorite vo mozokot, i predizvikuva ostetuvanje na mozokot.

Vtorata opasna sostojka se vika skualene.
Skualene go zalaziva vasiot imuno-sistem za da pocne da gi ubiva vasite kelii, i koj sozdava avto-imuni bolesti kako sto se astma, multipla scelerosis,dijabetes i mnogu drugi.

Apropo na ova: Navedenite sostojki se naogaat vo SEKOJA vakcina poradi toa sto tie se konzervans na vakcinata.


Od druga strana:Vakcinata protiv sezonskiot grip vo sebe sodrzi H1N1, a vakcinata protiv svinskiot grip sodrzi AH1N1.
Ova momentalno go doznav i odma da go prevedam.Ova se doverlivi podatoci zatoa ne smeam da go kazam izvorot.


_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 132
   RE: Вакцинирање на детето
6.11.2009 18:33:48   
Јаре

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

Сигурен дека нема да биде дел од малиот процент не е никој, никој нема да ти даде гаранција ни дека ако не прими  вакцина нема да заболи од некоја болест која се поврзува со вакцините.
Нема сигурност, ко што рече мис погоре некаде, ни останува само интуиција, јас ќе додадам и среќа.
Меч со две острици е ова, буквално и кој год избор да се донесе секогаш ќе те копка и ќе постои доза на несигурност. Од иднината (каква год да е) неможеме да се заштитиме, ни да ја избегнеме.


Да се избегне/одбие, може со изјава.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 133
   RE: Вакцинирање на детето
6.11.2009 18:37:10   
Јаре

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

И доброо, ни посочи Јаре литература да читаме, ќе се информираме, ќе се изначитаме и ќе си го промениме мислењето и ќе речеме не нечинат вакцините, нема да ги примаат нашите деца. И тогаш што? Кој ќе  биде следниот чекор, што со тоа што ќе ги заштитиме децата од штетните материи во вакцините? Кој е планот за понатаму? Кое испитување ќе потврди , во моментот кога децата, сите деца ќе престанат да се вакцинираат, дека нема да се вратат сите тие болести и нема да хараат околу и нема пак да умираат деца од нив, како што умираат сеуште по Африка, ко што умирале низ целиот свет додека не постоеле вакцините и ко што умираат сега од болести за кои сеуште нема вакцина?


Присетисе на времето кога се даваше 6ка пеницилин во газ. То би бил одговрот на твоето што, ако го промениш мислењето.
Сите работи во животот еволуриаат, најспоро свеста, но сепак еволуира.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 134
   RE: Вакцинирање на детето
6.11.2009 18:39:27   
Јаре

ИЗВОРНА ПОРАКА: big_mama817

јас ја примив последната доза за ХПВ и немав никакви несакани реакции бар до сега и послем тоа кога бев на преглед се беше уредно (значи да појасна нели 3 дози бесплатно примаа лица до 26 год. мислам лани бидејќи и јас нели бев во таа група на кој се однесуваше бев и ја примив )


Несаканите последици не се само температура, чешкање или црвенило на местото. Тоа се само примарни ракции. Е сеа секундарните..... здравје!

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 135
   RE: Вакцинирање на детето
6.11.2009 18:49:04   
Mila na mama
Јаре,
Се надевам дека ја прочита пп што ти ја испратив и ќе ме удостоиш со одговор независно дали е позитивен или негативен.
поз

_____________________________

love u all

(Одговор на членот Јаре)
Непосредна врска до пораките: 136
   RE: Вакцинирање на детето
6.11.2009 19:31:15   
Еца
Јас донесов одлука, нема да ги вакцинирам моите две деца, ќе потпишам изјава дека одбивам и нема што да се објаснувам зошто. Мислам дека причините се и повеќе од јасни.user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 137
   RE: Вакцинирање на детето
6.11.2009 21:26:55   
mis.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

Јас донесов одлука, нема да ги вакцинирам моите две деца, ќе потпишам изјава дека одбивам и нема што да се објаснувам зошто. Мислам дека причините се и повеќе од јасни.user posted image

Да не се повторувам ја подржувам еца во постапката и размислувањето.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 138
   RE: Вакцинирање на детето
17.11.2009 16:28:48   
mis.
Денеска Стефан ја прими вакцината на 1 год.т.е на 13 месеци за сипаници и заушки.Ми кажаа дека реакција со температура да очекувам после 7-10 дена.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 139
   RE: Вакцинирање на детето
23.11.2009 20:37:58   
Sara
Ние со првите две вакцини поминавме супер, т.е. тие што се даваат на 1 и 2 навршен месец, сега ми закажаа на точно 3 месеци и 10 дена но претходно да провериме крвна слика, ме плаши малце бидејќи сите викаат од оваа вакцина се качува температура, како поминавте вие и како да се заштитиме??, купивме сирупче ефералгам имаме топломер, спремни сме, за не дај боже.

(Одговор на членот bordan)
Непосредна врска до пораките: 140
   RE: Вакцинирање на детето
24.11.2009 11:07:53   
Mammy
Сара,
Син ми вчера ја прими таа вакцина. Го боцнаа во рачето за ДТП и со лажичка против детска парализа. Тој има 3 месеци и 15 дена.
Синоќа качи малку температура. Не ја мерев постојано, и му дадовме сирупче Далерон 2,5 мл.
Денеска е пак топол ама температурата е 37. Малку е ќенкав и не сака баш да спие, а се гледа дека му се спие. На местото на убодот од вакцината му ставам облоги од Acidi Borici, и му држи ладничко. Инаку вчера го болеше рачето. Ништо не е страшно само многу е жален.

_____________________________

Me, Myself and You..and our Baby too...

(Одговор на членот Sara)
Непосредна врска до пораките: 141
   RE: Вакцинирање на детето
24.11.2009 12:52:27   
Sara
Of lele zalen e...toa e najbolno,ama ajde ke izdrzime,nie sme na vakcina sredina na dekemvri pa ke vi kazam kako sme pominale.

(Одговор на членот Mammy)
Непосредна врска до пораките: 142
   RE: Вакцинирање на детето
24.11.2009 12:59:30   
mami
ние сме утре...ми е страв..голем е веќе и сигурно нема да сака да седи миренuser posted image user posted image

(Одговор на членот Sara)
Непосредна врска до пораките: 143
   RE: Вакцинирање на детето
24.11.2009 13:01:56   
profesorica
ние сме на на 22ри декември, на 18 месеци.мојов болницата у вис ќе ја крене.вчера му зимаа крв колку плачеше а камоли за вакцина.тешко нас.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 144
   RE: Вакцинирање на детето
24.11.2009 13:13:43   
mother 29
ние ги поминавме тие,сега сме" слободни" од вакцини до 4 год.кога е наредната!user posted image

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 145
   RE: Вакцинирање на детето
24.11.2009 13:14:06   
mami
а за крв несакам ни да зборам, иако досега седел мирен, сепак ми е страв, ама мора да ја провериме, само не утре, следната недела

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 146
   RE: Вакцинирање на детето
25.11.2009 12:30:26   
mami
ништо од вакцината, вчера му се затна носот, па цела ноќ хрчкаше...сабајле наместо на вакцина ние пак кај матичната, а во средата го добивме сирупот, и за да не му дава пак антибиотик, не прати во Пролеќе на брисеви, да види зошто на секои две недели му се повторува настинката

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 147
   RE: Вакцинирање на детето
30.11.2009 20:40:18   
topce
и конечно ги дознавме реакцијата на МРП вакцината.
да ти е...................м и  вакцина и доктори. дете 2 дена со
40 температура ми изгоре и тоа не само ние туку 3 дечиња што ги знам
исто таква реакција имале . Човек од памет да се извади.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 148
   RE: Вакцинирање на детето
2.12.2009 12:08:06   
darija
kerka mi vcera primi prva doza o di-te-per dobro pominavme malku sme placlivi ama na sovetuvaliste mi rekoa vednas da i dadam daleron sirup iako ne go saka morase da pieuser posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 149
   RE: Вакцинирање на детето
2.12.2009 23:59:53   
garfild
Реакцијата од Ди те пер е мах. 3 дена,така да колку и да е страшно се издржува.Ние имавме температура 37,8,стававме облоги,пиевме сируп Парацетамол,и многу бевме кенкави и плачливи за првата доза.За наредните две дози бевме само млитави,немавме црвенила на местата.

(Одговор на членот darija)
Непосредна врска до пораките: 150
Страница:   <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?